Национализам...позитивен или негативен?

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Инаку, претпоставувам, би го оправдал hatred-ot на некој македонец спрема неговата земја и нација, ако прадедо му паднал од коњ и с'отепал оти државата не се погрижила макадамот да го одржава.
Ќе го оправдам бе, оти да не? Исто ќе го оправдам ако ја мрази општината/државата оти не финансирала сезонско прскање од комарци, па лом го направиле, одмор не можел да истера...

Но, нема да оправдам ефтини препукувања, офтопик провокации и подјебавки на темава и ќе ги бришам with extreme prejudice. :)
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
На народ кога не можеш да му понудиш просперитет и економска иднина,дај му национализам создај му некоја меѓуетничка и верска тензија и веднаш народот ќе заборави на вистинските проблеми (Невработеноста, сиромаштијата, поскапувањата на храната, двоцифрениот процент на поскапувањата на давачките струја, вода).
 
S

Sagan

Гостин
Се прифаќа. Ако не` нападнат ванземаљци, ти треба да бидеш водачот на отпорот. А ако уцвикаш и не го дадеш животот, ондак си педер.
:pos: Па добро, не мислев конкретно на ванземаљци, може и на пример, да идам у некој реактор да го онеспособам и да се озрачам, ама да спасам иЉадници луѓе. Или да бидам подложен на експерименти за откривање лек за некоја од тешките болести, така нешто.

:icon_lol:
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.142
Поени од реакции
25.704
Се прифаќа. Ако не` нападнат ванземаљци, ти треба да бидеш водачот на отпорот. А ако уцвикаш и не го дадеш животот, ондак си педер.
Не, не, тогаш ќе се апгрејдира во пануниверзалец тоест граѓанин на универзумот. Алфа квадрантот ќе го сака како и секој друг убав квадрант, а од земјаните ќе ги сака чесните и трудољубиви земјани како што ќе ги сака и чесните и трудољубиви Вулканци, Клингонци, Сторм трупери или Борзи. Ама битно ако некоја ултрамегагига комета од миљарда светлосни километри од друг универзум се закани да го уништи нашиот универзум, тој како Брус Вилис во Армагедон ќе избуши рупа ќе ја наполни со концентрирана антиматерија и истата ќе ја детонира притоа загинувајќи со неа.
--- надополнето: 5 април 2012 во 09:19 ---
На народ кога не можеш да му понудиш просперитет и економска иднина,дај му национализам создај му некоја меѓуетничка и верска тензија и веднаш народот ќе заборави на вистинските проблеми (Невработеноста, сиромаштијата, поскапувањата на храната, двоцифрениот процент на поскапувањата на давачките струја, вода).
Иако секако дека има вакви случаеви и тоа многу, проблемот е што ти си задоен со нешто толку дисфункционално што нема да бидеш објективен ако јас ти изнаредам примери од твојата вољена СФРЈ која што ти толку ја цениш. Многу заблуди се прават кога едносмерно се гледаат работите. И доста ми се симпатични твоиве пречкртани идеолошко-политички знакчиња. Со текот на годините сфатив дека луѓето што носат такви пречкртани знакчиња (особено ми се слатки оние со беџови на ранец) во поголем дел од случаевите се исти (а некогаш и бетер) ташак од луѓето кои ги носат истите знакчиња ама непречкртани.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Со текот на годините сфатив дека луѓето што носат такви пречкртани знакчиња (особено ми се слатки оние со беџови на ранец) во поголем дел од случаевите се исти (а некогаш и бетер) ташак од луѓето кои ги носат истите знакчиња ама непречкртани.
И сега шо мојме да разбериме од твоето искуство:
Ако некој е свесен дека нешто го ебава во мозок, тој може да испадне и поголем ташак од тој што или не знае, или знае дека нешто го ебава во мозок, ама сепак би го дал и животот за то?
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.142
Поени од реакции
25.704
И сега шо мојме да разбериме од твоето искуство:
Ако некој е свесен дека нешто го ебава во мозок, тој може да испадне и поголем ташак од тој што или не знае, или знае дека нешто го ебава во мозок, ама сепак би го дал и животот за то?
Пластично ќе ти објаснам Џони. Он има ставено потпис комунист. Да речеме дека има ставено во потпис вода. Он е про вода затоа што од огинот него, на негов близок или на општеството може да им се запали куќата што е лошо. Дали стварно може? Да. А може ли да ти се поплави куќата од вода? Да, може дури во некои случаеви штетите од вода далеку ги надминуваат оние на огинот. Ама он (познавајќи му ги колку-толку постовите веќе некоја година) нема да коментира никогаш контра вода, он секогаш ќе биде про вода а контра огин, не сфаќајки дека има ќар и од едно и од друго, има штета и од едно и од друго ако (не)знаеш како да ги играш. Поготово земајќи го во предвид како комунизмот се покажа на дело, и со оглед на тоа што идеалистичкиот комунизам (оној правиот комунизам каков што никогаш не бил никаде, онаков каков што Маркс го замишљал, бла,бла,бла, дрн, дрн јариња) е Дизниленд имаме многу дрвено на оваа тема http://forum.kajgana.com/threads/Комунизам-vs-капитализам-идеолошки-осврт.10267/

ондак за заптијата може да се извлечат 2 заклучоци:

1. Заптијата е благородна душа која сонува за еден поубав свет меѓутоа во таа своја силна желба наивно одбрал идеолгија и начин кој се тотален промашај.
2. Заптијата заради свои индивидуални, лични, себични (а не општонародни) за нас неразбирливи интереси пропагира комунизам. Нешто како партиите кај нас кои се прават благородни за да дојдат на власт за после да те ебат некогаш и повеќе од претходните што те ебеле. (Нешто како што се случило во СССР).

Значи во вториот случај Заптијата е ист или бетер ташак од тие наводните ебачи во мозок а во првиот случај е само наивен. Објективно и во двата случаеви нема аргумент. Разликата од моја лична перспектива е што во првиот случај со Заптијата постои можноста да ми стане другар во иднина а во вториот малку потешко. Се надевам сега се разбираме.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
За мене национализмот секогаш бил нешто ретроградно, нешто што ме ограничува, а што во суштина не значи многу.

Бришете ако е офтопик болдираново:
Пред некое време следев една дискусија за идентитетот на Германците -многу голем број од жителите имаат емигрантско потекло и имаат проблем да се идентификуваат.
Направена е анкета меѓу припадниците на германската елита кои треба да кажат неколку карактеристики на Германецот. На пример: дисциплина, точност итн..
Ама секој испитаник дадениот одговор го надополнувал со:...ама знаете јас не сум типичен Германец... Заклучокот беше дека се останати стеротипите, а светот е многу изменет.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Пластично ќе ти објаснам Џони. Он има ставено потпис комунист. Да речеме дека има ставено во потпис вода. Он е про вода затоа што од огинот него, на негов близок или на општеството може да им се запали куќата што е лошо. Дали стварно може? Да. А може ли да ти се поплави куќата од вода? Да, може дури во некои случаеви штетите од вода далеку ги надминуваат оние на огинот. Ама он (познавајќи му ги колку-толку постовите веќе некоја година) нема да коментира никогаш контра вода, он секогаш ќе биде про вода а контра огин, не сфаќајки дека има ќар и од едно и од друго, има штета и од едно и од друго ако (не)знаеш како да ги играш. Поготово земајќи го во предвид како комунизмот се покажа на дело, и со оглед на тоа што идеалистичкиот комунизам (оној правиот комунизам каков што никогаш не бил никаде, онаков каков што Маркс го замишљал, бла,бла,бла, дрн, дрн јариња) е Дизниленд имаме многу дрвено на оваа тема http://forum.kajgana.com/threads/Комунизам-vs-капитализам-идеолошки-осврт.10267/

ондак за заптијата може да се извлечат 2 заклучоци:

1. Заптијата е благородна душа која сонува за еден поубав свет меѓутоа во таа своја силна желба наивно одбрал идеолгија и начин кој се тотален промашај.
2. Заптијата заради свои индивидуални, лични, себични (а не општонародни) за нас неразбирливи интереси пропагира комунизам. Нешто како партиите кај нас кои се прават благородни за да дојдат на власт за после да те ебат некогаш и повеќе од претходните што те ебеле. (Нешто како што се случило во СССР).

Значи во вториот случај Заптијата е ист или бетер ташак од тие наводните ебачи во мозок а во првиот случај е само наивен. Објективно и во двата случаеви нема аргумент. Разликата од моја лична перспектива е што во првиот случај со Заптијата постои можноста да ми стане другар во иднина а во вториот малку потешко. Се надевам сега се разбираме.
Џабе Сусаро, џабе е. Ти ја стави оваа изјава:

Со текот на годините сфатив дека луѓето што носат такви пречкртани знакчиња (особено ми се слатки оние со беџови на ранец) во поголем дел од случаевите се исти (а некогаш и бетер) ташак од луѓето кои ги носат истите знакчиња ама непречкртани.
Ми се свиѓа објаснувањето, башка и што вода си ставил.
Меѓутоа, заклучокот го базираш на Заптија и плус додаваш дека ги знаеш неговите ставови и дека никогаш не би бил против ... водата.

Твојот заклучок, нели, беше дека сите се ист ташак.
Сите про и сите контра. Тоа ми „фати око“, за другото арно си е.

Пак уште АнФем ти го сака мислењето. :vozbud:
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.142
Поени од реакции
25.704
Џабе Сусаро, џабе е. Ти ја стави оваа изјава:

Ми се свиѓа објаснувањето, башка и што вода си ставил.
Меѓутоа, заклучокот го базираш на Заптија и плус додаваш дека ги знаеш неговите ставови и дека никогаш не би бил против ... водата.

Твојот заклучок, нели, беше дека сите се ист ташак.
Сите про и сите контра. Тоа ми „фати око“, за другото арно си е.

Пак уште АнФем ти го сака мислењето. :vozbud:
Не разбираш и со сила се правиш дека не разбираш. Он на форумов си има искажано ставови да не ги барам и да не ги цитирам. Јас мислам дека он е во дубока заблуда. Он напиша една реченица која не е неточна исто како што не е неточно кога магарето му рекло на зајакот дека има големи уши. Само што он не сака или неможе да сфати дека неговите уши (она што он застапува и во што верува) се поголеми од на зајакот. Он не сака или не може да ги види жртвите од Мао, Пол Пот, Сталин и Тито оние од Голи Оток. И како спонаредил беџови во потпис, ама никогаш нема да го стави ова

Така да како што има Американци кои стварно мислат дека со праќањето на трупи во Ирак се помага на државата и го одобруваат тоа, он си има во потпис Комунист и мисли дека многу корисно е тоа. Во таа идеолошка смисла разликата меѓу Заптијата и Американецот ја нема, то ест исти ташак. Не знам попросто од ова како да ти објаснам.
 
Чекај, не реков дека не ми е јасно што зборуваш. Ама многу општо се постави. Знајш како?
Да го ставам твојот потпис и кај мене, ама пречкртан, и двајцата да бидиме ташаци од исти размери. Може?

Меѓутоа, за да не бега до таму работава, и да биде во корелација со темава: сепак е полабаво па дури и кога Заптија го земаш за пример. Иако не ни смееше да го земеш за пример за да си ја оправдаш констатацијата за тоа дека сите биле исти ташаци. Нели.

Него, не е битно уопште.
 
М

Мартин`

Гостин
На народ кога не можеш да му понудиш просперитет и економска иднина,дај му национализам создај му некоја меѓуетничка и верска тензија и веднаш народот ќе заборави на вистинските проблеми (Невработеноста, сиромаштијата, поскапувањата на храната, двоцифрениот процент на поскапувањата на давачките струја, вода).
Кој да му даде на народот национализам ? квази политичарите што се прават патриоти/националисти (дел од нив). Тоа ниту се патриоти ниту националисти туку едни обични манипулари што прават пари на грбот на слабо-образованиот народ.

Правиот националист го штити својот народ во секоја смисла, социјална/економска/политичка итн.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Кој да му даде на народот национализам ? квази политичарите што се прават патриоти/националисти (дел од нив). Тоа ниту се патриоти ниту националисти туку едни обични манипулари што прават пари на грбот на слабо-образованиот народ.

Правиот националист го штити својот народ во секоја смисла, социјална/економска/политичка итн.
Националистичките Тензии помеѓу Македонците и Албанците тајно ги договараат Гвујо и Ахмети. Сето тоа е нивно сценарио.
Воопшто на никого не му е текнато инцидентите некој да ги прави по своја волја.

Јануари 2009 година кога имаше поскапување од 10% на струјата и 30% на храната истиот месец вниманието од таа актуелност го оттргнаа со сценариото (Идејата за изградба на Бурманли Џамија на плоштадот во Скопје).
Народот тогаш заборави на скапотијата бидејќи сите беа преокупирани со Џамијата...

Исто и Јануари 2011 и тогаш струјата и храната повторно поскапеа за 10% и тогаш тој проблем го оттргнаа со Рушењето на Црквата на Кале...Лани Цел Јануари и Февруари рушењето на црквата беше топ тема по медиумите...

И в година од Јануар месец повторно ќе има драстични поскапувања на давачките и на храната и уште отсега за тогаш ќе смислат некое слично сценарио...
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.142
Поени од реакции
25.704
Чекај, не реков дека не ми е јасно што зборуваш. Ама многу општо се постави. Знајш како?
Да го ставам твојот потпис и кај мене, ама пречкртан, и двајцата да бидиме ташаци од исти размери. Може?

Меѓутоа, за да не бега до таму работава, и да биде во корелација со темава: сепак е полабаво па дури и кога Заптија го земаш за пример. Иако не ни смееше да го земеш за пример за да си ја оправдаш констатацијата за тоа дека сите биле исти ташаци. Нели.

Него, не е битно уопште.
Јасно ми е што не ти е јасно и за тоа се имам изјаснето накратко тука
http://forum.kajgana.com/threads/Генерализирање.9473/#post-1470678

Значи да, јас генерализирам и во моја одбрана го зимам моментот дека сите општествени науки, сфери и дискусии се базирани на генерализации. Не се ова природни науки каде што правилата најчесто или се егзактни ( како што се случува во математика) или варијациите од правилото се исто така дефинирани (правилото дека вода врие на 100 степени зависи од атмосферски притисок, чистота на вода итн да не тупам). Во општествените науки имаш на пример вакво истражување-Универзитетот тој и тој потврдил со научна студија дека пушачите во Тексас во просек живеат 10 години пократко од непушачите. И сега некој си рандом Џон може да каже-Дедо ми има 120 години и мава по две кутии Марлборо на ден така што студијава нема везе, што не е точна констатација. Заптијата го земав како пример. Секако дека не ја отфрлам можноста дека имам згрешено во мојата проценка, ама за сега тоа не можеме да го дознаеме оти повиканиот не реплицирал. Значи нема да бидеме исти ташак и јас и ти со беџовите пречкртани и непречкртани ако идеме по твоја логика на сведување на работите на индивидуално ниво. Ниту една единка со ниту една друга не е иста. Ама тоа не го негира фактот дека Црнците се подобри кошаркари (дури и атлети) од белците, или дека Јапонците се поработливи од Црногорците или дека нивото на образование добиено во факултетите во Бостон-Масачусетс е светлосни години над образованието добиено од универзитетите на потегот Тетово-Мала Речица. И да, стварно ме бива за тупење.:)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Мнозинството од луѓето, слично на малите деца чувствуваат нелагодност и страв доколку немаат веќе предходно издефиниран систем на вредности кој тие ќе ги прифатат како сопствени. Да се биде само индивидуа, за многумина е непознат терен, бидејќи ќе треба самите да откријат за што се создадени, а тоа за менталитетот на стадото е преголем залак.
Кукавицата секогаш е најсилен кога е позади толпа, кога во неа го гледа своето “Јас” па токму затоа и се идентификува со вредностите и нормите на таа толпа. На овој начин се создадени сите темели на колективната свест кај луѓето, позната како национализам и патриотизам.
Кога поединецот ќе се убеди себеси дека тој е дел од колективот, тогаш во загрозеноста на истиот тој колектив гледа опасност и за себе, бидејќи ја прифатил илузијата дека тој и народот, нацијата, партијата…и сл. се еден ентитет. Таа неприродна идентификација на себството со тие фабрикувани вредности и идеали, е слична на илузијата која ја прави кукавицата подметнувајќи ги своите јајца на други птици.

Што ако некој закоравен националист од Македонија, по сплет на околности дознава дека всушност неговото потекло е грчко или албанско? Што ќе биде тој во моментот кога ќе го дознае тоа?
За жал, најмногу конфликти човештвото трпело, трпи и ќе трпи поради овој кукавички нагон, да се припаѓа на колектив кој ќе му даде инстант идентитет, сигурност и вредности на поединецот без тој самиот да ги открие во себе.
Иднината на човештвото е сигурна единствено ако се ослободи од стегите на овие “Слатки окови” кои под превезот на некој повозвишен идентитет, ја сузбиваат вистинската природа на поединецот, правејќи од него само една од многуте “овци”.
Човештво во кое ќе има само една нација – Луѓето е човештво кое има иднина без досегашните бесмислени конфликти.
Секогаш ќе постои момент во некоја поблиска или подалечна иднина, каде моралот и идеалите на одредена генерација или нација од минатото ќе изгледаат смешно и надминато….Тогаш какви се тие вредности, ако неможат да го положат тестот на времето?
Дали вреди да се убива, да се војува и да се стагнира рзвојот за нешто минливо? За нешто кое некој идни генерации ќе го сметаат за глупост?
Вредноста која неможе да опстои е лажна вредност, единствено тоа што е дел од нас, тоа што не поврзува и што го препознаваме еден во друг како човечко е вистинската вредност. Се надевам дека човештвото ќе созрее за да ги отфрли од себе овие фантоми кои го трујат без да биде свесно за тоа, и ќе се обедини.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom