Bре несакаше да влезе топката и несакаше
Како да ја маѓепсаа тоа мрежата
Али јебига, редно време е и нас да не стигне лошата среќа...
Неможам да не споменам дека СУДСИИТЕ БЕА РЕЗИЛ!
Само толку имам да кажам.
Го толерираа секое задржавање топка, секое глумење, сто фаули им дадоа непостоечки а НЕ УСПЕАА ДА ВИДАТ КАКО ЕДЕН ОД НИВНИТЕ ОДБРАНБЕНИ ИГРАЧИ СО ПАРАДА ЈА ОДБРАНИ ТОПКАТА НА 18 МЕТРИ ОД НИВНИОТ ГОЛ...
И уште милион други случки, во прв дел не ни беше досуден чист пенал, во второ полувреме поништен и гол на Петров (ќе почекам од снимка за да оценам...).
Сами сме криви што не победивме. Примивме многу наивен гол, Таневски како последен играч ја изгуби топката, нивниот напаѓач излезе сам пред гол, Захов одлично брани, ама топката од нозете на Вајс заврши во нашата мрежа.
Лош меч изигра таневски денес...
Вајс цар
К
ој кур му беше на Илчо денеска? Стартуваше со КОЛЕЌЕВСКИ
Без Оса и без Стојаковиќ?
Која му е таа средина без креативци со деструктивецот Вељановски, Стјепановиќ, Петров и КОЛЕЌЕВСКИ
Во првиот дел исто имавме по некоја шанса, ама немавме среќа да израмниме.
Чат-пат и Ренова се закануваше од некоја контра и од еден слободен удар...
Имаа и пречка ама играта беше прекината ради офсајд, а и онака Захов одбрани.
Влегоа одма Оса и Стјепановиќ и имавме 23879382328932189321 чисти шанси.
Ама кога не сака несака
Што се испоуткавме лелелелелеле
И тоа баш денеска
Петров утна две чисти шанси, еднаш рецна пречка, еднаш над гол од само 7-8 метри.
Ивановски имаше неколку удари со глава кои завршуваа крај гол, а не сум сигурен дали беше негова шансата од страна осамен кога гостинскиот голман одбрани со парада или повторно беше Петров.
По еден корнер гостите вадеа од гол линија, а потоа по одбиената топка шутот заврши милиметар до статива.
Стојаковиќ исто погоди пречка додека гостинскиот голман немоќно гледаше.
Влезе и Огбона и тој се надоврза на промашувањата.
НАЈГОЛЕМАТА шанса ја утна, нешто што и баба ми ќе го погодеше. Место да ја пикне топката во гол по одличното нафрлување на Стојаковиќ, он со глава од два метра промаши...
Потоа по една акција, гостите ја заплеткаа топката, Огбона излезе пред празната мрежа ама го блокираа
И конечно, морам да кажам на крилјата на публиката
, класично во продолжение, по нафрлување на Стјепановиќ сите влегоа во гол сосе топката, голманот ќе го урнеше голот
Голот го дал Огобона, како бил он стрелец незнам, според мене голот беше мајсторија на Стјепановиќ кој нафрли скоро од корнер
Многу цврста одбрана имаат, ама неможе да одолеат на нападите. Колку само топки скратија во задна секунда, непогрешливи беа а пак имавме 10 сто процентни шанси.
Имаа среќа,
ама ако запнеме во Тетово мислам дека без проблем ќе славиме.
Само не смее Илчо да се заебава, мора со најак состав да истрча!
Навивањето беше добро. Ко за работен ден, задоволен од бројката, стандардно околу 350-400 луѓе, околу 1 000 на цел стадион!