Навали народе! :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Orion.
  • Време на започнување Време на започнување
Е па се сложувам со тебе, јас не реков дека не би купил 5000 ден. поефтин производ туку дека не би се понижвал како овие од клипот оти има многу продавници , секогаш е можно да начекаш попуст без вавки гужви.На пример, алишта купувам ефтино, и тоа со добар квалитет, и не се гужвам или тепам за истите, туку наоѓам кога има самое едно бројче останато, кога моделот бил од лани (што ич не е битно особено за машка облека) и слични цаки.
па нормално, ама маркетингот си го прави своето.
иначе тука нема врска сиромаштијата. тој што нема, нема да има ни со попуст. во гените е на сите веќе ако можи поевтино зошто да платам поскапо. ова неважи за еден мал дел од популацијата на кој му е гајле дали кошта 1000 или 100000. едноставно мора да го има.
 
Ајде навали народеееееееееееееее !
Исто вака е и во автобусите на ЈСП во вторник и во петок, кога има целодневен бесплатен превоз на пензионерите, влегуваат одеднаш во автобусот и буквално се тепаат кој прв да си фати седиште и тоа луѓе во озбилни години(>60)пензионери !
Се чудам младинава од кого треба да земе пример ?
Кога има бесплатен појадок на Камен-мост исто така трчаат старци со кеси и торби за да соберат што е можно повеќе храна и тоа се бесплатно(гага) !
Исто и при некои верски празници, во некои цркви се делат чорби и особено старциве трчаат со тоа тањирите за да соберат што е можно повеќе гага-чорба, некои дури и си носат од дома пластични котлинки за да си соберат повеќе од манџата за дома !
Не е се до сиромаштијата, туку културниот степен им е на тоа ниво, а и дрчни се до недоглед, за гага секако !
За Новата Година слушам дека и во Драчево имало вакви турканици, за да се лапне што е можно повеќе од воловите и бишките Лесковачки ! :icon_lol:

И јас го приметив, тоа старите и изнемоштени лица се стално први и најголеми галамџии и туркачи во гужвите.
 
Де бре а кој пензионер не би сакал ЛЦД за 10000, па и они сакаат поубаво да ги гледаат турските серии. :pos:
 
моја генерација ова го виде
1- кога на градскиот стадион ќе дојдеше Џаич и Ачимовиќ а Муто им бранеше се.што се брани и што не се брани.( се враќавме без копчиња)
2 - кога ги испраќавме нашите регрути во ЈНА од старата железничка станица е тоа беа машини. ( ој, машино ј..... ли ти пругу )
3 - кога чекавме и се гуравме кај стариот Гејски конзулат - амбасада во
центарот ( и цајканот за ред и мир со меше како Цацко)
-----------------------------------------------------------------------------------------------
на сите три сум бил безброи пати и останав жив
 
а бе ништо чудно за пензионерите што се туркаат за да влезат во нептун зашто ефтино дури и се дерат мајки-шајки изгледа се научени за таков менталитет и богами се надевам нема да пренезе ваква зараза на младинава барем тие веќе си научиле лекцијата како треба да се однесува:):)
 
а бе ништо чудно за пензионерите што се туркаат за да влезат во нептун зашто ефтино дури и се дерат мајки-шајки изгледа се научени за таков менталитет и богами се надевам нема да пренезе ваква зараза на младинава барем тие веќе си научиле лекцијата како треба да се однесува:):)

Пензионериве се како заштитени бели мечки во државава !
Само ГАГА
Гага превоз
Гага леб
Гага манџа
Па сакаат и гага телевизор :LOL:
 
Mr. Bricolage Romanian edition :pos:

Та не сме саде ние
та не сме саде тука -
ние сме по цел свет
безбројни
милиони,
на трудот
црн -
народ!
Кочо Рацин
 
Што би рекол Виктор Кралев дупчи дупчи сине докато си млад когато остариш нема да имаш ташак
 
Абе Машината за миење садови пред нос ми ја купија :D Е сеа на раце ќе перам , кога не се буткав доволно и кога не дојдов порано :D
 
Се сложувам со Љупчо, многу често производите со вавки големи попусти се лажни, односно се со лош квалитет. Јас сфаќам дека народот нема многу пари и дека ќе се истепа за перална од 100 евра, ама зошто да не си земеш перална за 300, од добра марка којашто ќе ти трае многу повеќе.
Така мене ме зафркнаа во една од поголемите продавници за бела техника на влезот во Струмица откај стариот пат-Електромеханика.Откако го бендисавме електричното шпорет на струја-Кончар,го плативме,си добивме 5% попуст бидејќи сме платиле во готово,и весели си заминавме накај дома.После некое време ни донесоа таков шпорет,ама откривме дека вратата од рерната не се затвора баш најдобро.Веднаш знаев дека не заебаа со тоа што ни подметнаа шпорет со фабричка мана(им ги даваат од фабриките со голем попуст) а нам ни ги шиткаат како нови(абе хоштаплерија).
Повикавме сервис(под гаранција беше),дојдоа после 2 недели од повикот,те гледаше момчето нешто,смени демек нешто,и после некое време вратата пак зезаше,така да сфатив дека не изиграа.Сам си најдов решение со еден поголем округол магнет кој ја држи вратата добро затворена за да нема испарувања.Само,дали е тоа решението? Дали вака се постапува со чесни потрошувачи и клиенти кои си плаќаат во ќеш? Само знам дека од таа продавница веќе тешко нешто да купам! И мислам дека и другите дилери не се нешто почесни!
 
Mr. Bricolage Romanian edition :pos:

Та не сме саде ние
та не сме саде тука -
ние сме по цел свет
безбројни
милиони,
на трудот
црн -
народ!
Кочо Рацин

Ова во Романија е врв :facepalm::facepalm:
 
Кутар народ, што дочекавме, да се изиграваат со нас како да сме стока...
 
Кутар народ, што дочекавме, да се изиграваат со нас како да сме стока...

Никој не се изигрува со народот(конкретно во случајов со Бриколаж), се собрале пензионери-безделничари и се тепаат кој да земе повеќе гага(типичен МК менталитет), било да е гага-превоз(ЈСП), гага-бања, гага-леб(Камен-Мост), гага-манџа/чорба(Црква), гага-телевизор/перална/шпорет(Бриколаж)... :confused:
 
Секој петок кога треба со автобус да одам негде низ Скопје гледам како пензионерите се во зомби mode и буквално ќе те изгазат и пред тебе ќе влезат :oops:.
Камен мост, со вреќи грабеа од лебот... Таа некоја си прослава на улица Македонија, ќе се испоубиеа кој да земи парче торта.
Кисела вода во близина на Битола, последно кога бев едно 10 коли имаше кои полнеа обична вода. Итоа полнење дури да падни колата до земја, по 30 канистри од по 5-6 литра :eek:

А не е само дека немаме и дека сме сиромашни. Мизерни сме, гледаме да зграбиме само нешто пред нас... Нема човечност воопшто :cautious:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom