А саламосечачот може само да сече салами и да мери. Ако ги реди тоа е дополнителна услуга?? Тоа не е негово буниште, си има газда. Ако муштеријата се пожалел на газдата, што тогаш?
За ова брзо и квалитетно ама скапо И бавно ама евтино си ставил таков ценовник на видно место? Да купуваш некоја услуга а да не знаеш колку кошта.
да баш така, него тоа му е работа и не е саламо сечач туку месар. сега ако ти прави тоа тебе пробем тоа е друго.
ако се пожалел се пожалел, ризик.
можеби и газдата некогаш бил работник па знае какви се не идиоти има по светот, како што и јас бев ученик кај некој газда кога печев занает па попримив од газдата.
за другото да имаше баш натпис, ама и да немаше се подразбира.
барем за нормалниот свет, за другите ке научат на потешкиот начин дека ништо во животот не е беспалтно, па ни времето на месарот, или привилегијата да барате дополнителни услуги.
а кажими ти мене каде пиши некаде во месарница дека треба да се наредат. има цени за продуктите во глобала и толку.
а и каде имаш ти видено во ртв сервис ценовник. не е берберница ова, стрижење 100 бричење 70.
Тотално разбирам од каде доаѓа ставот на Владе (од лично искуство).
Се е ОК што напишал ама проблемот со него (и повеќето тука што го бранат саламосечачот) е што заземаат страна и не се обидуваат да ги гледаат работите од двете страни.
Саламосечачот на Венко е само пример на несоодветна услуга. Во примерот на Владе нема несоодветна услува ниту несоодветен однос кон муштеријата, нешто што е двоен случај со саламосечачот. Кога некој бара екстра брза услуга во РТВ сервис, нормално дека истата ќе ја плати повеќе. понатаму односот кон него бил љубезен и фер иако истиот бил надмен куртон кој потоа и повторно се вратил во дуќанот затоа што услугата на крајот на краиштата била квалитетна. Додатно Владе бил сам свој газда и сам го одлучувал нивото на квалитетот на услугата.
Саламосечачот не е сам свој газда и нема право да го одлучува нивото на квалитетот на услугата. Неговиот газда е тој што го одлучува нивото на квалитетот на услугата (во рамки на законот за работни односи). Нерасфрлани парчиња на салама не е додатна услуга и не се плаќа додатно.
вработениот во месарницата нити и се развикал на дотичната госпоѓа, нити и го фрлил месото на земја.туку најкултурно ја пуштил колешката да дозварши со неа. незнам од каде тука несоодвтетна услуга. дека така венко вели.
од каде знаете какви наредби имал од газдата, и дали е воопшто пракса да се редат саламите, и дали имало време за тоа. можеби било гужва.
и од каде заклучи дека за болдираното не е дополнителна услуга и дали треба да се наплати. дека вас така ви одговара??
и што е и што не би било дополнителна услуга во случајот.
ете баш ме интересира според вас што би било и што не би било
дополнителна услуга во една ваква месарница.