Сега е разликата со количината на пари која е присутна.
А Ферги е доказ дека со релативно скромен играчки потенцијал може да се освои титула пред Челзи и Ман Сити со нивниот кеш.
Ливерпул има поквалитетен состав од МанЈу и само треба да се задржи костурот барем некоја сезона. Неможе со 2 засилувања да се направи голема разлика, освен ако немаат кеш за Меси или некој сличен играч кој веднаш би направил разлика. А и онака такви играчи слабо виреат последно време и имаат цена 100+ милиони.
Ливерпул не зависи финансиски од влез во ЛШ, нормално профитот би бил поголем.
3. или 4. место не значат ништо, освен неколку милиони евра. Во ред, ќе можеш да го гледаш Ливепул како игра со Апоел/Зенит/Шалке наместо со Кардиф но испаѓање во група (реален домет) е далеку од освојување на домашен куп.
Вистински навивач ја знае разликата меѓу ФА куп и 4.место во ПЛ...
Сите нешто као Лига куп не бил битен а ако видиш колку пати го освојувале, биле финалисти или полуфиналисти големите клубови ќе ти биде јасно дека тоа е само бош муабет, дека и тоа како го сакаат трофејот во витрини. Сите кршат нозе да го земат али демек испод части им е, пошто се многу јаки.
Немањето титула шампион на Англија 23 сезони е доказ дека очекувањето инстант резултати не функционира. Ферги и Арсен со многу слична политика дојдоа до резултати, иако Арсен направи исклучок со освојување после 2 сезони.
Секоја година се очекува титула од Ливерпул без да се има реален тим. Освен една сезона кога Бенитез имаше шанса. Но и тоа дојде после неколку години стварање тим.
Челзи никогаш и не бил фактор. Сега е фактор, но генерално имал статус како Чарлтон или Блекпул во минатото. Исто како некој шеик да го купи Саутемптон и да биде шампион. Тоа е Челзи.
Ако се чекаат инстант резултати не е невозможно уште 23 години да се нема титула, па така еден ден нашите деца (или внуци) ќе гледаат освојување на ПЛ.
Колку назад отиде Кени, да направиме споредба со минатата година.