научете што е спорт! доста те со навреди
треба континуитет, треба квалитет (кој баш го немаме објективно) треба среќа
ќе има и денови кога ќе бидеме класа (буквално) подобри и од швеќаните и од унгарците, ама и тогаш ќе се случи да изгубиме можеби. тоа е спорт!
треба да врземе неколку првенства светски/европски со добри игри и добар пласман, металург и вардар да играат редовно во завршница од лига на шампиони. така си доаѓаат резултатите, така се оди на олимпијада. не дека овој пат бевме далеку, едноставно не бевме доволно добри кога требаше. некој друг бил подобар од нас.
судејќи според игрите и формата од европското, не бевме далеку ни од медал на олипијада, со секој потенцијален освојувач на олимпијадата ние се носевме. тоа треба да е поттик за сите. доста со навреди, аман. свои луѓе си вреќаме. чиста македонска репрезентација, пример за сите останати, треба аплауз на крај и толку.
пропусти имаше, совршенство не постои. тесни се овие порази. многу малку треба (со буквално иститие пропусти) да победиме. тогаш никој немаше да ги примети тие пропусти. тоа е реалноста