Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
Тоа кој е најголем патриот не се проценува така.
Од кај знаеш ти јас што правам по дома,може ја финансирам ракометната репрезентација ?
Ок,може не се сите толпа без памет,ама повеќето меѓусебе ќе се истепаат повеќе отколку што ќе навиваат таму,знаеме како си патиме некогаш од навивачите.....
;)
Немора заради поединци сите навивачки групи да бидат ТОЛПА БЕЗ ПАМЕТ, се знае кој се најприсутни и на спортски натпревари и кога е "жустро" у државава.
„Верував во се, но не верував дека македонците ќе ми судат за Македонија“
Методија Андонов - Ченто
;)
 
P

PewDiePie

Гостин
Изгледа дека не си бил на некое гостување за да видиш каква слога има тогаш меѓу навивачите...
Дај боже да е така бе аман сите за Македонија мора да сме сложни.

Муабетот ми беше,дека има навивачки групи без памет што повеќе ќе и направат штета на државата отколку што ќе и помогнат.

Им се извинувам на навивачиве што се најдоа погодени и што почнаа да ги прават балони,чил. :icon_lol:
--- надополнето: 2 април 2012 во 17:18 ---
Немора заради поединци сите навивачки групи да бидат ТОЛПА БЕЗ ПАМЕТ, се знае кој се најприсутни и на спортски натпревари и кога е "жустро" у државава.
Точно,мое извинување што зборев во множина и што изгенерализирав. ;)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Темелков ги скинал лигаментите:(
Македонија ќе биде осетно ослабена на предолимпискиот турнир во Шведска откако се потврдија стравувањата дека повредата што Влатко Темелков ја заработи на денешниот натпревар против Романија е од посериозен карактер. Имено, деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за кинење на лигаментите во левото колено, повреда поради која што на одличниот крилен ракометар му претстои пауза од неколку месеци од терените.

Оваа повреда доаѓа во најлош момент, на само неколку дена до почетокот на предолимпискиот турнир што стартува в петок во Гетеборг, Шведска. Селекторот Шундовски сега се соочува со огромен проблем, ако се знае дека по повредата на Темелков, на позицијата на десно крило сега на неговиот список се наоѓа само Златко Мојсоски. Кормиларот на македонскиот национален тим барем засега нема донесено одлука дали за Гетеборг ќе патува само со Мојсоски, или пак дополнително ќе го повика Гоце Георгиевски од Металург како решение за проблемите на оваа позиција.

Македонија своите настапи на предолимпискиот турнир ги почнува в петок со пресметката со Унгарија, нашите ракометари в сабота ќе се сретнат со Бразил, додека в недела за противник ќе го имаат домаќинот Шведска.

Добра вест за селекторот Шундовски е што Наумче Мојсовски ќе биде подготвен за настап во Гетеборг. Еден од најдобрите македонски ракометари го пропушти денешниот пријателски дуел со Романија, но деталните прегледи покажале дека не станува збор за посериозен проблем и Мојсовски ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на националниот тим.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=7045
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.983
Поени од реакции
16.420
Па нека го повика Гоце, сигурно повеќе ќе одигра отколку мајсторот за престапи..
Ако не го викни, стварно голем кикс ќе биди ова уште не започнат турнирот. .. а така немав замерки за Шундо :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Треба Шундо ептен да е будала ако не го викне сега Гоце. У ваква позиција Шундо нема што да изгуби, може само да добие со повик на нов играч.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Штета за Темелков, одличен играч, посебно во одбрана, двојка игра мислам. И секој случај загуба, да се надеваме на Георгиевски, пошто од Златко не очекувам ништо.
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Е и сега ако не го земат Гоце, тогаш дефинитивно не ни заслужуваме пласман со ваква политика.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
јас ќе почекам од друг извор, пошто Екипа тогаш избрзаа со Миркуловски, па сеа сум претпазлив...

ако е вистина, ондак е ОГРОМНА загуба, Темелеков ни е најдоброто крило. Во одбрана е еден од клучните играчи, и во напад е многу подобар од Георгиевски... од Козла да не збориме. А подобар е и од левите крила... беше 4ти стрелец кај нас на ЕП.

Се надевам дека сепак шпекулација е ова дека имал скинати лигаменти.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Лед на коленото после утакмица, самиот изјави дека го болело, магнетна резонанција и такви ствари, може не се лигаментите ама сигурно не е повреда што може да се санира за 3 дена. Јбг, најмногу ради одбраната, еден од најдобрите беше на ЕП во одбрана, а во напад секако Георгиевски би го заменил солидно, Златко за нигде не е.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Екипа уште еднаш дознаваат пред лекарскиот тим. Не велам дека не е таква повреда ама од кај видоа бе мајке ми... да почекаме
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Е и сега ако не го земат Гоце, тогаш дефинитивно не ни заслужуваме пласман со ваква политика.
Со едно десно крило нема сигурно да тргнат така што верувам дека ќе го земат. И не е ова голем хендикеп поголем пех ќе беше евентуално неиграње на Мојсо акцентот на нашата игра е бековската линија.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Треба Шундо ептен да е будала ако не го викне сега Гоце. У ваква позиција Шундо нема што да изгуби, може само да добие со повик на нов играч.

Не се знае дали Гоце и ќе прифати ако го повикаат. затоа што многупати досега зафркнаа играчи, ќе го повика на квалификации играчот ќе даде придонес а на самите првенства ке ги исклучат од составот.
 
Член од
30 август 2009
Мислења
584
Поени од реакции
212
a sega mozat li da povikaat nekoj igrac pr. za zamena na temelkov ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom