Тие лица кој цело време ги споменуваш беа првите кој испаднаа на протест за Скопје 2014. Значи тие дечки имаат таков став зошто навистина не им се допаѓа изгледот на Центар и ставот неможеш да им го измениш без разлика со која група ќе ги поврзиш. Ни мене не ми се допаѓа и каде имам можност го плукам. Тебе за разлика од мене ти се допаѓа и секаде го фалиш. Јас тебе неможам да ти го сменам вкусот и ставот, ти мене неможеш. Значи едноставно е, се наоѓаш на различна страна од ставот на дечките, нормално е да ти изгледаат самобендисани кога за сите кој прифаќаат мислат дека имаат испран мозок, за разлика од тебе кој мислиш дека се комуњари. Јас познавам лично од нив и не ми се самобендисани, напротив ми се многу позитивни фаци и баш се пријатни, можеш да разговараш за се и сешто. Излегува твојот збор против мојот и веќе губи смисла муабетот.
Потоа тие беа првите кој излегоа на протест за убиството на Мартин. Излегоа и секогаш ќе излегуваат во согласност со нивните лични ставови. Исто како и сите нас, кога веруваш во нешто го браниш од петни жили.
Мене ми се гади од сите политички профитери, но фала богу уште седат во фотељи. Неможам да разберам како ви се гади само од едни, а од другите не ви се гади, изгледа имате некој посебен желудник. Лично што им забележувам е делот кој бивш бјорн го спомена, треба да соберат храброст и да испеат песна и за тоа ако веќе идат според оваа стратегија.