Кога веќе ја почнавте темата сакам да напишам нешто.
Голема е разликата помеѓу Шундо и Марин.
Марин е се она што Шундо не е и нема да биде. Стратег, авторитет, знае да влијае на психа, знае да сподели емоции, анализира, скенира противнички тимови, знае да повлече потег кога треба но и да бара тајм аут кога е значајно.
Исто така голема е разликата и помеѓу Антич и Кире. Не го оспорувам квалитетот на Кире и на се она што го даде со својата игра, но според мене Кире е премногу во облаци, Антич не е таков.
Голема е разликата и помеѓу Дејан Лекиќ и Врба Стефанов од една страна и Михајло и браќата Начевски од друга страна. Едниве се трудат и модернизираат, другиве се трудат само околу бизнис интересите.
Се плашам но и не сакам уште од сега да им се направи притисок на кошаркарите, вие сте единствена надеж, вие мора да успеете по секоја цена. Ако тоа го очекуваме од нив тешко дека ќе успееме. Мора да извлечеме поука од ова што се случи сега и да не направиме и таму непромислен потег.
Тука Крејзи над мене со постот убаво си напиша да не се повтараме. Психолог, психијатар, физичка кондиција, анализа, специјален режим на исхрана, работа, тренинзи, КАРАНТИН (а не да ми се сликаат во фан зона со фановите)