Еве што Јапонците освоиле, ова е нивниот краен домет. После ова трпат порази и се повлекуваат.
И демек ова е малце? Во тој дел што го држеле Јапонците живеат 1/5 од светското население. „само“ цела Индокина, Филипини и пола Кина. И нормално дека ќе почнат да губат, од една страна Русија од друга страна САД. И пак тоа што го издржале е добро.
Еве ти го фронтот во Хрватска, ЈНА котролираше само територии каде Србите се мнозинство или значителен број.
Абе ЈНА не освојуваше териториии, ЈНА беше во тие територии. Не отиде да освојува во Загреб. ЈНА била воена сила која очекувала да има подршка од домицилното население и никако не била спремна за граѓанска војна. Многу логично е да останала само на територии со Српско население, пошто на крајот ЈНА заврши само со Српски војници. Макеоднците, Хрватите, Словенците, Босанците и Албанците се повлекоа. И остана да се брани само Српската територија.
Денес блиц крик војни само кај држави од 3 свет мали или ептен утепани, Кина, Индија заборави (не се тоа што биле некогаш). За Европа и да не зборуваме, премногу е несериозно. Да не се нуклеарките... непишано правило е дека богатите и побројните ги освојуваат посиромашните затоа што тие се моќни, обратно многу тешко.
Абе не е само богатството во прашање, ај размисли кога ќе земеш вкупно, колку биле побогати државите што ги освоил Хитлер. Во моментов освен Британија, никој во Европа нема посериозна воена технологија, која би можела да ги запре Русите во својот напредок. На пример, кога би стигнале до граница со Франција, Французите веќе не би можеле авион да полетаат. Германците имаат потенцијал, но се доста ограничени после втора светска војна. И на крајот на краиштата(1), богатството не се мери само во економија и златни резерви, туку се мери и во ресурси, технолошки достигнувања, воена технологија и оружје воопшто, образование, човечки ресурси, и така натака. На крајот на краиштата(2), најголем проблем во освојувањето не е самото освојување, туку територијата да се задржи. Проблемот е каква логистика ќе се оформи за таа територија. Значи тука не збориме за задржување на територија туку за освојување.
И на крајот на краиштата(3), повеќе отпор ќе има во Кина и Индија одколку во Европа, баш од причина што Индија и Кина користат доста Руско вооружување.
Руското напредување во Европа би можело запре во оној момент, кога во војната ќе се вмеша САД. Не за џабе стојат сеуште Амерички бази низ Европа. Од кого ги бранат од Арапите? Или од Марсовците?
За некогашните митови за суперспособностите на Руската армија, ти кажав веќе, во Чеченија се виде што и како можат да направат.
Како што кажав, потклекнале на офанзива, во моменти кога моралот во по распадот на СССР беше на многу ниско ниво, но види ја втората војна во Чеченија како се одвива. Интересно е што после втората Чеченска војна, нема никакви траги од вахаби движењето во Чеченија. Имај во предвид според тоа сега што се дешава со арапската пролет (и на пример во Авганистан за време на Советската окупација), дека се покажува дека вахаби влијанието е силно подржано од САД. И на крајот на краиштата, војната во Чеченија не беше против Чеченците, туку против одредени исламистички структури, кои и не беа мнозинство од населението. Едноставно колку што е пораз Виетнам(кој дал 3 милиони жртви ) за САД(100.000), толку е и Чеченија пораз за Русите(2000 жртви).
Што знаеш ти(или било кој) за Руската армија повеќе од холивудските филмови и западната пропаганда? Зошто не се запрашаш што се случуваше во пет дневната војна во Грузија, Ингушетија, Дагестан.... Русија имаше проблем во транзицијата, имаше тешки моменти, но факт е дека се буди. Русија ќе се врати многу појака одколку што беше советскиот сојуз. Најтешкото го помина и сепак остана конзинстентна во образованието(најдобри технички факултети во светски рамки што значи најквалитетни кадри), квалитетни човечки ресурси и квалитетно образованието е број еден ресурс што му е потребен на една држава. Во ниеден момент, не паднала толку ниско да не може воено да се носи со САД, дури ни во најтешките моменти.