Така мене ме зафркнаа во една од поголемите продавници за бела техника на влезот во Струмица откај стариот пат-Електромеханика.Откако го бендисавме електричното шпорет на струја-Кончар,го плативме,си добивме 5% попуст бидејќи сме платиле во готово,и весели си заминавме накај дома.После некое време ни донесоа таков шпорет,ама откривме дека вратата од рерната не се затвора баш најдобро.Веднаш знаев дека не заебаа со тоа што ни подметнаа шпорет со фабричка мана(им ги даваат од фабриките со голем попуст) а нам ни ги шиткаат како нови(абе хоштаплерија).
Повикавме сервис(под гаранција беше),дојдоа после 2 недели од повикот,те гледаше момчето нешто,смени демек нешто,и после некое време вратата пак зезаше,така да сфатив дека не изиграа.Сам си најдов решение со еден поголем округол магнет кој ја држи вратата добро затворена за да нема испарувања.Само,дали е тоа решението? Дали вака се постапува со чесни потрошувачи и клиенти кои си плаќаат во ќеш? Само знам дека од таа продавница веќе тешко нешто да купам! И мислам дека и другите дилери не се нешто почесни!
а тебе ти го донесоја шпоретот спакован или отворен.
ако ти бил спакован тогаш можно е да бил фабричка грешка( трета смена, контрола на квалитет и тн и тн) , но тоа е проблем на фабриката а не на дистрибутерот. зошто би дала фабриката со фабричка мана намерно и тоа поевтино. прво многу лесно може да го отклони дефектот, па таму се произведуваат мајката. таман работа ако немаат за една врата смрдена да сменат. а и зошто би си го рушеле рејтингот како бренд за една врата па уште и поевтино да го дадат. ете ти на пример никогаш повеќе нема да купиш шпорет од таа фирма. која е логиката во цел муабет. а и затоа постои и гаранцијата. се случува некојгаш на контрола на квалитетот да им се провне некое.
муабетот дека намерно ги даваат такви едноставно ако размислиш подобро нема логика.
а ако ти го донесле отпакувано, е тогаш има многу ако тука??
можеби било од излог па отворано затворано кој како ке стигне.
можеби вратено од некој ради истата работа па ви го тупнале вас. и уште еден куп работи. едноставно не сте требале да го примите, а ако веќе сте го примиле и сте забележале дефект, требало да викните сервис. ако и сервисот не го отклонил дефектот ке си барате ново. ако прават проблеми фино лепо во инспекција со документите и ке ви го сменат сакале нејкеле.
си пиши таму во тоа гаранцијата се ама кој да чита. имаш таму и рок за кој треба да биде поправен дефектот од кога дошол сервисерот и ви дал белешка , ако помини тој рок слободно барајте си ново, и жива сила нема да ве спречи во тоа.
така да за крај грешката е само ваша што имате дефектно шпоре.
законот на потрошувачите ве штити во секој поглед. едноставно кажано секогаш е на ваша страна, само треба да си бараш тоа што ти следува.