Ааа, да ми извиниш. На 18/19 години треба да очекуваш некој колку толку да е созреан. Ама некој ко ќе се слика
вака и ти да ми пишуваш дека ова не било за сеир? ЕПА НЕ! Ќе го реметам до миљон и назад. Да не му ставиле пиштол на чело со наредба да си ја ишиша едната половина од главата, а другата да ја офарба црвена? Don't think so. Затоа - ќе јаде ремет.
Исто и
овој,
овој,
оваа,
оваа итн...
А што има везе како ќе ја ишиша косата или како ќе ја офарба? Мислам нема никаква разлика од црвена до црна коса, а должината е во нормални граници. Зошто широко прифатено е жена да биде со долга црвена коса, а машко да не е? Исто и со облеката.
Човекот на почетокот користел парчиња кожа со намена само и само за да се стопли. Сега имаме милиони различни видови облека поради тоа што се идентификуваме со предмети, поради нешто наречено его и тоа е многу лоша насока во која оди човекот. Од друга страна се оние кои критикуваат одреден избор на таа идентификација, тие се на едно многу ниско ниво.
Се додека се идентификуваме со предмети нивото на свеста е сеуште незавидно. Но неможе некој што суди според надворешниот изглед да се нарекува созреан себеси, а оние со друг начин на облекување и визуелна претстава во глобала-несозреани.
Ме интересира и што те тера да реметиш/исмеваш некој? Луѓе сме, сигурен сум дека повеќето од нас се насмеале на нечиј физички изглед, или им се испуштило нешто, ама сме свесни дека не е во ред. Со оглед на тоа те разбирам и тебе-те разбирам до моментот додека не ти забележаа на тоа и уште толку се засили дека ти си созреан и имаш право да ги реметиш несозреаните. Со таквата реакција мислам дека категориите "созреан" и "несозреан" си ги менуваат местата.
Поздрав и секое добро.