Сè за потењето

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
а џабе ти ако си испотен и стаиш дезодоранс уште повеќе ке мирисаш
 
измиј се со топла вода накај пожешка нека биде со сапун под пазувите 2-3 пати и стави дезодоранс, ич нема да мирисаш
абе не мириса приајтеле..ама се познава по облека.. тоа ми е зборот.
--- надополнето: 29 март 2012 во 10:44 ---
Шо ти значи да си „градско дете“ :icon_lol:

А покрај дезодорансите, си пробал со стикче? Потта ти ја претвара во немиризлива вода и нема да ти се лепи :) ја до 16 година имав такви проблеми ама ко почнав стикови ова она неам више :)
try it
сум пробал и со стикче..исти ку*ац..
 
абе не мириса приајтеле..ама се познава по облека.. тоа ми е зборот.
--- надополнето: 29 март 2012 во 10:44 ---

сум пробал и со стикче..исти ку*ац..
Темата веќе постоеше. Ја споив твојата со веќепостоечката.
Пролистај низ страните наназад, можеби ќе најдеш некој корисен совет.
 
Јас сум машко и имам 16 години. Од пред една...една ипол година почнав да имам проблеми со потење во пределот на пазувите..пробав со разни дезодоранси..без ефект.
има некој друг како мене..и што да правам?

Прекумерното потење може да биде спореден ефект на користењето лекови и секој кој страда од тоа треба да побара совет од доктор, пишува германското медицинско списание Цајтшрифт фур Алгемајнмедицин.
Луѓето кои се потат по целото тело можеби страдаат од општа хиперхидроза, кога потта се произведува без потреба да се излади телото.
Локализираното прекумерно потење на поедини делови од телото може исто така да биде резултат на заболување наречено фокусна хиперхидроза.
Мерењето на крвниот притисок и прегледот на лимфнитеВ јазли може да биде од корист во поставувањето на дијагнозата.
Умерените облици на болеста можат да се лекуваат со лекови, а во екстремни случаи, можно е хирушко отстранување на потните жлезди.​
 
Вака имам проблем со потење под пазуви(мишки).Се потам многу,ама потта не ми мириса туку ми се познава на маица,кошула и изгледа многу грдо,дури и ми стана комплекс тоа,и одите дотаму што сега бирам и какви бои на облека ќе земам се со цел да не се познава толку.

Сум ги пробал сите стикови од најефтин до најскап,ама проблемот уште си е тука.На ниедно друго место не се потам толку колку што се потам под пазуви.

Ако може некој да ми даде некој совет или да ми препорача некој препарат за да го отргнам овој проблем.
 
Welcome to the club :pos:.

И јас го имам сличниот проблем. Намали само со внес на течности , а летно време со топла вода се замивај по мишки , не со ладна. ;)

Евентуално ако прекумерно се потеш постои третман со инекции , ама мислам дека е малце солена цената
 
Вака имам проблем со потење под пазуви(мишки).Се потам многу,ама потта не ми мириса туку ми се познава на маица,кошула и изгледа многу грдо,дури и ми стана комплекс тоа,и одите дотаму што сега бирам и какви бои на облека ќе земам се со цел да не се познава толку.

Сум ги пробал сите стикови од најефтин до најскап,ама проблемот уште си е тука.На ниедно друго место не се потам толку колку што се потам под пазуви.

Ако може некој да ми даде некој совет или да ми препорача некој препарат за да го отргнам овој проблем.
И јас исто го имам овој проблем сега дури и летоска се повеќе ќе биде зачестен а имма другари кои ич не се потат! Сум пробал со сите дезедоранси ама небива...
Ако не се бричиш под пазуви обричи се тоа ќе помогне малце и корист Рексона на мене од сите највеќе ми помага ама пак не до толку имам гоооооооооолем круг пшосле 2-3 саати носење мајца! незнам незнам ако знае некој некое чаре нека кажува...
 
купи си рексона од 50 денари од малите помага
 
Кога реков дека сум пробал се,значи сум пробал се од дездоранси и стикови.А да нормално дека сум без влакна под мишка. :D
 
Лидера(крема) друже користи па после да частиш Пиво :)
 
Кога носам очила за сонце многу помалку се потам (2-3 пати помалку) отколку кога не носам. Незнам зошто е тоа така и чудно е :) Пробаj може и каj тебе ќе работи.
 
Лекување на хиперхидроза (прекумерно потење) со ботокс

Хиперхидрозата (или профузно потење) е појава на прекумерно или засилено лачење на потните жлезди на различни делови на телото. Симптомите на засилено потење може да варираат кај разни особи. Кај некои лица потењето може да е толку силно, да предизвикува психолошки дисконфорт и непријатни козметички дефекти.
Во медицината познати се неколку начини за лекување на прекумерното потење, но повеќето се со слаб ефект.
Инјектирање на определени дози ботулинов токсин (ботокс) во соодветната регија го намалува лачењето на потните жлезди. Дејството трае 5–10 месеци, во зависност од индивидуалната способност на организмот да го ресорбира ботоксот.
Како се аплицира ботоксот?

Се прави јоден тест кој ги оцртува зоните каде најмногу се лачи пот, под пазува, на дланките, на стапалата. Во регијата се инјектира неопходната доза на ботокс рамномерно распоредена. Количината зависи од регијата, а ја одредува дерматологот.
Дали има несакани ефекти?

Кога ќе се запазат сите правила од страна на дерматологот, процедурата е безболна и безопасна.
Кога се гледа ефектот?

Ефектот од ботоксот се гледа по неколку дена, кога би требало потењето да запре. Понекогаш е потребно додавање дополнителна количина на ботокс за да се постигне полн ефект. Треба да се напомене дека кај мал процент (околу 3%) од луѓето процедурата нема ефект.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom