Долго очекуваниот трансфер на Димитар Бербатов од Тотенхем во Манчестер Јунајтед може да биде реализиран токму на време и Бугаринот да дебитира на мечот во сабота.
Извештаите во Англија веќе говорат дека Тотенхем најпосле се согласил да го продаде одличниот напаѓач по значително зголемената понуда на
Црвените Ѓаволи од 28 милиони фунти. Лондонскиот тим претходно ја одби понудата од 20 милиони со објаснување дека нема да го ослободат Бербатов за помалку од 30 милиони фунти.
Во меѓувреме претседателот на клубот, Даниел Леви и персоналот негодуваат за начинот на кој Сер Алекс Фергусон го врбуваше бугарскиот интернационалец и се спремни да го обжалат случајот.
Менаџерот на Бербатов, Емил Данчев засилено работи на можноста овој трансфер да биде заокружен до вторник. По се изгледа дека на репрезентативецот на Бугарија му преостанува да добие дозвола и да отпатува во Манчестер за да ги договори личните услови и да ги мине лекарските прегледи.