- Член од
- 30 март 2012
- Мислења
- 63
- Поени од реакции
- 38
Не е точно човекот никогаш не лаже,само ја преовеличува вистината,некој повеќе некој помалку

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Попаметните (е сега... да не даваме критериуми) дефинитивно подобро лажат. Не е дека лажат, зошто се попаметни. Сите лажат.
Попаметните се подобри лажговци, и подобро мирисаат друг лажго.
Од друга страна, поглупите (го мразам овој збор, но ајде) најчесто ја претставуваат и ,,добрата,, ,,моралната,, страна на едно општество. Со самото тоа што во главата си имаат свртено филмови за добрина, сите со сите се сакаат, сите со сите се фер... не им оди добро лажењето.
Не мешај глупоќа со добрина. Ако е мала разликата ама сепак постои разлика.
Е цело време матам го ова ама на кој ќе му текне. Мозоци у лер.Богами, за да смислиш добра лага, треба да си паметен, а уше попаметен за таа да не ја заборавиш и да не се фатиш во своите канџи.
Во основа за да бидеш добар лажго битно е да бидеш и снаодлив, текнувало, а за се тоа треба да бидеш доволно интелегентен-паметен. Значи пак се вракаме на она првото- за да бидеш умешен лажго треба да имаш малку повеќе памет.
Секоја паметна жена знае дека на еден маж не треба да му ги открие сите свои тајни, еден ден сигурно нејзината искреност би била злоупотребена од страна на мажот.
Секој помалку паметен маж, мисли дека не треба да и ги открие сите свои чувства на една жена, за да не бидат злоупотребени од нејзина страна.
Жените подобро ја поднесуваат искреноста и знаат да бидат благодарни кога партнерот е искрен со нив.
Мажите повеке се плашат од искреноста и знаат да бидат лути на оние кои се искрени кон нив.
Само помалку паметните жени се отваррат во целост пред еден маж.
Само паметните мажи се отвараат во целост пред една жена.
Лажењето во сите други работи не го одобрувам, но во љубовта...
Во љубовта имаме само еден партнер и треба да го убедиме партнерот дека ние сме, најубави, најпаметни, најбогати - што обично не сме. И затоа мора да лажеме и стварно сите лажеме.Тие лаги можат да бидат сосема мали, на пример: Девојките носат високи подпетици за да изгледаат... или ќе се намирисаме за да ... А можат да бидат многу по сериозни: Глумиме дека партнерот не ни е привлечен... или дека се интересираме или за нас се интересира друг..
Дали има љубов без лажење. Има, но само во два случаја: 1. Ако сме самоуверени, искусни и најдеме партнер со исти карактеристики со кој взаемно се привлекуваме, што многу ретко се случува. 2. Кога сме несреќно вљубени и кога се „ отвараме “ пред партнерот надевајќи се дека на тој начин ќе ја стекнеме неговата наклоност.
Во сите други случаи ситните лаги се присутни. Секако треба да се внимава да со тоа „ лажење “ не го повредиме партнерот.
Во право си, но современите врски се засноваат на она што се нарекува љубов. Ако си премногу отворен, без обзир дали е во прашање маж или жена, ќе исчезне илузијата на љубовта.Во врска треба и двајцата да се отворено со своите чувства. Како што машко може да искористи женски чувства, така и женско може да си игра со машките чувства. Во двата случаи, тоа не е во ред. Сите имаме работи, чувства кои сакаме може за себе да ги задржиме.
Твоите зборови се многу привлечни но те демантира Алка Вуица - Лажи ме..Без разлика на големината на лагата (голема или мала) во љубота пријателе никогаш не треба да се лаже. Тука има чувства, а со нив не е фер да се игра, посебно ако спроти тебе имаш некоја личност која е емотивна и лесно ранлива. Еднаш кога ќе ја излажеш и ќе и фрлиш дамка на сликата која за тебе ја има нацртано веќе е готово. Тоа е крај на таа врска.