А што целава финта со крајот во МЕеее3? Нека ми испојлериса некој слободно.
Мислам крајот на една игра воопшто не треба да биди важен. Во идеален случај секоја партија на една игра има различен крај кој е направен од самите играчи. И од различноста на краевите едноставно дискусијата дали бил ваков или онаков е небитна. Во шах, играта не ти служи крај кој го вади од нигде никаде.
Треба малку од малку да ја знаеш тематиката за да може да ти се објасни. Ќе пробам, ама бледо ќе изгледа...
Крајот на Mass Effect 3 ти дава само три опции, кои една со друга се разликуваат во децимали, а крајниот резултат е, навидум, идентичен. Низ целата игра главниот pitch кој дава каква-таква слобода во делувањето е поларизиран на добри(paragon) и лоши/бескрупулозни(renegade) одлуки. Вториот pitch е иманентно доаѓање на супер моќни машини наречени Reapers чија цел е преку индоктринација(манипулирање со умот на органските суштества) и harvesting(прибирање органски суштества и нивна модификација бла бла бла) да го завршат циклусот на прогрес кај органскиот живот и да се "хранат" со него се до новиот циклус и аседенцијата на нов органски живот. Reaperitorum e mater harvestorum.
Целта на Shepard е да ги спречи, да ја мобилизира галаксијата, бла бла бла, да ја спречи индоктринацијата и во една, последна епска битка, да ја спаси земјата и цееееелиот универзум од сигурна смрт.
Fast forward до крајот на тројката и до двете основни точки(одлуките низ серијалот и индоктринацијата), крајниот логичен заклучок е дека ТИ, играчот, си индоктриниран од играта. По систем на репетиција во концептот на Добро и Зло, го правиш сосем спротивното од она за кое си се борел низ цел серијал. Што и да правиш--грешиш. You go Renegade--it's wrong, coz we all know that renegade is bad, don't we now? You go Paragon, you're wrong--coz you cannot control something as vastly superior as the Reapers, with PHD's about Control. За реперкусиите од третата опција нема да навлегувам, ама и тие се посер за играчот.
Bibil, мораш да го играш серијалов, вака џабе ти дробам.
Од една страна, ќе го мразиш оти е линеарен и оти е трасиран. Од друга страна, кога ќе стигнеш до крајот и ќе го видиш завршетокот на тројката, секоја хипстерска пора од твоето битие ќе се наежи од среќа за таквиот mindfuck кој Bioware и' го приредија на генерално мрзливата и приглупа Call of Duty публика. Ти гарантирам.