B.O.P.E - Бразилска специјална единица

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
сè се тоа тренирани силеџии, тепачи и убијци... ама бидејќи се ’борат’ против нетренирани силеџии, тепачи и убијци, може сè да им простиме, така?
stanuva zbor za krvni narkobosovi koi ne zapiraat pred nisto edino samo nivna likvidacija drugo care nema !!!
 

Joe_Satriani

Dream Theater Fan
Член од
30 ноември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
106
Имам филм во комјутер се вика Tropa de Elite. Мислам дека има и втор дел.
ако сакаш прво читај ги постовите пред тебе...го има истото пишано,да не се повторуваме :) :)
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
ако сакаш прво читај ги постовите пред тебе...го има истото пишано,да не се повторуваме :) :)
Е добро де
--- надополнето: 2 април 2012 во 18:21 ---


само овде го јадеа и некои припадници
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Јас се согласувам донекаде со ELSE како дојде до заклучок дека баш овие бразилците се најдобри? (од овие 2 филма ? ) Има милион фактори според кои се мерат кои се добри ама најдобри нема сигурно...и нашите волци се добри поминуваат страшна обука, француските пустински лисици се едни од подобрите, фоките (SEAL), британските SAS и др. Не велам дека се лоши BOPE ама едноставно не можеш да кажеш дека се најдобри во свет. Како за информација студирам Факултет за безбедност и до сега имамe спомнувано спецјални единици ама за BOPE немам слушнато.
Пријател целосно се согласувам со тебе! Освен ова, не постои ФОКИ постои само US Navy SEALs! Како Дефендолог треба да знаеш дека SEALs не се преведува буквално на Македонски!


Имам читано негде за БОПЕ дека е најсмртоносна единица во светот, бидејќи просек и се 200 убиства годишно на криминалци, дилери, пљачкаши. Имам филм во комјутер се вика Tropa de Elite. Мислам дека има и втор дел.
Работата е тоа што политиката на BOPE е таа, ако нема решение тогаш доаѓа ликвидација а не неутрализација!
Кај нив нема многу тактики ако нешто неможе да се реши со разговор, доага снајпер!

Пријател Shellshock nam67, SAS(Special Air Service) ти се првите и основачите на армијски специјални единици кои оперираа како пешадии, во планински предели, во вода, падобранци, саботажи и сл, далеку се они од основачи на урбани специјални единици или популарни како полициски специјални единици.Основачи на специјалци во урбани средини т.с по градови ти се баш Американските SWAT (Special Weapons And Tactics) и тоа LAPD SWAT во 1968 година.А не знам од кај најде дека Француската Легијата на Странците е најдобра на СВЕТ жити се?

Ако веке правиш некоја споредба од стилот на Spetsnaz подобро спореди ги со SAS, SFOD-D, Seal Team Six, KSK и сл.Француската Легијата на Странците е далеку назад од нив.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Која е целта на ваквите единици?!
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Која е целта на ваквите единици?!
Каквите единици? На оваа специјална единица намената и е иста како и на сите други специјални единици низ светот, само што секоја специјална единица е обучена специфично за своето опкружување и надлежност. BOPE е можеби единствената единица во светот која е формирана стриктно да се бори со наркобосови и наркокартелите во Бразил, само BOPE и Командосите на Колумбија ( им го заборавив името ) се специјални единици задолжени за борба против картелите. Дури можам да кажам дека BOPE има и подобри успеси од Командосите на Колумбија.

Тренинг
 
К

командо

Гостин
сè се тоа тренирани силеџии, тепачи и убијци... ама бидејќи се ’борат’ против нетренирани силеџии, тепачи и убијци, може сè да им простиме, така?
Овие тренираниве силеџии барем не сечат глави и екстремитети на луѓето (како што прават наркобосовите). Да, им се простува, затоа што убиваат за ние да можеме мирно да живееме.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Мислам дека и Рос Кемп има една емисија каде што е гостин кај овие BOPE.
Дечките се навистина ненормални,што се вика мечка страв,ние не страв.
Многу се спремни за каква било акција,од чистење на една цела фавела од наркомани и наркодилери,па се до лагани убиства со снајперки.

Дури и на Cаll of Duty 3 мислам дека беше има неколку мисии во Бразил во фавелите. :нинџ:
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Каквите единици? На оваа специјална единица намената и е иста како и на сите други специјални единици низ светот, само што секоја специјална единица е обучена специфично за своето опкружување и надлежност. BOPE е можеби единствената единица во светот која е формирана стриктно да се бори со наркобосови и наркокартелите во Бразил, само BOPE и Командосите на Колумбија ( им го заборавив името ) се специјални единици задолжени за борба против картелите. Дури можам да кажам дека BOPE има и подобри успеси од Командосите на Колумбија
Мислам дека збориш за доста познатите Колумбиските (AFEAUR) Agrupación de Fuerzas Especiales Antiterroristas Urbanas, кои се Армијски специјални единици, но интервенираат стрикно по градови против картели, наркобосови и сл, еден вид жандармерија.Истите почетно се обучувани од Америчките армијски специјалци US Special Forces (Green Berets) и Британските специјалци SAS (Special Air Service) во 1984 година.Ако се тие доста се различни од BOPE, најмногу по тактика.


Една забелешка за видеото, ова не се BOPE туку CORE (Coordenadoria de Recursos Especiais) специјална единица под комадна на жандармеријата во Рио Де Жанеиро, додека BOPE е под команда на Воената Полиција.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Каквите единици? На оваа специјална единица намената и е иста како и на сите други специјални единици низ светот, само што секоја специјална единица е обучена специфично за своето опкружување и надлежност. BOPE е можеби единствената единица во светот која е формирана стриктно да се бори со наркобосови и наркокартелите во Бразил, само BOPE и Командосите на Колумбија ( им го заборавив името ) се специјални единици задолжени за борба против картелите. Дури можам да кажам дека BOPE има и подобри успеси од Командосите на Колумбија.

Тренинг
Како тоа има успех а криминалот и трговијата со дрога се наголемуваат?!
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Мислам дека збориш за доста познатите Колумбиските (AFEAUR) Agrupación de Fuerzas Especiales Antiterroristas Urbanas, кои се Армијски специјални единици, но интервенираат стрикно по градови против картели, наркобосови и сл, еден вид жандармерија.Истите почетно се обучувани од Америчките армијски специјалци US Special Forces (Green Berets) и Британските специјалци SAS (Special Air Service) во 1984 година.Ако се тие доста се различни од BOPE, најмногу по тактика.




Една забелешка за видеото, ова не се BOPE туку CORE (Coordenadoria de Recursos Especiais) специјална единица под комадна на жандармеријата во Рио Де Жанеиро, додека BOPE е под команда на Воената Полиција.
Најверојатно се тие, не им го знам точното име но мислам дека минатата или оваа година за Божиќ истите тие командоси на среде џунгла во Колумбија поставија новогодишни светилки и елка на неколку километри оддалеченост од кампот на картелот со надеж дека ќе ги убедат да се предадат или барем ако се приближат во близина на елката ќе ги фатат во заседа и ќе ги уапсат или убијат. Тоа беше можеби најсмешно организираната акција на специјална единица некогаш.

Па насловот и описот на видеото велат дека тоа е BOPE, ама можеби и е грешка. Во секој случај тренингот може да им е ист.
--- надополнето: 4 април 2012 во 18:07 ---
Како тоа има успех а криминалот и трговијата со дрога се наголемуваат?!
Затоа што има илјадници и илјадници криминалци во Бразил и цела Јужна Америка а BOPE брои околу 400-600 членови, и јасно е дека BOPE како единствена сила која се бори против нив неможе наеднаш да го искорне криминалот и да ги пресече нарко картелите. Плус локалните полиции и обичните полицајци се страшно корумпирани и ги штитат на нарко картелите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom