Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Едноставно јади пилешко, јајца, овес и туна, и малце ориз, и таман.

Све ова што го наброја го јадам задни 2 ипол месеци намалив салце качив мускул ги извадив горните 2 коцки од стомачните, меѓутоа у теретана шо збореа едни дека ако се намалат јаглехидратите се убрзува процесот на дефиниција и губење на мастите .Па затоа прашав што да не јадам зада намалам јаглехидрати:)
 
Па ако го јадеш ова ондак не јадеш јаглехидрати не знам шо не ти е јасно :D Од ова шо набројав само оризот е јаглехидрати и тоа е сведен на минимум. Не смееш да елиминираш на јаглехидрати. Таман ти е исхраната. Прави повеќе кардио, пиј повеќе зелен чај и тоа е тоа.
 
И овесот спаѓа под храна богата со јаглехидрати.
--- надополнето: 8 април 2012 во 18:56 ---
Па ако го јадеш ова ондак не јадеш јаглехидрати не знам шо не ти е јасно :D Од ова шо набројав само оризот е јаглехидрати и тоа е сведен на минимум. Не смееш да елиминираш на јаглехидрати. Таман ти е исхраната. Прави повеќе кардио, пиј повеќе зелен чај и тоа е тоа.
.
 
Ме интересира дали зелената салата т.е марулата помага во диетата во фаза на дефиниција , поздрав
 
Богата е со диетални влакна, така да ја успорува апсорбцијата на храна и ги намалува инсулинските ослободувања и воедно побрзо те заситува заради истите диетални влакна. Од таа логика е добра
 
Дечки, веројатно е он топик.. Има некој што имал проблеми со крварење на непцата при максимално вежбање ? Имало 2 причини за тоа, нервоза и прекумерно вежбање.. а таман кога фатам ритам со вежбање, и кога ќе ми се случи тоа, се нервирам што ме прекинало па имам 2 у едно :) Минатата година ЕПТЕН имав проблем, едно месец дена ни на факултет не идев, толку ми се воспалија непцата што не можев ништо да јадам освен супа, па доста ослабнав. Тогаш се излечив, сега и немам толкав проблем, но пак почнуваат да зафркаваат по 1-2 недели вежбање, па морам да одморам 3-4 дена. И така одам на стоматолог редовно, само ме интересира дали имал некој ваков проблем. Поздрав
 
За вакво нешто прв пат слушам. Ме интересира стоматологот што ти кажа, која е причината за ова?
 
Па при прво одење на стоматолог, одма погоди и ме праша дали сум се преморувал нешто. А понеделникот првпат запишав теретана, и првиот ден максимално се изморив, и одма вторникот навечер ништо неможев да ставам во уста. Се мачкав со една плава течност, и мислам дека тогаш пиев и витамин Ц апчиња. Сум имал и други проблеми, како крварење од нос неколку пати на ден. Воопшто имунитетот мислам дека ми беше слаб, ама откако почнав со редовно вежбање од летото навака се немам ни разболено. Само уште непцава да ги средам. Проблемот не е голем како што беше, сега малце ќе пуштат крв од време на време, можам да јадам све нормално, ама страв ми е да не се случи пак тоа зашто тешко се препродува :) Па викам да си споделам маката со некој :))
 
Aха, за крв од нос знам, на еден другар стално му крвареше коа ќе се премореше, ама за ова не сум знаел, па мислев да не има некоја додатна причина на пример гингивитис на непца или како и да беше..
Ај ќе средиш сигурно :)
 
Па при прво одење на стоматолог, одма погоди и ме праша дали сум се преморувал нешто. А понеделникот првпат запишав теретана, и првиот ден максимално се изморив, и одма вторникот навечер ништо неможев да ставам во уста. Се мачкав со една плава течност, и мислам дека тогаш пиев и витамин Ц апчиња. Сум имал и други проблеми, како крварење од нос неколку пати на ден. Воопшто имунитетот мислам дека ми беше слаб, ама откако почнав со редовно вежбање од летото навака се немам ни разболено. Само уште непцава да ги средам. Проблемот не е голем како што беше, сега малце ќе пуштат крв од време на време, можам да јадам све нормално, ама страв ми е да не се случи пак тоа зашто тешко се препродува :) Па викам да си споделам маката со некој :))
Витамин Ц и витамин Б, многу, особено Ц, пред се од природни извори(овошје зеленчук, ќе ја зголемиш толеранцијата на стрес)
 
Здраво.. Во теретана веќе вежбам 2 месеца активно.. За сега сум на посакуваното ниво, но имам еден проблем.. Колку и да вежбам, што и да вежбам , задникот никако да го намалам.. Имам чуство дека што и да правам, место да се намали, се зголемува.. Да бев женско до сега ке рипав од радост, ама работава за плачење ми искача.. :pos: :place:
Некој да помогне?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom