A
Inter - ovie em projdoa protiv Barca so sudii em placat. Toa nekoj psiholog neka go objasni, mora da e nekoj zaeban sindrom. Poveketo ja hejtaat Barca zatoa sto Mourinho e vo Real a oni nego go smetaat za Bog zatoa sto im osvoil tituli posle skandalot vo Kalcoto koga nikoj drug nemase sansi da napravi nesto. Nemaat druga rabota, ke go drvat sega na Mourinho od koga se konsolidiraa drugite ekipi vo Kalcoto posle skandalot a oni se vratija na ocekuvanata 8ma pozicija.
Tи поназад пиша дека тука Барса не добиле 2 чисти пенали, еден во Милано и еден во реваншот каде Алвес симулираше за што и беше санкциониран од судијата ...
Објективноста ти е на завидно ниво ама забораваш неколку работи :
1. При 0-0 во Милано, на Милито му беше скратена 100 процентна шанса за гол поради непостоечки офсајд во ситуација кога и Пандев се уфрлаше од левата страна, односно, ќе имаа ситуација подобра и од оние 2 фантомски пенали на Барса кои не постоеа.
2. Пред да го дадат првиот гол Барса во Милано, не беше санкциониран непостоечки фаул од Ето на половината на Барса во ситуација кога постоеше добра шанса за акција која можеше да доведе до нова можност за гол.
Ај ова второво да го баталиме иако и тоа си има свое ја, не треба многу да се објаснува што значат овие грешки кои претходеле на примен гол дома во полуфинале у ЛШ, поготово онаа прва ситуација.
За пеналите немам намера да дискутирам зашто не беа, не постоеа, all in all ако се земе, и Интер и Барса беа оштетени во тој двомеч, Интер дадоа гол за 3-1 од офсајд, Пике даде гол од мал офсајд на Кампот, тоа нормално никаде не го спомна, дадоа гол од офсајд во ситуација кога од 30та минута имаа играч повеќе на теренот.
И кога веќе се повикувате на изјавите од Гвардиола, он многу убаво кажа пред некој ден, Интер тогаш делуваа ко да се надвор од оваа планета, и сам призна дека ниту 1 тим до сега не успеал таква одбрана да им игра каде главниот напаѓач у 2 меча имаше 0 упатени удари во рамките од голот.
Не сакав да ти реплицирам на ова али на 3 места ти го начекав па ме примора на такво нешто, за останатите муабети, терајте, преку к*р ми се доени а и нема више назад.
А и заклучоков за Мурињо па демек ради тоа ги хејтаме Барса ти е погрешен, бар ова не е случај со поголемиот дел од фановите на Интер.
Интер а и било кој друг клуб на нивно место истото ќе ги снајдеше во ситуација кога Барса беа пред историска шанса да кренат пехар сред Мадрид, бар на вас, фановите на Барса, не треба многу да им се објаснува што значеше тоа.
Е сеа Интер се избација ко последна пречка пред големото финале и што се дешаваше ? Медиумска хајка контра преведувачот Мурињо, напад врз Мурињо во Барселона од навивачи на Барса, пеење на песни пред хотелот на Интер до 2 часот по полноќ кога дојде полицијата која била повикана 3 саати претходно, слика на Пике за дневен весник како гмечи топка од Интер и тн и тн и тн за да на крај се тоа кулминира со прскалките.
Како ти очекуваш после сево ова ја да ги почитувам нив односно да ми бидат '' симпатични '' ? Навивачите на Интер и не се многу среќни што Мурињо замина баш на таков начин, ја 100 пати на форумов тоа го имав критикувано, али кога фан на Интер е во прашање, бар 80% од нас се '' против Барселона '' баш ради тој нивни однос тој период спрема Интер.
Не дека баш дека се Интер се деси тоа ( напротив, односите Интер - Барса се на доста високо ниво, еве и периодов им дозволија на свои терени да тренираат бидејќи имаше штрајк во Шпанија па мораа да останат 1 ден повеќе во Милано ), или дека го имаа баш Мурињо кој не им е омилена личност, туку едноставно овие правеа Се за да го претстават Интер во очите на навивачите како најголем непријател на Барселона само зашто им се пречка за Мадрид по што следеа неколку немили настани, а ова ќе беше случај со било кој друг тим во една таква ситуација што е многу ... многу долно.