PIRATIC
diplomiran klozetar
- Член од
- 26 јануари 2012
- Мислења
- 7.854
- Поени од реакции
- 6.497
Бесполезна е дискусијата во која ќе докажуваме кој е најјак во светот !
Факт е дека Русија е јака земја, светска сила, исто како и С.А.Д., Н.Р.Кина и.т.н. е сега кој од нив е најјак џабе ќе се натегаме да докажуваме !
Овие земји се светски титани и при нивен судир, не мора да е воен судир, може да е и судир на политичка, економска, културна, научна... база, секогаш најдебелиот крај ќе го јадеме ние земјите-џуџиња(ситните риби) !
За време на полувековната студена војна, иако противници беа Капиталистичкиот Запад(предводен од С.А.Д.) и Комунистичкиот Исток(предводен од тогашниот С.С.С.Р.) сепак војните во тој период не се водеа на нивни територии, туку на неутрален терен во делови на Латинска Америка, делови од Африка, делови од Азија и.т.н. значи сепак подебелиот крај го изедоа сосема трети: Кореанци, Виетнамци, Авганистанци и.т.н. !
Истото се случува и сега, во борбата помеѓу големите светски титани, ќе настрадаат токму некои поситни риби, на пр. Сирија во светски рамки е ситна риба, исто така и Либија во светски рамки е ситна риба, па и Тунис, Египет, Ирак и.т.н. Иран на пр. е регионална сила, но во светски рамки нема некое големо влијание и Турција е регионална сила, но во светски рамки не е којзнае што, а пак ние како држава, во светски рамки сме леблебија !
Во светот владеат, одлучуваат и фактор се, не повеќе од 10 држави, сето останато се држави од втор и од трет ред, од втор ред се држави кои немаат светско влијание, но имаат некакво регионално влијание, а пак ние спаѓаме во држави од последен(3)ред, кои немаат ниту светско влијание, ниту пак регионално влијание !
Инаку помеѓу државите никогаш не постоеле, не постојат и нема да постојат вистински пријателства, туку само ’’пријателства‘‘(од интерес), слично како ’’брак‘‘(од интерес), нема врска тоа исти/слични: јазици, култура, идеологија, религија, раса и.т.н. пријателствата помеѓу народите т.е. помеѓу државите одсекогаш биле исклучиво од интерес, а не од некакви ’’сличности‘‘ врз база на: јазик, религија, идеологија, раса, култура и.т.н. !