1. Теоретско идолизирање. Лажно. Нашминкано. Во истиот момент со критиката како таква, за да критиката добие на тежина. Пример: Овој Џоле, адвокат бил, учен чоек...ти да видиш како го испцу келнерот кога овој му рече дека немале готови ќебапчиња.
2. Решението, какво и да е, е ставено на "тапет" и се плука обилно не само по колумната, туку и по човекот. Му се зема академската наобразба како позадина, па оттаму потекнува критиката. Лажеш кога пишуваш дека го земаш како изолиран случај. И ти и јас знаеме кој е Венко. Јас само посочив дека Венко не е ништо повеќе или помалку човек од мене. Ти, иако не признаваш, како предуслов за критиката го земаш тоа дека тој треба да биде...едно од двете. Па отвараш нуклеарен реактор кој некој мора да го деактивира. Не е ова холивудски филм, па јас Лаконскиот јунак со два збора да би можел да објаснам зошто ова се претвори во сатанизирање на личноста Венко Андоновски.
Не очекував тебе да морам да ти цртам. Изгледа муабетов со изолирани случаи и нивниот eфект врз читателот стварно имале смисла.