Колумната на Венко Андоновски

Статус
Затворена за нови мислења.

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.070
Поени од реакции
23.520
Не можеш да споредиш месарница со продавница за чевли...Човек овде за храна се работи..Има луѓе што купуваат за мали деца месо, за да им прават кашички и сигурно нема таквите да речат - Hey dude, ај мери ми 350 гр телешко...! И овој ќе земе било кое парче кое ќе му дојде до рака, на вага и во хартија...Жими мајка! И немој да мислиш дека мене целта ми е да се изживувам врз вработените таму или да го држам редот 20 мин, а другите да ме чекаат позади...Нема врска...Еве за во Веро кога идам има по 2-3ца што работат кај сувомеснати и сирење и 2ца кај месото и морам да кажам дека се стварно фини и толерантни, за разлика од тие во Тинекс...Со едната продавачка дури и муабет си имам...И се случувало да ми рече -"немој од ова да земаш, одамна стои тука, не се троши и сл" и да ми препорача нешто друго...А ако забележам гужва ги пуштам пред мене да купат, а јас разгледувам за тоа време и после на раат си пазарам...
Не се работи за комплекси тука...И јас нема да губам време и толку да тупам ако сум сигурна дека ќе ми се даде екстра квалитетен производ, плус тазе...Ама мало морген тоа...Или ако речам да ги нареди парчињата - тоа си е мое право...Можда за сервирање купувам за гости и сл...Или треба да му се правдам таму на тој...?
чекај чекај сега, можеби мене чевлите ми се за на бал или за многу важен состанок, можеби ке клецам вечер.и што и гајле на продавачката. да не треба јас да и се правдам таму на некоја продавачка за кај ми се мене чевлите.
моите пари помалце вредат?? сигурен сум дека едни чевли коштаат повеќе од една салама.
мои пари мои услови нели, тоа беа твои зборови.
и кај е она муштеријата е секогаш во право. има да се наведниш и цел ден ке се врткаш околу мене како господ бог, и ако треба пола дуќан ке ги пробам и по два пати. и ке се смејш како зелена, оти правец кај шефот.
само да ти доловам како изгледа тоа во реалноста.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543

Не правиш разлика меѓу специфични барања (во рамките на нормалното) и изживување на психопатски начин...И да - имаш право пола дуќан да го пробаш, па дури и да не купиш имаш право...
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Види вака, не можам јас да му наредам на Венко да не пишува таква “трачарска“(како што велиш ти) колумна, ниту пак, кој и да е друг може да го стори тоа..
Ама затоа пак, можам, и имам право, да побарам од месарот да ми ги нареди парчињата месо уредно како што прилега, како што би направил секој совесен продавач во еден маркет. Тоа не е ниту одземање време, ниту пак муштериски каприц! Тоа е нешто кое на продавачот/месарот не треба ни да му се каже.

Гледам тебе те мачи тоа што Венко воопшто ја напишал колумната, а мене воопшто не ми е чудно, човекот се осетил непријатно, и решил јавно да го сподели тоа со читателите.
Е сега, и нам некогаш ќе ни ску*чи од нешто па ќе се фрлиме на темата “Мака ми е“ или теми слични на неа за да се пожалиме. Секој, онаму каде што може.
А мислам дека е навистина големо непочитување кон лик и дело на Академик како Венко Андоновски, да се плука само затоа што тој, ете решил да си го каже своето мислење во својата колумна, која (ќе повторам) служи токму за тоа! - Човек да го каже јавно својот став на одредена тема со доза на сатира и критика.
Воопшто не ми е проблем дека напишал нешто, само не се согласувам со (првиот дел од) напишаното во оваа колумна, за разлика од други кои делумно или целосно ми биле ок.

Ако Венко нешто напишал, би требало да е спремен и на критика и на пофалба.Пак повторувам, постојат луѓе кои ќе го пофалат/поддржат за колумната, а постојат и тие кои нема да се согласат.И ништо не е тука страшно, разменуваме мислења.Лошо е ако сите имаме исто мислење, е тогаш не е нешто в ред.

И не е непочитување кон лик и дело на било кого, ако во одредени случаи дел од нас не се согласуваме со него.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.070
Поени од реакции
23.520
Не правиш разлика меѓу специфични барања (во рамките на нормалното) и изживување на психопатски начин...И да - имаш право пола дуќан да го пробаш, па дури и да не купиш имаш право...
оти специфични барања. што има тука специфично во продавница за чевли да побарам пордавачката да ме услужи. не барам стој на раце да ми прави. и што е разликата од тоа што ти бараш од месарот де да ти го одбери де та ти ја изчистио машината и ушпте еден куп глупости. ајде сега јас да барам и од магацин да ми вади чевли пошто некој овие претходно ги пробал. сепак за моите нозе се работи. а да и лајцата да ја дезинфицира од истата причина.
е толку е муштеријата во право.
инаку тоа дека тој е секогаш во право, знајте кој го измислил.
сигурно не муштериите туку газдите за да ви прават лице.
а ти сама ако не можеш да препознаеш дали месото е од некоја стара крава замрзната пред 100 години или сега заклана, тој може да те врти како што сака и ке ти каже се што сакаш да слушнеш. него месото за продавање му е, ама толку разбирате.
да не го фрли другото случајно.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
:)

Анал-огијата е во ред за во геј порно филм, но реалноста (ако му веруваме на Венко) била таа дека муштеријата побарал(а) парченцата салама да не бида фризбирани на оближната хартија во облик на оклоп на желка.
Ситничарско-мрчаторско барање од разгалено досаден муштерија, но сепак внатре во границите општоприфатените норми за нормално.

Геј-порно фантазиите на (твоја?) жалост не се во границите општоприфатените норми за нормално. Барем не во месарниците.
Прво муштеријата беше во право секогаш, а сега не е секогаш во право, имало и општоприфатени норми за нормално?!
Формата на желка делувала погубно на потребата за визуелна естетика на госпоѓата и професорот, каде се видело тоа парчиња лој,соја и мелени коски во форма на желка....
Ако беа во форма на регистар за уплатници ќе беше во ред? Има некоја стандардизирана форма? Направи си ред во мислите и одлучи се.

Јас колумнава ја гледам како прилика за дискутирање на (не)квалитетот на услугите во земјава.

Совет за Венко (или некој што можеби го знае), праќањето на несакани електорнски пораки е регулирано во земјава со закон за електорнски спам. Основа за правен случај секако има, а со оглед на општествениот статус верувам и про-боно застапништво е повеќе од можно.
Квалитетот на услугите во РМ реално е на прилично високо ниво во споредба со она што се плаќа за нив.
Но и синдромот на луѓе кои сакаат да се впуштаат во одредена активност и истовремено да останат невини останува на високо ниво.
Тепачи на самари на секој чекор...вклучително и писатели како што гледаме...
--- надополнето: 9 април 2012 во 01:28 ---
Не правиш разлика меѓу специфични барања (во рамките на нормалното) и изживување на психопатски начин...И да - имаш право пола дуќан да го пробаш, па дури и да не купиш имаш право...
10-15-20 спефицични барања во тек на еден работен ден имаат сличен ефект со изживување...
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Мислам дека овој теткин синдром на Професорот покажува дека е разочаран од нашето општество но тој има интелектуален капацитет да се справи со капитализмот како што се справувам и јас и другите членови од форумот.

За лошата услуга постои оддел за поплаки си има менаџер во маркетот а не колумни по весници.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.992
Поени од реакции
34.384
имало и општоприфатени норми за нормално?!
Да, замисли.
Анален секс со салама и сечење на истата не се ист вид на услуга и во месарниците го нудат само второто. (освен ако ти не знаеш нешто што јас не знам)

Квалитетот на услугите во РМ реално е на прилично високо ниво во споредба со она што се плаќа за нив.
Price-performance рејтингот е сосема друга работа.
Зборувам за квалитетот на услугите генерално. Квалитетот, и кога цената е висока (за стандардот), не е ни одблиску доволно добар.
Ова можам да го илустрирам со приватното здравство и приватното образование.
Price-performance рејтингот кој го спомнуваш тука е ужасно мал. Според тој рејтинг јавното здравство и јавното образование се многу подобри.

Впрочем примерот од Венко е само тоа, пример.
Факт е дека квалитетот на услугите во РМ реално е на прилично ниско ниво дури во споредба со она што се плаќа за нив.

Но и синдромот на луѓе кои сакаат да се впуштаат во одредена активност и истовремено да останат невини останува на високо ниво.
Тепачи на самари на секој чекор...вклучително и писатели како што гледаме...
Го најде проблемот, бурекојадачи колку сакаш... работници нема.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да, замисли.
Анален секс со салама и сечење на истата не се ист вид на услуга и во месарниците го нудат само второто. (освен ако ти не знаеш нешто што јас не знам)

Price-performance рејтингот е сосема друга работа.
Зборувам за квалитетот на услугите генерално. Квалитетот, и кога цената е висока (за стандардот), не е ни одблиску доволно добар.
Ова можам да го илустрирам со приватното здравство и приватното образование.
Price-performance рејтингот кој го спомнуваш тука е ужасно мал.

Впрочем примерот на Венко е само тоа, пример.
Факт е дека квалитетот на услугите во РМ реално е на прилично ниско ниво дури во споредба со она што се плаќа за нив.

Го најде проблемот, бурекојадачи колку сакаш... работници нема.

Јас само го цитирав твоето мислење каде изјави дека муштеријата е секогаш во право, дури кога ни не е во право.

Правило број еден: муштеријата е секогаш во право.

Правило број два: ако муштеријата некогаш не е во право, прочитај го повторно правилото број еден.
Од твојата изјава може да се заклучи дека што и да побара е во право, па и анален секс.

Квалитетот на услугите е добар во споредба со цената.
Слободно спореди, побарај да ти сецкаат саламче во Англија, Холандија, Австрија....слободно, не се срами, ако имаш прилика.
Инсистирај...

Работници има. Популарно е да серуцка како во РМ рајата била мрзелива, без покритие секако...
Услугата не му е добра обично на сериозно размазени луѓе. Не знам во кој филм живеете, но колку што гледам, барем во оваа реалност, во рандом продавница, бутик, маркет, кафич, биртија, берберница.....услугата е сосема во ред, исклучоците се реткост.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Abe videte na Venko mu e krivo posto dzabe e intelektualac koga pari vrtat so osnovno ama sto gi biva zaa biznis e dsega on vika ne sme ednaskvi raskrstivme so komunizmot (socijalizmot) iako blagodarenie na toj sistem besplatno se steknaa so doktorski tituli i dobija vrabotuvanja taka da ne raskrstile so socijalizmot, lesno e da zborat kao vas ne ve biva a i niv ne gi bivalo da ne bil socijalizmot i drzavata koja se grisela za niv i gi integrirala vo opstestvoto. Da bile oni u nasi uslovi ke si ostanele u selata od kade se doselile i nikad ne bi gi imale privilegiite koi im gi dade tokmu socijalizmot.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.992
Поени од реакции
34.384
Јас само го цитирав твоето мислење каде изјави дека муштеријата е секогаш во право, дури кога ни не е во право.
Од твојата изјава може да се заклучи дека што и да побара е во право, па и анален секс.
Упорно банализираш 100 години стар рекламен слоган, кој на крајот на краиштата е само тоа -рекламен слоган.

Квалитетот на услугите е добар во споредба со цената.
Слободно спореди, побарај да ти сецкаат саламче во Англија, Холандија, Австрија....

Услугата не му е добра обично на сериозно размазени луѓе. Не знам во кој филм живеете, но колку што гледам, барем во оваа реалност, во рандом продавница, бутик, маркет, кафич, биртија, берберница.....услугата е сосема во ред, исклучоците се реткост.
Завчера бев во одредена кафана во нас. Аеродром чие име подсетува на голем конфекциски број.
Не ги знам кафаните таму ич па седнав во првото од трите места што ми ги препорача еден познаник, а кое имаше место релативно блиску до телевизор (ракометарите играа со Шведска).

Освен што беше релативно евтино, ако може да се смета за евтино место каде чинија помфрит кошта 110 денари (ништо друго посно немаше), другото се беше релативно лошо. Шарската на девојка ми била ужасна, мојот помфрит беше како гума, лепињата тврда а ни пријателите не беа воодушевени од колбасите и шницлата. Единствено пивата беа ладни, и ѕидарски.

Во врска со услугата, едното јадење го донесоа 45минути по првите три и по само 50-тина минути се обидоа да ги земат сеуште полуполните тањири. Сиктер политика.

Ова го пишувам за да илустрирам што е дефиниција за лоша услуга, без разлика на цената. Има и полоши места, ама и ова дефинитивно влегува на листата не места каде немам намера никогаш да одам.
Затоа што имам избор.

Ваквите места не се исклучок, повеќе се правило. Исклучок се неколкуте добри места каде услугата е секогаш на ниво без разлика на различниот ценовен ранг на тие неколку места.
Таму редовно одам и бакшиш секогаш оставам.

Затоа што имам избор.

Сега твое право е да ме наречеш „разгален муштерија„ и да правиш „анални„ аналогии... и при тоа да ме прашаш како тоа сеуште работат сите тие места кога имаат таква лоша услуга.
Одговорот е јасен и се должи на немањето на критичка свест кај нас, нешто за што пишував претходно.

Со други зборови, следната наша поговорка најуспешно дава одговор на овој (наш) феномен: „за добра свиња нема лоша помија„.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Сме го имале муабетот, прво беше ако келнерот не ми донесе вода за 3 минути и притоа не ми се смее како да доживува климакс кога ми враќа кусур од иљадарката за 30 денари кафе, ми се уништува целиот ден и животот повеќе ми нема смисла. Сигурно ви текнува.
 
Флојдерка

Together we stand, Divided we fall..
Член од
7 април 2012
Мислења
336
Поени од реакции
340
Abe videte na Venko mu e krivo posto dzabe e intelektualac koga pari vrtat so osnovno ama sto gi biva zaa biznis e dsega on vika ne sme ednaskvi raskrstivme so komunizmot (socijalizmot) iako blagodarenie na toj sistem besplatno se steknaa so doktorski tituli i dobija vrabotuvanja taka da ne raskrstile so socijalizmot, lesno e da zborat kao vas ne ve biva a i niv ne gi bivalo da ne bil socijalizmot i drzavata koja se grisela za niv i gi integrirala vo opstestvoto. Da bile oni u nasi uslovi ke si ostanele u selata od kade se doselile i nikad ne bi gi imale privilegiite koi im gi dade tokmu socijalizmot.
Прво, Венко не е џабе интелектуалЕц, затоа што важи за еден од најдобрите во Македонија, респектиран професор, раскажувач и писател и, и те како добар критичар!
Не е ни важно тоа во кој систем, Венко(или други како него) се стекнале со докторски титули, туку важно е во кој систем живееме сега. И кога веќе го споменуваш социјализмот, сигурно знаеш за квалитетот на образованието тогаш и сега, па можеби и ќе ти биде јасно зошто сега `доктори` има уште на 30 години, па станале доценти на факултети и се иживуваат врз студентите..

Зар навистина мислиш дека на Венко му е потребен социјализмот за да има привилегии?? Мислиш дека социјализмот му го дава на Венко сетилото за добар пишан збор и острината за пишување? - Оти тоа е тоа што го прави толку добар во неговата работа, а не државниот систем. Државниот систем, само му го дава правото да ја напише оваа колумна и да ги класира луѓето во истата. - Тоа е негово право!
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Никој не му го оспорува тоа, само големината на човекот не се мери единствено со резултатите што си го постигнал во личната надградба на било каков план и со тоа што ќе им покажеш на другите каде им е местото.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom