Колумната на Венко Андоновски

Статус
Затворена за нови мислења.

Флојдерка

Together we stand, Divided we fall..
Член од
7 април 2012
Мислења
336
Поени од реакции
340
Никој не му го оспорува тоа, само големината на човекот не се мери единствено со резултатите што си го постигнал во личната надградба на било каков план и со тоа што ќе им покажеш на другите каде им е местото.
Да, јас комплетно се согласувам со тебе, но добро знаеш дека Венко (според неговата колумна) не му покажал на месарот каде му е местото, туку напишал колумна каде ја искажал својата револтираност од нискиот квалитет на услуги кај нас, давајќи за пример случка која му се случила токму нему. Тоа е тоа.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Му покажал преку колумната. Освен во месара, низок квалитет на услуга можеш и на факултет да добиеш, а само неолкумина ја имаат привилегијата да напишат вакви лични колумни во кои може да си кажеш се што ти лежи на срце. Да бил принципиелен ова што го пишал ќе му го кажел во лице, да бил доблесен ќе сфател со кој си има работа и ќе си преќутел.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Прво, Венко не е џабе интелектуалЕц, затоа што важи за еден од најдобрите во Македонија, респектиран професор, раскажувач и писател и, и те како добар критичар!
Не е ни важно тоа во кој систем, Венко(или други како него) се стекнале со докторски титули, туку важно е во кој систем живееме сега. И кога веќе го споменуваш социјализмот, сигурно знаеш за квалитетот на образованието тогаш и сега, па можеби и ќе ти биде јасно зошто сега `доктори` има уште на 30 години, па станале доценти на факултети и се иживуваат врз студентите..

Зар навистина мислиш дека на Венко му е потребен социјализмот за да има привилегии?? Мислиш дека социјализмот му го дава на Венко сетилото за добар пишан збор и острината за пишување? - Оти тоа е тоа што го прави толку добар во неговата работа, а не државниот систем. Државниот систем, само му го дава правото да ја напише оваа колумна и да ги класира луѓето во истата. - Тоа е негово право!
Fakt e toa sto go pisav gore a ova tvoevo ednostavno najblago receno ne e podatno za podetalna analiza i ne e dostojno za komentar!
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.080
Поени од реакции
23.531
Да, јас комплетно се согласувам со тебе, но добро знаеш дека Венко (според неговата колумна) не му покажал на месарот каде му е местото, туку напишал колумна каде ја искажал својата револтираност од нискиот квалитет на услуги кај нас, давајќи за пример случка која му се случила токму нему. Тоа е тоа.
ајде јас ке ти обајснам нешто од услуги од прва рака искуство со таканаречени интелектуалци.
пред многу години имав свој соопствен ртв сервис.
не ми текнува точно знам дека некој празник се ближеше и работа преку глава. доаѓа муштерија со тв си се претстави како некој инжинер во рек( демек учен сакаше да кажи и на позиција). и дека наводно иако има неколку муштерии кои си ги чекаат телевизорите, него наводно му се брзало и ај да не должам инсистираше преку ред. јас фино лепо и најкултурно му објаснив дека тоа е многу тешко изводливо, не ете човекот не бил научен да добие не за одговор., ама исто така не знаел дека таква дополнителна услуга се доплаќа и тоа дебело.
ги тргнав сите телевизори на кои моментално работев и почнав да го работам неговиот како приоритетен.
кварот не беше сериозен и се среди за 15 мин, а тој цело време си чекаше во сервисот. ако тој квар би коштал 500 денари, во неговиот случај му побарав 1500. видно револтиран демек зошто толку, што му направив толку, тој инжинер во рек не земал толку дневница и така натаму и така наваму. јас со мирен глас му одговорив дека ако е тој инжинер во рек , јас за него тука сум доктор по науки. ако не му се допаѓа цената и услугата , друг пат не ни мора да иди и да бара услуга преку ред, но сега пошто е веќе направен ке си плати или ке си го помини празникот онака без телевизор.
виде не виде си плати, по неколку месеци можеби и година дојде пак за услуга но овај пат не бараше преку леб погача и нормално доби регуларна цена.
така да муабетот е ако има диплома не значи дека вреди повеќе од мене, друго секоја дополнителна услуга се доплаќа и за крај да можам да земам поглема плата од некој си таму инжинер.
во вакви услужни дејности има едно непишано правило.
имате три опции
брзо евтино и квалитетно.... можете да одберете само две од нив.
ако сакате да биде брзо и квалитетно сигурно нема да биде евтино.
за жал инжинерот не го знаел тоа, и го научи на потешкиот начин.
колку венко го знаел ова незнам, треба да го прашаме.
сигурен сум дека госпожата не го знаела, а да си го платеше саламчето наместо 200 денари дипло или тродупло сигурен сум дека месарот директно во тацна ке и ги наредше за таа ич да не се мачи. насмевката гратис ке и беше. а вака ем нејки да плати ем услугата не и чинела. ајде богати. да и ке напоменам дека никаде не стои дека е правило дека мора да и се наредат под конец туку само да и се сечат. и кај мене во сервисот имаше еден куп алати и инструменти но не значи дека употребата на истите не кошта пари и не одзема време кое некој треба да го плати, посебно ако му се брза, ако бара дополнителна услуга и ако бара преку лебот погача.
п.с и да ден денес си го имам муабетот со дотичниот инжинер, иако оддамна не поправам телевизори и немам сервис. можби затоа што тој ден доби не така евтина лекција од животот, а пошто природно бил обдарен да учи одма ја свати.
лекцијата е дека
има место и време каде можи да се курчи и каде не можи да се курчи. дека не можи да се прави петел на туѓо буниште.
е тоа не се учи на факултет.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
А саламосечачот може само да сече салами и да мери. Ако ги реди тоа е дополнителна услуга?? Тоа не е негово буниште, си има газда. Ако муштеријата се пожалел на газдата, што тогаш?

За ова брзо и квалитетно ама скапо И бавно ама евтино си ставил таков ценовник на видно место? Да купуваш некоја услуга а да не знаеш колку кошта.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.013
Поени од реакции
34.415
Тотално разбирам од каде доаѓа ставот на Владе (од лично искуство).
Се е ОК што напишал ама проблемот со него (и повеќето тука што го бранат саламосечачот) е што заземаат страна и не се обидуваат да ги гледаат работите од двете страни.

Саламосечачот на Венко е само пример на несоодветна услуга. Во примерот на Владе нема несоодветна услува ниту несоодветен однос кон муштеријата, нешто што е двоен случај со саламосечачот. Кога некој бара екстра брза услуга во РТВ сервис, нормално дека истата ќе ја плати повеќе. понатаму односот кон него бил љубезен и фер иако истиот бил надмен куртон кој потоа и повторно се вратил во дуќанот затоа што услугата на крајот на краиштата била квалитетна. Додатно Владе бил сам свој газда и сам го одлучувал нивото на квалитетот на услугата.

Саламосечачот не е сам свој газда и нема право да го одлучува нивото на квалитетот на услугата. Неговиот газда е тој што го одлучува нивото на квалитетот на услугата (во рамки на законот за работни односи). Нерасфрлани парчиња на салама не е додатна услуга и не се плаќа додатно.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Саламите се сечат на парче, за да му се угоди на муштеријата, ама не заради естетиката, туку ако сака 200 грама, месарот (со тенко режените парчиња зашто е полесно) да му измери 200, а не 210 грама од око.

Дали тој е истетовирен или не, требало да мисли газдата пред да го запосли.

Хирургот не може да биде месар или чистач. Хирургот може да биде лош, исфрустриран месар или чистач, и многу поголем намќор од месарот во колумната. Особено ако е запослен на неодредено време.

Повеќето измешаа две работи:
1. како е
2. како треба да биде

Во Македонија е битно во која фирма работиш. Од тоа ќе ти зависи платата, а не од дипломата. Кој како ќе се снајде. Значи ниту зависи од интелигенција ниту од образование.
Ако имаш завршено биологија и работиш во школо, платата никако нема да ти биде повисока од 30 000.
А јас знам за фирми во коишто чистачката со средно има
40 000 денари плата.
Не велам дека треба да е така, ама така е.

Јас бев многу поарогантна кога бев помлада, ама кога почнав да студирам видов кој се студира, кој се успеал да се запише :facepalm:. Луѓе коишто не знаеја кој е Никола Тесла, а беа трета година на студии, кои мислеа дека месечината е сега пола, а до после ќе стане цела:tapp::facepalm: Да се наежиш.
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Венко со оваа колумна се деградираше себеси максимално.
Прво си направил виртуелен муабет сам со себе каде ја деградира работничката класа затоа што сака повисок стандард, се расфрла со предрасуди за лица кои не ги познава, и на крај, дава глупаво (во најмала рака) резиме за наградните игри што се одвиваат преку мобилните телефони. Па секој нормален човек ги игнорира тие пораки затоа што знае дека се ефтин маркетиншки трик за печалење пари. Тие се наменети за луѓето со „пилешки мозок“ во кој што нашиот драг колумнист и професор докажа дека припаѓа.

Навистина жално за некој што е кандидат за во МАНУ, и некој кој е претставник на интелегенцијата во државава.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Се е ОК што напишал ама проблемот со него (и повеќето тука што го бранат саламосечачот) е што заземаат страна и не се обидуваат да ги гледаат работите од двете страни.

Саламосечачот на Венко е само пример на несоодветна услуга.

.
А зошто ти мислиш дека една колумна напишана со навредлив и потценувачки тон е добра услуга?
Да, никој не ме тера да ја читам, како што ни Венко никој не го тера да купува од истиот дуќан салама.
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Прво, Венко не е џабе интелектуалЕц, затоа што важи за еден од најдобрите во Македонија, респектиран професор, раскажувач и писател и, и те како добар критичар!
Не е ни важно тоа во кој систем, Венко(или други како него) се стекнале со докторски титули, туку важно е во кој систем живееме сега. И кога веќе го споменуваш социјализмот, сигурно знаеш за квалитетот на образованието тогаш и сега, па можеби и ќе ти биде јасно зошто сега `доктори` има уште на 30 години, па станале доценти на факултети и се иживуваат врз студентите..

Зар навистина мислиш дека на Венко му е потребен социјализмот за да има привилегии?? Мислиш дека социјализмот му го дава на Венко сетилото за добар пишан збор и острината за пишување? - Оти тоа е тоа што го прави толку добар во неговата работа, а не државниот систем. Државниот систем, само му го дава правото да ја напише оваа колумна и да ги класира луѓето во истата. - Тоа е негово право!

Според Венко, интелектуалноста а и земената плата се сметаат според годините на образование. Според тоа се смета и правото да се изживуваш врз некој кој работи за мизерна плата, само за некои личности да имаат подредена салама во нивните животи. Ако е така, мојот факултет и специјализација траат подолго од школувањето на господинот Андоновски, дали мене ми дава тоа за право утре јас да се изживувам врз него и да се сметам за попривилигирана во ова општество.

Не можам да негирам дека имал и добри колумни, и добри трудови во текот на неговата кариера, но ова според мене е неприфатливо од некој кој себе си се нарекува интелектуалец. Острината на зборот не значи ништо кога ја немаш острината на мислата. А неговата мисла во случајов не изразува ништо освен препотентно и арогантно исфрустрирано старче кое не може да се вклопи во системот и временскиот период во кој живее.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Прво, Венко не е џабе интелектуалЕц, затоа што важи за еден од најдобрите во Македонија, респектиран професор, раскажувач и писател и, и те како добар критичар!
Не е ни важно тоа во кој систем, Венко(или други како него) се стекнале со докторски титули, туку важно е во кој систем живееме сега. И кога веќе го споменуваш социјализмот, сигурно знаеш за квалитетот на образованието тогаш и сега, па можеби и ќе ти биде јасно зошто сега `доктори` има уште на 30 години, па станале доценти на факултети и се иживуваат врз студентите..

Зар навистина мислиш дека на Венко му е потребен социјализмот за да има привилегии?? Мислиш дека социјализмот му го дава на Венко сетилото за добар пишан збор и острината за пишување? - Оти тоа е тоа што го прави толку добар во неговата работа, а не државниот систем. Државниот систем, само му го дава правото да ја напише оваа колумна и да ги класира луѓето во истата. - Тоа е негово право!
Ти верјоатно немаш ништо прочитано од Венко. Венко НИКОГАШ немал такви ставови какви штос е во оваа колумна, НИКОГАШ не зборувал потценувачки за некој што има пониско образование. Тоа е уште повидливо во неговите книги.

И заради тоа ја коментираме неговата колумна, а не на Латас или на Јанко.
 
Флојдерка

Together we stand, Divided we fall..
Член од
7 април 2012
Мислења
336
Поени од реакции
340
Ти верјоатно немаш ништо прочитано од Венко. Венко НИКОГАШ немал такви ставови какви штос е во оваа колумна, НИКОГАШ не зборувал потценувачки за некој што има пониско образование. Тоа е уште повидливо во неговите книги.

И заради тоа ја коментираме неговата колумна, а не на Латас или на Јанко.
:D:D Баш затоа што имам прочитано, сум на негова страна, оти знам дека доколку не бил згрозен од настапот на месарот, немало да напише колумна во која ќе ги деградира месарите, продавачите, тетовираните, нискообразованите и слично. Всушност, тој ни во оваа колумна не го прави тоа, едноставно зборува за еден типичен младич кој е крајно непрофесионален, а тука сите го бранат и плукаат по Венко!
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
:D:D Баш затоа што имам прочитано, сум на негова страна, оти знам дека доколку не бил згрозен од настапот на месарот, немало да напише колумна во која ќе ги деградира месарите, продавачите, тетовираните, нискообразованите и слично. Всушност, тој ни во оваа колумна не го прави тоа, едноставно зборува за еден типичен младич кој е крајно непрофесионален, а тука сите го бранат и плукаат по Венко!
Имаше убава мисла мислам во потпис на некој беше и на форумов
Големите умови дискутираат идеи, просечните умови дискутираат настани, малите умови зборуваат за луѓето.
Проблемот се јавува што ние го перцепиравме Венко како голем ум во претходните колумни, во оваа колумна не разочара како Тони Нуневски, затоа и е плукањето.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom