Жената што ја клоцаа на градски паркинг - како да ја најдам?

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Еве што најдов на интернет страницата на ЗЕЛС, за оваа посета на делегацијата Мониторинг комитетот на Конгресот на регионални и локални власти на Советот на Европа:
http://www.zels.org.mk/Default.aspx?news=ef00b037-1045-4f14-8d4c-af39212d4843&type=761ebe4c-eda4-4b1d-ac2e-4717a43668e9&ln=3
Посета на делегација на Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа на Република Македонија
6 декември 2011

Согласно правилата на Советот на Европа, на секои пет години, специјална делегација на Конгресот на локални и регионални власти, посетува некоја од земјите членки, а со цел утврдување на состојбата на локалната демократија и почитување на Европската повелба за локална самоуправа.
Таква делегација, предводена од Јан Микалеф, локален функционер од Малта, а составена од експерти и локални функционери, во моментов е во посета на Република Македонија и тоа во период од 5 до 7 декември.
Првите состаноци се одржаа во просториите на ЗЕЛС и тоа на пети декември во два термина. Во 9 часот известувачката делегација се сретна со членовите на македонската делегација во Конгресот на локални и регионални власти, и тоа Иван Франгов, градоначалник на Гевгелија, Зоран Заев, градоначалник на Струмица и Енвер Пајазити, градоначалник на Брвеница.
Вториот состанок започна во 10 часот, а на него учествуваа Претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски и Потпретседателот Зоран Дамјановски.
Прашањата упатувани до претставниците на македонските локални власти, воглавно се однесуваа на степенот на децентрализација, степенот на слободно одлучување во општините на Република Македонија, надлежностите со кои раководат, како и задоволствоти од соработката со централните власти и другите државни институции. Посебен акцент во разговорите се даде на состојбата со финансиската децентрализација, а едно одглавните прашања кон македонските претставници беше и дали државата и сите нејзини тела ја почитуваат Европската повелба за локалните власти, согласно која ниту една надлежност не може да се префрли на локалните власти, доколку не им се префрлат и соодветни финансиски сретства за извршување на истата.
На состаноците се дискутираше и за енергетската сфикасност, за употребата на јазиците на локално ниво, како и за рамноправно учество на половите во управувањето во локалната самоуправа.
Делегацијата на Совет на Европа, во наредните денови од својот престој во Македонија, ќе оствари средби и со претставници на три поединечни општини и тоа, Градот Скопје, Желино и Струмица.
Од државните институции средба ќе одржат со Министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта, со претставник на министерството за финансии, со претседателите на собраниските комисии за буџет и финансирање, комисијата за локална самоуправа и за заштита на човековите права и слобода.
Состаноци ќе се одржат и со Правобранителот, со Уставниот суд, како и со државната независна ревизија.
Извештајот од посетата во нацрт верзија, сите институции кои биле посетени, ќе го добијат на почетокот на март, заради свои сугестии и надополнување, додека финалниот извештај ќе биде презентиран на пленарната седница на Конгресот за локални и регионални власти, кој ќе се одржи во октомври 2012 година.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сеуште нема никакви вести за Жената која ја клоцаа. Сепак, во поднесокот до Судот во Стразбур јас го опишав овој настан. Кој сака и има трпение, може да го погледа целиот поднесок на страницата 13 од темата: автомобилизам и мотоциклизам - зонско паркирање - револтирани граѓани. Делот за Жената гласи овака:
На 18. 11. 2011., повеќе електронски медиуми, известија дека 34 годишна жена била клоцана од работник на Јавното претпријатије кој се обидувал на нејзиното возило да постави блокатори на тркала. Јас веста ја најдов на електронскиот весник Нетпрес, Прилог 3.1 на следнава интернет адреса: http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=94815&kategorija=4. Иста вест ја најдов и на електронскиот весник Курир, Прилог 3.2:http://kurir.mk/makedonija/vesti/50263-Zena-dobila-kloca-od-vraboten-vo-Gradski-Parking. Во овој напис се дадени иницијалите на Жртвата на тортура и е известено дека Полицијата ќе поднесе соодветен поднесок. Ова вест се појави и на вестите на телевизијата Канал 5. Неколку дена подоцна, на 24. 11. 2011., во весникот Вечер, кој има и печатено и електронско издание, е објавен подолг напис, со наслов „ Навикнати сме да не пцујат “, кој содржи изјави на лица кои го вршат ова незаконско казнување и во кој е потврдена веста за оваа тортура над 34 годишна Жена од Скопје. Во Прилог 3.3 доставувам фотокопија од електонското издание на весникот Вечер каде, оваа вест ја најдов : http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B1AD1A422978D247B203552BA4C33378.
Безуспешно се обидував да го дознам идентитетот на ова Жртва на тортура и да ја замолам да сведочи во мојот предмет. Се обидов да ја побарам преку интернет форумот „ Кајгана “, таа страница имаше скоро 3000 посетители, но сега засега не сум ја пронашол. Ќе продолжам да го барам идентитетот на оваа Жртва и штом ќе ја пронајдам ќе го известам Судот.
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1
Таа храбра Македонка, го бранела сопствениот имот. Никој нема право да ја попречува да го користи сопствениот имот. Тој не вршел службена должност, туку вршел незаконско и прекумерно казнување со цел да, од тие казни, тој и директорите земаат плата. Инаку нејзиниот пример треба да го следат сите, прочитај во темата автомобилизам и мотоциклизам - зонско паркирање - револтирани граѓани има многу постови во кои е објаснето кој и што стои зад ова.
..... Дечко ти очигледно неќеш да сватиш или се правиш мутав во целава оваа ситуација... алооо па како можат да стават блокатор ако немаат законско право.... што не земеш ти или ја да блокираме ако мислиш дека е така ????,, ти очигледно си во заблуда некоја... ти очигледно не си ја поминал границата на Р.М .... дечко преиспитај се малку, јас можам да ве разберам зашто и мене колата ми била и блокирана и однесена на пајак,,, али пак ке повторам по моја вина...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
..... Дечко ти очигледно неќеш да сватиш или се правиш мутав во целава оваа ситуација... алооо па како можат да стават блокатор ако немаат законско право.... што не земеш ти или ја да блокираме ако мислиш дека е така ????,, ти очигледно си во заблуда некоја... ти очигледно не си ја поминал границата на Р.М .... дечко преиспитај се малку, јас можам да ве разберам зашто и мене колата ми била и блокирана и однесена на пајак,,, али пак ке повторам по моја вина...
Почестен сум што ме нарече „ дечко “. Ти благодарам, всушност така и се чувствувам.
Директорите немаат законско право да поставуваат блокатори и да ги казнуваат граѓаните што не платиле за паркирање. Во ниеден закон не е предвидено казнување на граѓаните кои не платиле за паркирање. Ако најдеш таков закон демантирај ме...
А границата на Република Македонија сум ја поминувал повеќе пати, дури и сум вложил жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур околу дискриминацијата и незаконското и прекумерно казнување на зонските и другите паркиралишта.
Да те прашам - дали си ти вработен во зонско?
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1
Било какво кaзнување на граѓаните кои не платиле за паркирање не е предвидено по ниеден закон во Република Македонија, ниту е можно според Законот за облигациони односи, да се предвидат договорни казни за парични побарувања.
Ти тврдиш, спротивно, повели дематирај и наведи според кој закон се врши ова казнување.
Директоре, Директоре ... Очигледно се плашиш за својата лична безбедност и безбедноста на зонашите. И јас би се плашел, кога би пљачкал и вршел зулум, односно кога би вршел незаконско казнување.
Одлуката можеш да си ја прочиташ.. Службен Гласник на град Скопје бр. 17/08
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1
Почестен сум што ме нарече „ дечко “. Ти благодарам, всушност така и се чувствувам.
Директорите немаат законско право да поставуваат блокатори и да ги казнуваат граѓаните што не платиле за паркирање. Во ниеден закон не е предвидено казнување на граѓаните кои не платиле за паркирање. Ако најдеш таков закон демантирај ме...
А границата на Република Македонија сум ја поминувал повеќе пати, дури и сум вложил жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур околу дискриминацијата и незаконското и прекумерно казнување на зонските и другите паркиралишта.
Да те прашам - дали си ти вработен во зонско?
Не не сум вработен,,, не сум луд да ме пцујат и вреѓаат секој ден некултурни и неписмени граѓани.... си постојат одлуки и членови ... можеш да си најдеш и во службен весник,,, ако немаат право нема законот да ги штити ... едноставно полицијата е позади нив... значи никој нема да ме убеди кога лично сум гледал како полицаец во униформа си плаќа казна.. значи да не се у право полицајците не би плаќале сигурно....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не не сум вработен,,, не сум луд да ме пцујат и вреѓаат секој ден некултурни и неписмени граѓани.... си постојат одлуки и членови ... можеш да си најдеш и во службен весник,,, ако немаат право нема законот да ги штити ... едноставно полицијата е позади нив... значи никој нема да ме убеди кога лично сум гледал како полицаец во униформа си плаќа казна.. значи да не се у право полицајците не би плаќале сигурно....
Зарем не си чул за вицеви за полицајци....
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1
Градот Скопје не донесува закони.
... Сега ме замисли кога велиш дека не носи одлуки ... ова сега ми звучи ко да не треба да плаќаме комуиналии, осветлување, и уште еден куп давачки кој ги плаќаме на градот... искрено ме замисли .. направи едно здружение за не плаќање на сметки кои се донесени од Град Скопје, )))))) или по мене најдобро е да се врати оној од каде дошол .. со место на раѓање... од таму кај што дошол сигурно нема ни пајаци, ни зонско, ни давачки спрема Градот...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
428
Поени од реакции
519

Ниту ме интересира дали Скопје носи закони или не носи, ниту ме интересира како функционира градски паркинг но ќе се осврнам на твојата (не)култура и арогантност која може да биде демонстрирана само од службеник вработен во градските власти. А и да не си таму вработен, најверојатно си го поминал пубертетот и нема потреба да се однесуваш како таков.
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
:tapp:
Баш напротив ти велам да пишуваш уште повеќе, најискрено.
А за твојата констатација, па ако жената го удрила прва, тој копукот не можел да викне полиција или да иде кај некој надлежен или кај некое директорче? Така ти размислуваш.
Или го браниш мажот што клоцнал жена? Ебати мажот и тој што е...
pa mozebi e peder zatoa go brani mazot
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
13
Поени од реакции
1
Ниту ме интересира дали Скопје носи закони или не носи, ниту ме интересира како функционира градски паркинг но ќе се осврнам на твојата (не)култура и арогантност која може да биде демонстрирана само од службеник вработен во градските власти. А и да не си таму вработен, најверојатно си го поминал пубертетот и нема потреба да се однесуваш како таков.
Јас незнам зашто тогаш се мешаш во разговорот... ЈАС А ВО ТОА СУМ СИГУРЕН И МНОГУ СКОПЈАНИ СИ ГО САКАМЕ ГРАДОТ УБАВ ЧИСТ И УРЕДЕН .... А ВЕРУВАМ И СЕКОЈ БЕЗ РАЗЛИКА КАЈ ЖИВЕЕ ВО БИЛО КОЈ ГРАД ОД РЕПУБЛИКАТА .... а ти господине ако се увреди од законите на Град Скопје ,, извини .... сепак тие се за жителите на СКОПЈЕ.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
428
Поени од реакции
519
Јас незнам зашто тогаш се мешаш во разговорот... ЈАС А ВО ТОА СУМ СИГУРЕН И МНОГУ СКОПЈАНИ СИ ГО САКАМЕ ГРАДОТ УБАВ ЧИСТ И УРЕДЕН .... А ВЕРУВАМ И СЕКОЈ БЕЗ РАЗЛИКА КАЈ ЖИВЕЕ ВО БИЛО КОЈ ГРАД ОД РЕПУБЛИКАТА .... а ти господине ако се увреди од законите на Град Скопје ,, извини .... сепак тие се за жителите на СКОПЈЕ.

Ах, се извинувам тогаш, нема повеќе да ви се мешам.:)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
... Сега ме замисли кога велиш дека не носи одлуки ... ова сега ми звучи ко да не треба да плаќаме комуиналии, осветлување, и уште еден куп давачки кој ги плаќаме на градот... искрено ме замисли .. направи едно здружение за не плаќање на сметки кои се донесени од Град Скопје, )))))) или по мене најдобро е да се врати оној од каде дошол .. со место на раѓање... од таму кај што дошол сигурно нема ни пајаци, ни зонско, ни давачки спрема Градот...
Градот Скопје, донесува одлуки. Закони донесува Собранието. И јас имам донесено многу одлуки. Ау .. какви одлуки имам донесено... тоа се чудо од одлуки.
Зонско паркирање „не е плаќање сметки “, туку начин да директорите си земаат платички.
По што позна каде сум роден?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom