Навали народе! :)

  • Креатор на темата Orion.
  • Време на започнување

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.585
Поени од реакции
22.304
Дечки да ве смирам и во Берлин кога се отвори Медиа Маркт слично како Нептун беше хаос и тоа пута 10:

Така да ништо страшно ;)
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.054
Поени од реакции
8.792

Србите се најврв, за дрвца си ги извадија очите бе :facepalm:
 
Член од
8 август 2008
Мислења
447
Поени од реакции
17
Маркетиншки трик 100 насто. Како сите што го прават, Имаше и порано, баш имав другар кој реши да купи телевизор уште пред 2 години, и испаѓа во весник флаер од ај да не наведума маркетот, Телевизор ХХ со цена од ХХХХ. И замислете значи флаерот е испаднат уште вечерта во весници дека нели ги продаваат од навечер на раскрсници. И се реши другаров сабајлето во 9 да иде, директно пред работа, иде во салонот, и тој глупакот му вика, аааа дечко се продадоаа тие телевизори. Вика другаров е жити све кога ги продадовте, денес сабајле ви испадна флаерот. Продавачот му вика, не господини тој е испаднат предхосдната недела (значи го прави будала). И на крај другаров купи телевизор 2000 поскап дека чим отишол и решил да купи ќе го купи. Истото тука Нептунци го прават + да се решат од старите ЛЦДа, машини итн кои не можат да ги продадат + треба да викнат луѓе и во новиот Мк бри или како и да се вика + гага реклама си прават на тв со турканиците. Ајде леќа ноќ многу зелени лупнав пак денес.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Замисли да си во гужвава, а си сакал само да разгледаш :icon_mrgr:
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.343
Поени од реакции
24.011
Така мене ме зафркнаа во една од поголемите продавници за бела техника на влезот во Струмица откај стариот пат-Електромеханика.Откако го бендисавме електричното шпорет на струја-Кончар,го плативме,си добивме 5% попуст бидејќи сме платиле во готово,и весели си заминавме накај дома.После некое време ни донесоа таков шпорет,ама откривме дека вратата од рерната не се затвора баш најдобро.Веднаш знаев дека не заебаа со тоа што ни подметнаа шпорет со фабричка мана(им ги даваат од фабриките со голем попуст) а нам ни ги шиткаат како нови(абе хоштаплерија).
Повикавме сервис(под гаранција беше),дојдоа после 2 недели од повикот,те гледаше момчето нешто,смени демек нешто,и после некое време вратата пак зезаше,така да сфатив дека не изиграа.Сам си најдов решение со еден поголем округол магнет кој ја држи вратата добро затворена за да нема испарувања.Само,дали е тоа решението? Дали вака се постапува со чесни потрошувачи и клиенти кои си плаќаат во ќеш? Само знам дека од таа продавница веќе тешко нешто да купам! И мислам дека и другите дилери не се нешто почесни!
а тебе ти го донесоја шпоретот спакован или отворен.
ако ти бил спакован тогаш можно е да бил фабричка грешка( трета смена, контрола на квалитет и тн и тн) , но тоа е проблем на фабриката а не на дистрибутерот. зошто би дала фабриката со фабричка мана намерно и тоа поевтино. прво многу лесно може да го отклони дефектот, па таму се произведуваат мајката. таман работа ако немаат за една врата смрдена да сменат. а и зошто би си го рушеле рејтингот како бренд за една врата па уште и поевтино да го дадат. ете ти на пример никогаш повеќе нема да купиш шпорет од таа фирма. која е логиката во цел муабет. а и затоа постои и гаранцијата. се случува некојгаш на контрола на квалитетот да им се провне некое.
муабетот дека намерно ги даваат такви едноставно ако размислиш подобро нема логика.
а ако ти го донесле отпакувано, е тогаш има многу ако тука??
можеби било од излог па отворано затворано кој како ке стигне.
можеби вратено од некој ради истата работа па ви го тупнале вас. и уште еден куп работи. едноставно не сте требале да го примите, а ако веќе сте го примиле и сте забележале дефект, требало да викните сервис. ако и сервисот не го отклонил дефектот ке си барате ново. ако прават проблеми фино лепо во инспекција со документите и ке ви го сменат сакале нејкеле.
си пиши таму во тоа гаранцијата се ама кој да чита. имаш таму и рок за кој треба да биде поправен дефектот од кога дошол сервисерот и ви дал белешка , ако помини тој рок слободно барајте си ново, и жива сила нема да ве спречи во тоа.
така да за крај грешката е само ваша што имате дефектно шпоре.
законот на потрошувачите ве штити во секој поглед. едноставно кажано секогаш е на ваша страна, само треба да си бараш тоа што ти следува.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Дечки да ве смирам и во Берлин кога се отвори Медиа Маркт слично како Нептун беше хаос и тоа пута 10:

Така да ништо страшно ;)
За МедиаМаркт попусти ќе се тепаме сите.
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Пхаха,а сте виделе како гејмери чекаат ново издание на World of Warcraft пред продавница?xD
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Толку ли попуст имало бреј? Ај некој што беше (што се итурка) да каже некоја екстра цена :гик:
Братучед ми беше и чекаше 6 часа за да влезе. Си купи шпорет за 9000 денари кој бес попуст чинел 20000. Како и да е вака не чекаат ни средношколците пред дискотека :)
И после народ немал пари, а бе нека не кукаат бе, сите под перница ги калапат еврата, ова е доказ за тоа.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Братучед ми беше и чекаше 6 часа за да влезе. Си купи шпорет за 9000 денари кој бес попуст чинел 20000. Како и да е вака не чекаат ни средношколците пред дискотека :)
И после народ немал пари, а бе нека не кукаат бе, сите под перница ги калапат еврата, ова е доказ за тоа.
Дармон, тоа ти е Социјалистички менталитет, кој го имаат повозрасните граѓани, само за ГАГА трчаат, а не дека немаат дома пари под перница, ко што викаш ! :icon_lol:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.829
Поени од реакции
12.327
Видов ама не влегов во Нептун. Само до лентата меѓу Бриколаж и Нептун, а баш ми требаше една машина за перење, оваа си го отслужи своето. Глетката ме потсети на Железарци кога влегуваа во Собрание.
Влегов во тоа другото (веќе видена роба во Певец и слични маркети). Некои цени доста солени, луѓе од цела Македонија.
А надвор нерегулирано, без служба на паркингот и обезбедување од ѓупците кои трчаа зад колите и околу луѓето...слаба безбедност и мал паркинг за вакви големи објекти и промоции.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
моја генерација ова го виде
1- кога на градскиот стадион ќе дојдеше Џаич и Ачимовиќ а Муто им бранеше се.што се брани и што не се брани.( се враќавме без копчиња)
2 - кога ги испраќавме нашите регрути во ЈНА од старата железничка станица е тоа беа машини. ( ој, машино ј..... ли ти пругу )
3 - кога чекавме и се гуравме кај стариот Гејски конзулат - амбасада во
центарот ( и цајканот за ред и мир со меше како Цацко)
-----------------------------------------------------------------------------------------------
на сите три сум бил безброи пати и останав жив
Муто ми беше тренер :) ах стари спомени :(
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.162
Поени од реакции
828
Пхаха,а сте виделе како гејмери чекаат ново издание на World of Warcraft пред продавница?xD
Тоа се се штосови на производителите,во овој случај на Blizzard кој си најмува професионални "чекачи" пред продавниците и кои ствараат фама околу играта.Во овој реклама-свет нема ништо случајно пријателе,тоа се добро разработени маркетиншки финти на кои паѓаат пред се неискусни деца и наивчини,прогуглај малце ќе видиш за што ти зборувам,поздрав!
--- надополнето: 1 април 2012 во 22:45 ---
така да за крај грешката е само ваша што имате дефектно шпоре.
законот на потрошувачите ве штити во секој поглед. едноставно кажано секогаш е на ваша страна, само треба да си бараш тоа што ти следува.
Ова збориш за Германија,Шведска или за кај нас во Македонија? Имало закон за заштита на потрошувачите,па што? Мислиш се почитува докрај и како што треба? Има закон за дозволена гласност на кафичите во центарот на Скопје? Да? Се почитува? Не?
Инаку,шпоретот ми го донесоа спакувано,ама зарем тоа е показател дека иди такво директно од фабриката? Можат и имаат с-ва и луѓе за да го препакуваат повторно истиот производ кој претходно бил отваран.Околу целиот овој проблем јас мислам дека шпоретот е бил или некаде изложен во продавницата па од многу пробувања на потенцијалните муштерии се олабавила вратичката,или пак како што си напишал и ти погоре,е вратен од некој др.муштерија па ми го тупнаа мене.
И за крај ќе ти кажам една финта која ја прават др.продавачи,во овој случај на производи за во бања.Одам во еден таков дуќан и ми се бендисува еден дизајниран умивалник,ама кога го погледнав одблизу и подобро,забелешав дека е малце напукнат одоздола.Намерно разгледав и кај сите др.умивалници во салонот истиот проблем.Веднаш ми текна на "финтата" со фабриките кога продавачите земаат директно од фабрика роба со маана која ја плаќаат и до 50% поевтино,а на нас потрошувачите ни ја шиткаат како нова.Продавачот дури се осмели да ми даде попуст од 15% што беше очигледна потврда за мојава теза,поздрав!
 
за тука за тука, ти кажувам работев во таква фирма 7 години баш во служба за жалби и поплаки (сервисер ) така да сите финти ги знам.
инаку за спакуваното се познава од еден километар ако е фабрички спаковано или допаковано башка. а за инспекцијата вервај сега незнам за во струмица, ама тука немаше промаш. за тој што знаеше мислам. некој не се ни замараат да читат што пиши во гаранцијата, така да нив лесно ке ги откачиш или ке се помират дека ајде така треба. ама тие што знаат како оди процедурата да видиш како им даваа ново. намерно си чекаа да помини тој сервисен рок од 21 работен ден( или зависи колку е), и после ке си дојдеа во дуќан и ке си речеа со смирен глас. фала чувајтеси го, јас сакам ново. ако нешто имаше проблем инспекторот под раце и завршена работа.
за мијалниците веќе беа отворени и да можи така да се случи, сепак е керамика и производителот неможи да ги поправи, па можи да ги пушти како чкарт или некоја класа ш. но со другата роба тешко таа работа. ајде едно две да им се провнат на контрола на квалитетот, ама дека цела серија ке ја пуштат така едноставно нема логика а и не се случило.
било како било и да било оштетено и така да биле пуштени ти си платил за ново и здраво, и нема сила која ке ме спречи да ми го заменат или поправат, па незнам на глава нека застанат ако сакаат. гаранцијата не важи никогаш само за стакло или механички дефект, но тоа при превземањето на робата се проверува инаку нема да му потпишам дека сум ја примил.
за се си има процедура.
само немој да ми речиш дека не ти дале да потпишиш достава.
а имаш сметка дека си платил. требаше да се правиш на ненормален и да си бараш уште едно да ти донесат. ако можат нека докажат дека донесле, ти имаш документ дека си платил па сега рачунај. твојот збор против шоферот, а ти имаш и документ дека си платил а немаш дека си примил роба.
 
С

сашенко

Гостин
Се сложувам со Љупчо, многу често производите со вавки големи попусти се лажни, односно се со лош квалитет. Јас сфаќам дека народот нема многу пари и дека ќе се истепа за перална од 100 евра, ама зошто да не си земеш перална за 300, од добра марка којашто ќе ти трае многу повеќе.
Сиромавиот дупло плаќа;).Ке видиш за некој месец се собрале у ист број како ја кршат продавницава :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom