Колумната на Венко Андоновски

  • Креатор на темата Креатор на темата Mjolnir
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не е крив Венко, што не можете да ја сфатите поентата на неговата колумна па се фаќате за ситниците, тетоважи и да не редиме други работи, колку и да објаснува колку и колумни да пишува вие пак ќе се фаќате за нешто банално, а тоа не е ради тоа што не сте интелигентни, туку немате прочитано книги, барем лектирите да ги прочитате и да ги простудирате со професорите по македонски јазик, ако не за друго барем ќе научите да воочувате поента во даден текст.
Точно така, поентата на неговиот текст е ДРЖАВАТА Е КРИВА... а ситницата е неговииот ГЛАВЕН ИСТОТЕТОВИРАН, НЕВОСПИТАН, НЕОБРАЗУВАН јунак.
 
Секогаш ќе има луѓе кој ќе расудуваат за некој човек врз база на професијата и образованието. Сум чул многу пати како некој со средно му просерава на тој со факултет у стилот. Глеј го има електро факултет а незнае сијалица да смени итн...Јас лично одбегнувам да кажувам што имам завршено и како освен ако ептен некој сака да знае.
 
Точно така, поентата на неговиот текст е ДРЖАВАТА Е КРИВА... а ситницата е неговииот ГЛАВЕН ИСТОТЕТОВИРАН, НЕВОСПИТАН, НЕОБРАЗУВАН јунак.
Добро де, се поистовети со главниот јунак па мора да капслокираш до смрт?
 
Го фативме Венко како забушава со претпоследната колумна(ја напишал без да размислува и веројатно го пробил рокот за доставување колумна) па во последнава дава какво-такво објаснување :-) Нема оправдување за таа колумна едноставно истата е БЕЗ ВРСКА. Венко уживај ти си добар писател само посвети се малку повеќе на колумните или воопшто не ги пишувај, пишувај си книги.
 
Точно така, поентата на неговиот текст е ДРЖАВАТА Е КРИВА... а ситницата е неговииот ГЛАВЕН ИСТОТЕТОВИРАН, НЕВОСПИТАН, НЕОБРАЗУВАН јунак.
Не туку неговата поента е ако сакаш 40.000 плата не треба да кукаш и да чекаш некој да ти ја даде туку да се избориш. Е сега додека си на тој пат, нормално државата сака повеќе за неа а помалку за тебе и те кочи во тој процес на разно разни начини, меѓу што е и кукањето кое ти го наметнува, а ти несвесно го прифаќаш и тоа дека училиштето не е место каде треба времето да ти помине до 18 години и после да не си писмен.
А неговата најголема поента е што сме го изгубиле вредносниот систем од комунизамот, каде ако не за друго секој кој ќе испаднел од средно бил доволно писмен, за разлика од денес каде со средно не знаат да читаат и во тоа време секој знаел каде му е неговото место во општеството според она што го постигнал во образованието, па немало да се случуваат вакви работи, некој што работи во Маркет и сече салами да зема поголема плата од универзитетски професор кој цел живот го поминал над книгата и во промоција на науката и културата за својата земја. Не дека некој кој нема факултет не може да направи пари и да биде газда, ама таквите не кукаат и чекаат некој да им даде 40.000 плата туку ако не се задоволни од тоа што го имаат бараат нешто што мислат дека им прилега на нив.
 
Добро де, се поистовети со главниот јунак па мора да капслокираш до смрт?
Да истетовиран сум, невоспитан, еве сега со едната рака штракам на тастатурата, а со другата рака сечам салами за незадоволните тетки и им ги подредувам. Само ги нагласувам зборовите кои д-р Венко во новата колумна ги кажува како небитни, а цела приказна му се вртеше баш околу нив.

Патем, Chemical Angel, тука има уште еден јунак кој не е задоволен од платата, некако е скриен во текстот. За висината на платата има други професори кои се далеку постручни, ама гледам не објавуваат текстови. Местото на луѓето во системот не зависи од образованието кое го имаат завршено, тоа било така во Комунизмот... Непотребно е да дискутираме, колумната му е за никаде, сега на крај ние форумџиите сме криви затоа што не сме внимавале на часовите по литература :)
 
Не е крив Венко, што не можете да ја сфатите поентата на неговата колумна па се фаќате за ситниците, тетоважи и да не редиме други работи, колку и да објаснува колку и колумни да пишува вие пак ќе се фаќате за нешто банално, а тоа не е ради тоа што не сте интелигентни, туку немате прочитано книги, барем лектирите да ги прочитате и да ги простудирате со професорите по македонски јазик, ако не за друго барем ќе научите да воочувате поента во даден текст.
Тие ситниците беа малку навредливи за да не се фатиш за нив и се гледа дека колумната била пишувана во афект, а Венко сега малку и пробува да се вади.:)
 
Па тоа му е работа на писател да пишува и доловува ситници, за ти да можеш во главата да си го претставиш настанот, ако сите писатели не пишуваат описно, тогаш нема да имаш книги од 200-300 и повеќе страни туку ќе имаш книги од 10-20 страни.
 
Го фативме Венко како забушава со претпоследната колумна(ја напишал без да размислува и веројатно го пробил рокот за доставување колумна) па во последнава дава какво-такво објаснување :) Нема оправдување за таа колумна едноставно истата е БЕЗ ВРСКА. Венко уживај ти си добар писател само посвети се малку повеќе на колумните или воопшто не ги пишувај, пишувај си книги.
Колумните му се читани, значи ја постигнал целта.
 
и колумните на оној марсовецот од Крема се читани, мислам дека не му е тоа целта на Венко.
 
Да истетовиран сум, невоспитан, еве сега со едната рака штракам на тастатурата, а со другата рака сечам салами за незадоволните тетки и им ги подредувам. Само ги нагласувам зборовите кои д-р Венко во новата колумна ги кажува како небитни, а цела приказна му се вртеше баш околу нив.

Патем, Chemical Angel, тука има уште еден јунак кој не е задоволен од платата, некако е скриен во текстот. За висината на платата има други професори кои се далеку постручни, ама гледам не објавуваат текстови. Местото на луѓето во системот не зависи од образованието кое го имаат завршено, тоа било така во Комунизмот... Непотребно е да дискутираме, колумната му е за никаде, сега на крај ние форумџиите сме криви затоа што не сме внимавале на часовите по литература :)
Поентата му беше за непрофесионалноста на месарот, не е љубезен, се жали на муштериите колку е малку платен и не сака да ги подредува саламите, затоа ги брка муштериите, но нема гајле, тоа е проблем на газдата не негов, се додека газдата не дознае.
Темата можеше да биде и за некој лекар каде пациентите чекаат цел ден да бидат примени, докторот си пие кафе и им се жали дека е малку платен.
Значи за непрофесионалниот однос кој што го има кај нас на секој чекор.
 
Поентата му беше за непрофесионалноста на месарот, не е љубезен, се жали на муштериите колку е малку платен и не сака да ги подредува саламите, затоа ги брка муштериите, но нема гајле, тоа е проблем на газдата не негов, се додека газдата не дознае.
Темата можеш да биде и за некој лекар каде пациентите чекаат цел ден да бидат примени, докторот си пие кафе и им се жали дека е малку платен.
Значи за непрофесионалниот однос кој што го има кај нас на секој чекор.
Епа зошто тогаш избира млад човек, според него штотуку завршен средношколец, лигуш, истетовиран, примен со врски. Нели подобар ефект ќе имаше ако главниот јунак беше некој професор, кого студентите го чекаат во приемно време, а тој си мцка ракиичка во факултетската биртија.
 
Новата колумна започнува овојпат посмирено и елоквентно пософистицирано и е обид да се одбрани, додека во претходната беше категоричен како лигушот не ја заслужува таа плата, сега пак ја заслужувал, ама државата била сиромашна да ја обезбеди... Ова како шмизле со лабилен став ќе промени став во тесно, па не сте ме разбрале, да, квантна физика или абиогенеза беше темава.

И за да ве убеди дека навистина не‘ разбирате ништо, ви сервира дека немате прочитано ни една книга, а по цели вечери сте на журки, што ве спречува да најдете термин да се конфронтирате со владата. На ист начин како што ја ,,прочита,, образованоста на месарот. Заклучок - Венко има телепатски способности :icon_lol:...
 
Сега тебе ти е проблем профилот на главниот јунак... Некој морал да земе како пример за да ја даде поентата. Можеше да биде и секој стар подгрбавен, сенилен професор кој што не се појавува на закажани испити и им се жали за негови проблеми на студентите. Значи целта е непрофесионалноста, ја има во нашето општество на секој чекор.
 
Новата колумна започнува овојпат посмирено и елоквентно пософистицирано и е обид да се одбрани, додека во претходната беше категоричен како лигушот не ја заслужува таа плата, сега пак ја заслужувал, ама државата била сиромашна да ја обезбеди... Ова како шмизле со лабилен став ќе промени став во тесно, па не сте ме разбрале, да, квантна физика или абиогенеза беше темава.

И за да ве убеди дека навистина не‘ разбирате ништо, ви сервира дека немате прочитано ни една книга, а по цели вечери сте на журки, што ве спречува да најдете термин да се конфронтирате со владата. На ист начин како што ја ,,прочита,, образованоста на месарот. Заклучок - Венко има телепатски способности :icon_lol:...

Венко во оваа колумна не вели дека, овој пат, “лигушот“ ја заслужува платата, туку дека истиот има право да бара толкава плата, но тоа не значи дека заради тоа што не е задоволен од сегашната, треба да работи непрофесионално! И на крај краева, не е ни можно саламосечач и професор да земаат иста плата. И баш е добар примерот на Венко со хирургот, значи, ако докторот не е задоволен од својата плата, нека не ги лечи пациентите правилно, па нека умираат луѓето, оти ете докторот не е задоволен од својата плата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom