Паметните лажат?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
во категорија на лузери? епа лузер и паметен не се на иста нога, глуп и лузер се на иста нога само, така да не ти држи муабетов.

Паметниот нема ни 1% да ти даде причина да се посомневаш, ако треба и ќе го форматира моментот коа те варал. Епа коа ќе имам траги од кармин ќе измислам две лаги:
1. Другарками уз гушкање ме мачнала.
2. Ќе земам од твојот кармин, ќе поминам згора над мачканото и ако ме прашаш ќе ти речам: Спореди, види дека е твојот.

Која е посупериорна лага?

А што подразбираш ти под човек кој незнае да игра со отворени карти, односно нема гз да се види со вистината во очи, па мора да смислува да крои лаги кој накрај пак ќе му ги разоткријат?
 
А што подразбираш ти под човек кој незнае да игра со отворени карти, односно нема гз да се види со вистината во очи, па мора да смислува да крои лаги кој накрај пак ќе му ги разоткријат?
Ако му ги разоткријат точно дека е лузер а што ако не му ги разоткријат, што е он тогаш? :)
 
Ако му ги разоткријат точно дека е лузер а што ако не му ги разоткријат, што е он тогаш? :)

Кога и да е ке го разоткријат, ти познаваш нечија лага што останала скриена?
И да има а нема, пак нема во мој очи да е човек оти живее во лага, кога лажеш пред се сам себе се лажеш нели?
 
Кога и да е ке го разоткријат, ти познаваш нечија лага што останала скриена?
И да има а нема, пак нема во мој очи да е човек оти живее во лага, кога лажеш пред се сам себе се лажеш нели?
„кога и да е“ тоа е многу некомотна реченица, можда после 10000 години кога и нема да бидеме живи :) а тоа „ако лажеш, сам се лажеш пред себе“ е мисла за првачиња да не лажат прозлезено од „тоа шо несакаш да ти го прават не го прави на други“ :)
 
Паметниот нема ни 1% да ти даде причина да се посомневаш, ако треба и ќе го форматира моментот коа те варал. Епа коа ќе имам траги од кармин ќе измислам две лаги:
1. Другарками уз гушкање ме мачнала.
2. Ќе земам од твојот кармин, ќе поминам згора над мачканото и ако ме прашаш ќе ти речам: Спореди, види дека е твојот.

Која е посупериорна лага?
Не постои паметен лажов.
Ја прв пат слушам дека постои форматирање за неверство, а изгледа и забораваш на женска интуиција околу тој 1 % причина за сомневање.
А околу горенаведените лаги треба да сум многу глупа за да поверувам во нив.
Паметна девојка ти е као детектор за лаги.
Само да не се разбереме погрешно. Во овој заебан свет, многумина би сакале да живеат во лажно среќен свет. На тие не им е важно дали партнерот ги лаже, важно им е да не бидат сами. Тие ќе поминат преку сите лаги, само да имаат некој до нив. Ќе платат ако треба огромна цена, за да бидат лажно сакани. Тоа најчесто се луѓе без свое јас. Луѓе кои не се ценат себе, немаат гордост и достоинство.
--- надополнето: 30 март 2012 во 12:10 ---
Ако му ги разоткријат точно дека е лузер а што ако не му ги разоткријат, што е он тогаш? :)
Тој е исто лажов, кукавица, пи*ка.
Ако имаш муда да ебеш, ќе имаш муда и да признаеш.
 
„кога и да е“ тоа е многу некомотна реченица, можда после 10000 години кога и нема да бидеме живи :) а тоа „ако лажеш, сам се лажеш пред себе“ е мисла за првачиња да не лажат прозлезено од „тоа шо несакаш да ти го прават не го прави на други“ :)

Џизас ај сеа со муабетите мижи асан да ти баам.... па се открива лагата колку и да си умешен ќе цвикнеш некаде, нели е подобро да си тера исрекн и ич к да не му чуе, и сабајле коа ќе си се види во огледало да немора од памет да се вади и да се праша кој е овој бре, и што вкусно денес ќе мора да зготви и секој ден тоа па тоа, ќе може ли да живее на тој начин, нон стоп на готовс?

П.С. Јас сум така воспитана дека кога лажеш да знаеш дека пред се сам себе се лажеш... колку и тебе да ти звучи првоодделенски јбга, не секој има можност да живее чесно и со чист образ.
 
Проблемот лежи во нашите сваќања за опшеството што не опкружува.. Секој, ама баш секој нормален човек го има чуството дека "баш тој" е ментално супериорен во одредена ситуација.. и ако тогаш осети дека околу него има слаби карактери - ќе проба манипулативно да делува на нив, да лаже, да гравитира кон својот замислен свет.
Нормално, во многу случаи тоа е само лоша проценка - наивно и површно чувство дека тие околу тебе - те веруваат.
Но исто факт е дека поинтелегентните луѓе, пред се луѓе со богат речник - можат да го злоупотребат фактот што личноста наспроти нив не размислува на иста френкфенција.
Зборот паметни е широка дефиниција, јас би рекол опшествено либерални и комуникативно богати луѓе - се тие што го имаат тој профил.
Лагата е некогаш неопходоен катализатор на моменталниот амбиент, а некогаш е само лична сатистфакција и привремено бегство од реалноста.
 
Кога лажеме не мора да значи дека се лажеме себеси, тоа важисамо за одредена група на луѓе кои целосно се идентификуваат со алтернативната реалност што ја прикажале, а тоа е болест и често се случува ненамерно и без контрола.

Додека пак, постои лажење кое служи чисто ради избегнување непотребно недоразбирање помеѓу две или повеќе различни гледни точки, како не би дошло до повреда на чувства кај едната страна (мислам дека тука поинтелигентните знаат повеќе да се снајдат).
 
А немислиш дека недоразбирањето ако го компензираш со утешна лага може само да ги наголеми настанатите проблеми и недоразбирања?
 
А немислиш дека недоразбирањето ако го компензираш со утешна лага може само да ги наголеми настанатите проблеми и недоразбирања?

Да, можеби ќе ја усложни ситуацијата ако биде разоткриено. Но вреди да се обиде човек, чисто од морално/етички аспект на таа лага треба да се гледа како добродетел. Со тоа што ќе излажеш како не би повредил чувства на друг се потврдува фактот дека се грижиш за чувствата на другиот, дека не ти е сеедно, дека има значајно место во твојот живот :)
 
Магус бејб, како може тој што ти значи во животот така да го фарбаш ко фасада да го направиш се со цел да прикриеш нешто, а да се вадиш на тоа дека само сакаш да не му ги повредиш чувствата а напротив баш си играш со истите? Нели е поубаво лицето да ја почувствуа болката и ако ќе боли , арно ама ќе знае дека е вистина и можеби ќе се најдете некаде на пола пат и ќе го решите тоа со некое многу страстно дело? :)
 
каква има врска дали лажел понтелегнтна особа или помалку интелегентна особа ?? пред се да знаеш да лажиш е еден вид талент,а дали си паметен или глуп не значи дека знаеш да лажиш......стекнатата доверба лесно се губи ако го сетиш некој дека кажува лаги,спрема тоа одредете сами кои се посклони на лаги
 
Политичариве паметни да не се? Па лажат ко кучиња.
 
nemora da bidesh pameten za da lazhesh,mislam deka pametnite voopshto ne lazhat zatoa shto ne dozvoluvaat da se dovedat vo situacija da lazhat tuku se e toa stokmeno za da nema nikakvi prashanja odposle,,,,,,,,lazhat tie shto ne umeat /aj po moderno/ dobro da ja izmenadzhiraat rabotata ,,, i se fateni in flangranti,,,,,ili se naseteni od nesposobnosta na dobro zavrshena rabota prethodno,,,,,,,,,taka da lazhat ,i ednata kategorija i drugata,,,,,,,,a nesmee da se zanemari i faktorot sreka,,ili maler,,,,,,,,koj vo najgolem del od inkrimiranite,,,sostojbi gi otkrivaat,kolku i da sme uspeshni vo prikrivanjeto,

a jbg,,,,vo ovoa deneshno je##no vreme veke pochnuvam lazhenjeto da go poistovetuvam so pokvarenost,,,,,,,
 
- ако сакаш да дојдеш на власт мора да научиш да лажеш,
ама тие што те слушаат и гласаат да мислат дека е вистина
ако не те бива за ова ќе си останеш доле и ти како гласач
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom