- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
На 18. 11. 2011, во повеќе електронски гласила, беше објавена вест, дека 34 годишна Жена била клоцана, односно врз неа е вршена физичка тортура, од вработен во ЈП Градски паркинг. После тоа, изгледа и е поднесена прекршочна пријава, затоа што го бранела сопствениот имот од насилник и разбојник.
Јас има поднесено жалба до Европскиот суд за човекови права во врска со дискриминацијата и незаконското казнување што се врши на зонските и други паркиралишта со блокатори на тркала и пајак возила, за што можете да прочитате на овој Форум, тема - автомобилизам и мотоциклизам - зонско паркирање - револтирани граѓани. Жалбата е поднесена на крајот од мај оваа година, но може да трае многу долго додека Судот ја разгледа. Ако ја пронајдам ова наша храбра Сограѓанка, би можел нејзиниот случај на тортура да го опишам во поднесок и да барам Судот побрзо да ја разгледа жалбата и со тоа и јас и сите граѓани да се куртулиме, од срамните, гнасните и омразените, зони, рампи и пајак - возила. Затоа Ве молам да ми помогнете да стапам во контакт со неа
Еве како е за ова известено во нет прес:
Вработен во градски паркинг клоцнал жена
18.11.2011 - 12:41:42
Вработен во ЈП Градски паркинг со клоца удрил жена, откако таа му се нафрлила поради тоа што овој сакал да стави блокатор на предното тркало од автомобилот на нејзиниот сопруг.
Имено во моментот кога вработениот ставал блокатор на предното тркало од автомобилот, сопственост на сопругот на жената, истата го фатила за раменици и го турнала на земја, по што овој се завртел и со нога ја удрил во пределот на телото.
Во врска со тоа од страна на ПС-Центар ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Автор на веста: Нетпрес