Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па гужвата ја прават тие што сакаат да разгледаат, очекуваш пензионери кои нема што да прават да купуваатЗамисли да си во гужвава, а си сакал само да разгледаш![]()
а тебе ти го донесоја шпоретот спакован или отворен.Така мене ме зафркнаа во една од поголемите продавници за бела техника на влезот во Струмица откај стариот пат-Електромеханика.Откако го бендисавме електричното шпорет на струја-Кончар,го плативме,си добивме 5% попуст бидејќи сме платиле во готово,и весели си заминавме накај дома.После некое време ни донесоа таков шпорет,ама откривме дека вратата од рерната не се затвора баш најдобро.Веднаш знаев дека не заебаа со тоа што ни подметнаа шпорет со фабричка мана(им ги даваат од фабриките со голем попуст) а нам ни ги шиткаат како нови(абе хоштаплерија).
Повикавме сервис(под гаранција беше),дојдоа после 2 недели од повикот,те гледаше момчето нешто,смени демек нешто,и после некое време вратата пак зезаше,така да сфатив дека не изиграа.Сам си најдов решение со еден поголем округол магнет кој ја држи вратата добро затворена за да нема испарувања.Само,дали е тоа решението? Дали вака се постапува со чесни потрошувачи и клиенти кои си плаќаат во ќеш? Само знам дека од таа продавница веќе тешко нешто да купам! И мислам дека и другите дилери не се нешто почесни!
Дечки да ве смирам и во Берлин кога се отвори Медиа Маркт слично како Нептун беше хаос и тоа пута 10:
Така да ништо страшно![]()
Братучед ми беше и чекаше 6 часа за да влезе. Си купи шпорет за 9000 денари кој бес попуст чинел 20000. Како и да е вака не чекаат ни средношколците пред дискотекаТолку ли попуст имало бреј? Ај некој што беше (што се итурка) да каже некоја екстра цена![]()
Братучед ми беше и чекаше 6 часа за да влезе. Си купи шпорет за 9000 денари кој бес попуст чинел 20000. Како и да е вака не чекаат ни средношколците пред дискотека
И после народ немал пари, а бе нека не кукаат бе, сите под перница ги калапат еврата, ова е доказ за тоа.
моја генерација ова го виде
1- кога на градскиот стадион ќе дојдеше Џаич и Ачимовиќ а Муто им бранеше се.што се брани и што не се брани.( се враќавме без копчиња)
2 - кога ги испраќавме нашите регрути во ЈНА од старата железничка станица е тоа беа машини. ( ој, машино ј..... ли ти пругу )
3 - кога чекавме и се гуравме кај стариот Гејски конзулат - амбасада во
центарот ( и цајканот за ред и мир со меше како Цацко)
-----------------------------------------------------------------------------------------------
на сите три сум бил безброи пати и останав жив
Тоа се се штосови на производителите,во овој случај на Blizzard кој си најмува професионални "чекачи" пред продавниците и кои ствараат фама околу играта.Во овој реклама-свет нема ништо случајно пријателе,тоа се добро разработени маркетиншки финти на кои паѓаат пред се неискусни деца и наивчини,прогуглај малце ќе видиш за што ти зборувам,поздрав!Пхаха,а сте виделе како гејмери чекаат ново издание на World of Warcraft пред продавница?xD
Ова збориш за Германија,Шведска или за кај нас во Македонија? Имало закон за заштита на потрошувачите,па што? Мислиш се почитува докрај и како што треба? Има закон за дозволена гласност на кафичите во центарот на Скопје? Да? Се почитува? Не?така да за крај грешката е само ваша што имате дефектно шпоре.
законот на потрошувачите ве штити во секој поглед. едноставно кажано секогаш е на ваша страна, само треба да си бараш тоа што ти следува.
за тука за тука, ти кажувам работев во таква фирма 7 години баш во служба за жалби и поплаки (сервисер ) така да сите финти ги знам.Ова збориш за Германија,Шведска или за кај нас во Македонија? Имало закон за заштита на потрошувачите,па што? Мислиш се почитува докрај и како што треба? Има закон за дозволена гласност на кафичите во центарот на Скопје? Да? Се почитува? Не?
Инаку,шпоретот ми го донесоа спакувано,ама зарем тоа е показател дека иди такво директно од фабриката? Можат и имаат с-ва и луѓе за да го препакуваат повторно истиот производ кој претходно бил отваран.Околу целиот овој проблем јас мислам дека шпоретот е бил или некаде изложен во продавницата па од многу пробувања на потенцијалните муштерии се олабавила вратичката,или пак како што си напишал и ти погоре,е вратен од некој др.муштерија па ми го тупнаа мене.
И за крај ќе ти кажам една финта која ја прават др.продавачи,во овој случај на производи за во бања.Одам во еден таков дуќан и ми се бендисува еден дизајниран умивалник,ама кога го погледнав одблизу и подобро,забелешав дека е малце напукнат одоздола.Намерно разгледав и кај сите др.умивалници во салонот истиот проблем.Веднаш ми текна на "финтата" со фабриките кога продавачите земаат директно од фабрика роба со маана која ја плаќаат и до 50% поевтино,а на нас потрошувачите ни ја шиткаат како нова.Продавачот дури се осмели да ми даде попуст од 15% што беше очигледна потврда за мојава теза,поздрав!
Се сложувам со Љупчо, многу често производите со вавки големи попусти се лажни, односно се со лош квалитет. Јас сфаќам дека народот нема многу пари и дека ќе се истепа за перална од 100 евра, ама зошто да не си земеш перална за 300, од добра марка којашто ќе ти трае многу повеќе.