Во Прилепско утре тоа ќе биде првиот ноќен меч, а ќе се игра дербито на 14. коло на општинската А-лига на ОФС Прилеп помеѓу Тополчани и Динамо Мажучиште
Околу овој терен поставени се рефлектори
Четврток е посебен ден за фудбалот во Прилеп. За утревечер, во 20 часот, закажан е првиот фудбалски меч под рефлектори! Мегдан е игралиштето во селото Тополчани, а се среќаваат домашниот истоимен тим и Динамо од Мажучиште. Тоа е дерби во 14. коло, трето пролетно од општинската А-лига на ОФС Прилеп.
- Прв натпревар под рефлектори, и тоа во општински ранг. Ова е голем предизвик за нас - вели Петре Илиоски, секретар на ОФС Прилеп.
Никој не се сеќава во минатото на ниту еден меч на градскиот стадион „Гоце Делчев“ одигран навечер. Победа дури 16 пати беше домаќин во куповите на Европа, но никогаш не играше под рефлектори, освен во Скопје со Парма, во 2000 година. На прилепскиот стадион имаше импровизирани, мали рефлектори што се користеа само на скратен простор. Така во една пргода беше организиран само ноќен турнир во мал фудбал.
- Победа и поголемите клубови ја немаа таа чест. Прв во историјата ќе биде запишан утрешниот натпревар. Доколку рефлекторите го издржат тестот, планираме овој мал стадион да го искористиме и за поквалитетни средби, бидејќи ги исполнува стандардите и за Прва лига - истакнува Илиоски.
Тополчани е едно од најафирмираните фудбалски места во Прилепско. Стадионот беше реновиран есеноска, а има поставено трибина за околу илјада гледачи.
--- надополнето: 28 март 2012 во 22:56 ---
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32812941389&id=19&prilog=0&setIzdanie=22542
Маџари, Новаци и Љуботен сигурно чекорат кон втората лига.
Драми во третата лига исток. Првенството неможе да почне, пошто најверојатно пола екипи ќе се откажат ради финансии
Меѓу нив најверојатно и водечката брегалница Делчево.
На крај ФК Баби ќе влезе во втора лига