Колумната на Венко Андоновски

Статус
Затворена за нови мислења.
M

Moon Child

Гостин
:D:D Баш затоа што имам прочитано, сум на негова страна, оти знам дека доколку не бил згрозен од настапот на месарот, немало да напише колумна во која ќе ги деградира месарите, продавачите, тетовираните, нискообразованите и слично. Всушност, тој ни во оваа колумна не го прави тоа, едноставно зборува за еден типичен младич кој е крајно непрофесионален, а тука сите го бранат и плукаат по Венко!
Жити се? Згрозен? Месарот со ножот му налетал да го заколи па за овој да го плука во колумни?
Непрофесионалност постои насекаде околу нас, и тоа далеку по бетер од онаа на месарот, незнам зошто баш за него се фатил... Ништо не постигна, само изгуби на кредибилитет кај читателите.
 

Флојдерка

Together we stand, Divided we fall..
Член од
7 април 2012
Мислења
336
Поени од реакции
340
Жити се? Згрозен? Месарот со ножот му налетал да го заколи па за овој да го плука во колумни?
Непрофесионалност постои насекаде околу нас, и тоа далеку по бетер од онаа на месарот, незнам зошто баш за него се фатил... Ништо не постигна, само изгуби на кредибилитет кај читателите.
Па да, човекот многу јасно има напишано дека се згрозил, јас пренесувам тоа што читам. За него се фатил, затоа што претходно месарчето се фатило за разговор со Венко кој воопшто не бил расположен да трачари за некоја си муштеривка.
А, месарот кој толку го браните, веројатно нема ни да ја прочита колумната, ќе продолжи да биде непрофесионален, и кој знае, можеби некој ден и вас ќе ве услужи. ;)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.013
Поени од реакции
34.418
А зошто ти мислиш дека една колумна напишана со навредлив и потценувачки тон е добра услуга?
Да, никој не ме тера да ја читам, како што ни Венко никој не го тера да купува од истиот дуќан салама.
Колумната не ја гледам како сервис/услуга туку како забава која како додатна цел има да обрне внимане на одредени (негативни) појави во нашево секојдневие.

Тоа и различноста на двете работи (салама vs колумна), ги прави истите релативно неблагодарни за споредување.


П.С. Премногу го анал-изираме (глупиот) пример а скоро ич добрата позадинска забелешка. На крајот на краиштата човекот треба да исполни норма во весникот а добри идеи за колумните не раснат на дрво. :)
 
Член од
13 февруари 2008
Мислења
231
Поени од реакции
160
малце забегал во напор да ја покаже својата сила над сите оние други кои не се во ист општствен статус со него и образование. Ако го оставиме тоа настрана, ароганцијата и непочитувањето спрема потрошувачите кај нас е голема, меѓутоа, начинот на кој тој избрал да го искаже револтот, некако не ми е насочен само кон ''месерот'' и продавачите, туку кон сите кои немаат факултет и слично.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
:D:D Баш затоа што имам прочитано, сум на негова страна, оти знам дека доколку не бил згрозен од настапот на месарот, немало да напише колумна во која ќе ги деградира месарите, продавачите, тетовираните, нискообразованите и слично. Всушност, тој ни во оваа колумна не го прави тоа, едноставно зборува за еден типичен младич кој е крајно непрофесионален, а тука сите го бранат и плукаат по Венко!
Во тој случај не си научила ништо. Треба да се сомневаш. Зашто може и на Латас потпишан како Венко да му поверуваш.
Јас (која излегува дека го бранам месарот) го бранам Венко. Исто како што Богомилите го бранеле христијанството и Бога.
--- надополнето: 9 април 2012 во 17:13 ---
Колумната не ја гледам како сервис/услуга туку како забава која како додатна цел има да обрне внимане на одредени (негативни) појави во нашево секојдневие.

Тоа и различноста на двете работи (салама vs колумна), ги прави истите релативно неблагодарни за споредување.


П.С. Премногу го анал-изираме (глупиот) пример а скоро ич добрата позадинска забелешка. На крајот на краиштата човекот треба да исполни норма во весникот а добри идеи за колумните не раснат на дрво. :)
Производ е колумната, така? И што менува тоа?
Тонот е потценувачки и речникот не е на ниво на Венко Андоновски. Целта не знаеме што му е. Веројатно да го види јавното мислење како сите ќе заборавиме на се добро што напишал после една ваква колумна и ќе се фатиме и навраќаме на неа. Јас мислам дек атоа му е целта.
Или немал цел. Имал лош ден. Веројатно како и месарот и госпоѓата.

И за мене исполнување простор во весник е разгологазена старлета или џетсетерка. Колумната на Венко никако не ја сметам за „изполнување норма“ како да работи у шивална.

Дека човекот се потроши, да. Колумните му се далеку под оние што ги пишуваше во Утрински.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.013
Поени од реакции
34.418
Пишување на норма е заебана работа.

Искрено колумната не е ни толку лоша ни толку добра да заслужи оволкава дискусија... но затоа интересна е темата со која се бави самата колумна. Сите премногу ги коментираат примерите од текстот а премалку самата порака.
 
M

Moon Child

Гостин
Па да, човекот многу јасно има напишано дека се згрозил, јас пренесувам тоа што читам. За него се фатил, затоа што претходно месарчето се фатило за разговор со Венко кој воопшто не бил расположен да трачари за некоја си муштеривка.
А, месарот кој толку го браните, веројатно нема ни да ја прочита колумната, ќе продолжи да биде непрофесионален, и кој знае, можеби некој ден и вас ќе ве услужи. ;)
Аха, а да трачари месари по колумни е расположен, така? Лицемерен е, тоа е муабетот.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Ако месарот го замарал Венко и го вовлекол во ,,неговиот конфликт и приказна,, зарем Венко не го замара на сосема истиот начин секој читател на колумната со вовлекување во неговата приказна за месарот и пораките?! Јас не гледам разлика, освен веројатно тоа што внесол поголема драматизација притоа.

И тој, како и месарот, се надева на одобрување, поддршка, сочувство, разбирање или што и да е - што повторно е идентично, единствена разлика е што Венко има услови за побројна публика.

Ова на крајот излегува како потсмевот на покаканиот на помочаниот.
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Целта му беше да се пожали демек има ниска плата, или од ископлексираност се поврзува со бројот на години кои ги посветил на учење? Се кае поради тоа? Не го знам како професор... но по колумнава осеќам дека е искомплексиран намќор полн со предрасуди... Па шо ако е универзитетски професор. Не го држи Господ за муда .... (n)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.080
Поени од реакции
23.532
А саламосечачот може само да сече салами и да мери. Ако ги реди тоа е дополнителна услуга?? Тоа не е негово буниште, си има газда. Ако муштеријата се пожалел на газдата, што тогаш?

За ова брзо и квалитетно ама скапо И бавно ама евтино си ставил таков ценовник на видно место? Да купуваш некоја услуга а да не знаеш колку кошта.
да баш така, него тоа му е работа и не е саламо сечач туку месар. сега ако ти прави тоа тебе пробем тоа е друго.
ако се пожалел се пожалел, ризик.
можеби и газдата некогаш бил работник па знае какви се не идиоти има по светот, како што и јас бев ученик кај некој газда кога печев занает па попримив од газдата.
за другото да имаше баш натпис, ама и да немаше се подразбира.
барем за нормалниот свет, за другите ке научат на потешкиот начин дека ништо во животот не е беспалтно, па ни времето на месарот, или привилегијата да барате дополнителни услуги.
а кажими ти мене каде пиши некаде во месарница дека треба да се наредат. има цени за продуктите во глобала и толку.
а и каде имаш ти видено во ртв сервис ценовник. не е берберница ова, стрижење 100 бричење 70.

Тотално разбирам од каде доаѓа ставот на Владе (од лично искуство).
Се е ОК што напишал ама проблемот со него (и повеќето тука што го бранат саламосечачот) е што заземаат страна и не се обидуваат да ги гледаат работите од двете страни.

Саламосечачот на Венко е само пример на несоодветна услуга. Во примерот на Владе нема несоодветна услува ниту несоодветен однос кон муштеријата, нешто што е двоен случај со саламосечачот. Кога некој бара екстра брза услуга во РТВ сервис, нормално дека истата ќе ја плати повеќе. понатаму односот кон него бил љубезен и фер иако истиот бил надмен куртон кој потоа и повторно се вратил во дуќанот затоа што услугата на крајот на краиштата била квалитетна. Додатно Владе бил сам свој газда и сам го одлучувал нивото на квалитетот на услугата.

Саламосечачот не е сам свој газда и нема право да го одлучува нивото на квалитетот на услугата. Неговиот газда е тој што го одлучува нивото на квалитетот на услугата (во рамки на законот за работни односи). Нерасфрлани парчиња на салама не е додатна услуга и не се плаќа додатно.
вработениот во месарницата нити и се развикал на дотичната госпоѓа, нити и го фрлил месото на земја.туку најкултурно ја пуштил колешката да дозварши со неа. незнам од каде тука несоодвтетна услуга. дека така венко вели.
од каде знаете какви наредби имал од газдата, и дали е воопшто пракса да се редат саламите, и дали имало време за тоа. можеби било гужва.
и од каде заклучи дека за болдираното не е дополнителна услуга и дали треба да се наплати. дека вас така ви одговара??
и што е и што не би било дополнителна услуга во случајот.
ете баш ме интересира според вас што би било и што не би било
дополнителна услуга во една ваква месарница.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Мене ми се чини дека Венко едвај чекал прилика да ги објави своите фрустрации.Очигледно дека човекот не е задоволен од својот материјален статус,мисли дека треба да заработува повеќе и тоа е во ред ама не е во ред што мисли дека месарот нема право да го мисли истото за себе.

Тоа што Венко учел 20,30,50 години нема врска со муабетот,никој со сила не го терал нити па некој го заболе колку време потрошил на учење,негов проблем.Ако сака повеќе пари поарно ќе му биде да не троши време да не убедува дека поради тоа што потрошил X години на учење треба да му се клањаат и да му дадат повеќе пари тие што тоа не го правеле,туку да се обиде да напише некој бестселер.

Муабетов на Венко ме потсеќа на говорот на Љупчо Јордановски кога беше претседател на собранието на Р.М по повод територијалната поделба на Македонија.
Му викаат ова е предавство а он паламуди нешто колку голем патриот бил оти бил одличен ученик,оти учел 20,30,50 години,страшна работа - ако не беше потпишана колумнава и ако беше жив човеков ќе помислев дека он ја напишал,истиот ментален склоп го имаат со Венко.


Инаку дискусиите за тоа кој колкава плата би требало да зема ви се ептен забегани,тоа се муабети за во договорни економии, во пазарни економии пазарот ја одредува висината на платата.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
да баш така, него тоа му е работа и не е саламо сечач туку месар. сега ако ти прави тоа тебе пробем тоа е друго.
ако се пожалел се пожалел, ризик.
можеби и газдата некогаш бил работник па знае какви се не идиоти има по светот, како што и јас бев ученик кај некој газда кога печев занает па попримив од газдата.
за другото да имаше баш натпис, ама и да немаше се подразбира.
барем за нормалниот свет, за другите ке научат на потешкиот начин дека ништо во животот не е беспалтно, па ни времето на месарот, или привилегијата да барате дополнителни услуги.
а кажими ти мене каде пиши некаде во месарница дека треба да се наредат. има цени за продуктите во глобала и толку.
а и каде имаш ти видено во ртв сервис ценовник. не е берберница ова, стрижење 100 бричење 70.
Сечел салами и кашкавали, не е класичен месар во месарница. Се подразбира дека треба да ги нареди, освен што ги сече и мери саламите и да одговори на по некое прашање, пр. какви салами и кашкавали има, или и ова е дополнителна работа? И тоа е се од него што се очекува, не е нешто премногу комплицирано, на касиерките на каса им е многу потешко.

Но мислам дека поентата на Венко му е за непрофесионалноста воопшто, ова со месарот е земен како пример со непрофесионалност секаде се соочуваме, од шалтерски работници, лекари, царинарници, професори итн.

Во твојот пример муштеријата не ја знаел однапред цената на твојата услуга.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
52
Поени од реакции
142
Дали знаете која е разликата помегу дебело сиромашно момче и дебело богато момче?
- Дебелото сиромашно момче го викаат ,,свиња,, а
- Дебелото богато момче го викаат ,,меедо,,
Само за споредба,од погоре искажаното може да се забележи дека г-динот Венко е дебелото богато момче а месарот е дебелото сиромашно момче, а во суштина и двајцата се исти.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.080
Поени од реакции
23.532
Сечел салами и кашкавали, не е класичен месар во месарница. Се подразбира дека треба да ги нареди, освен што ги сече и мери саламите и да одговори на по некое прашање, пр. какви салами и кашкавали има, или и ова е дополнителна работа? И тоа е се од него што се очекува, не е нешто премногу комплицирано, на касиерките на каса им е многу потешко.

Но мислам дека поентата на Венко му е за непрофесионалноста воопшто, ова со месарот е земен како пример со непрофесионалност секаде се соочуваме, од шалтерски работници, лекари, царинарници, професори итн.

Во твојот пример муштеријата не ја знаел однапред цената на твојата услуга.
како можам на некој да му кажам однапред цена кога ни јас не знам што е расипано. ова не е плукни залепи. или како што викаат некој жичка или отпрорник изгорено.
така да во сервис нема цена, барем во ртв сервис, пошто нема ни логика да има. обично прво се проверува па му се кажува на муштеријата колку би го фатило отприлика, ама во случајот пошто му се брзаше и башка преку ред............тоа што сакаше тоа и доби.
инаку во болница и на општиот и на хирургот му викаш докторе нели?? по таа аналогија и на тој што сечи месо ( касап патем речено се вика) и на тој што сечи салама и кашкавал во месарница се вика месар. ете за да не се буниш другпат.
и за месарот како заклучи дека треба да ги нареди. мислам од каде таква идеја. пишува некаде , закон е некој. јас немам забележано, можеби ти каде што пазариш има некоја белешка, можеби и каде што ги носиш телевизорите на сервис има и ценовник. можеби живееме во паралелни светови шознам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom