Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Ти благодарам.
За етикетите... ама ете, срцка си и си ги призна предрасудите....
И да... цинизмот не ти стои. :)

А јас, да... Параноичен сум, ама тоа не значи дека никој не ме следи ;) (шо би рекол ЖЖР).
Браво, одговор како за возрасен. Тоа што не верувам во попој не е предрасуда, ама тешко е тоа да се објасни на некој што е параноичен. Туку, прашањето...??
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.515
Ај намалете малку со оф-топици и навреди.
Избришав 10-тина мислења. Следниот испад носи забрана за дискутирање (бан од тема).
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Ембрионот нема перцепција доволна, за да го сметам за човечко рамноправно суштество. Затоа што ембрионот, всушност, нема никаква перцепција. Фетусот има. Јас длабоко го почитувам фетусот и неговото право на живот. Затоа, малце погоре, одговорив дека не се согласувам со абортус во 20 и некоја недела, кој е дозволен, како што кажа еден член, во Англија.
За мене е тоа убиство на суштество кое чувствува болка и реагира на својата околина, се бори за својата благосостојба и протестира кога се чувствува непријатно.
Најрано кога можат да се видат некои индикации за малформации е 11 недела, никако пред тоа. Но, оваа недела не дава точни резултати, дури и тест преку крв не дава точни резултати. Единствено амниоцентезата има 100% точност за одредени синдроми кои се испитуваат. Истата, најрано што може да се направи (конкретно за малформации, а не за другите работи) е 15-16 недела. Велат дека најдобро е да се прави околу 18 недела, бидејќи има најголеми шанси да успее целата постапка, односно да се собере доволно материјал кој ќе има шанса да успее на подлогите и да биде прочитан. За резултати се чека неколку недели, во најдобар случај 10-тина дена. Додека се` заврши ете ја стигнала 20 (и некоја) недела.

Можеби грешам, но земајќи го предвид твојот пост мене ми се чита неконзистентност.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.875
Поени од реакции
20.469

Кај нас за да абортираш после 12 недела од бременост, ти треба цел конзилиум на професори, специјалисти кои ќе потврдат дека тој абортус е нужен и истиот мора да се изврши, значи неможе тек така ако на некоја и текнало и се премислила па дај сеа во 20 недела односно 5ти месец ќе абортира, тука земаат улога низа испитувања, малформации на плод, или па ризик по самата трудница, секој друг основ на абортус кој е заснован од лични потреби без претходно евидентирани ризици не е одобрен, е тука имаш после тоа абортуси на црно во приватни „ко ординации“, затоа се препорачува секој абортус да се направи до 12 недела максимум, имам чист пример по мене кога останав бремена со третото, докторот одма ми кажа ако размислуваш за абортус истиот можеш да го направиш точно до тој датум кога тој ми го кажа понатаму ми рече никој нема да одобри абортус, јасни и гласни се и доктори и сите кои се поврзани со оваа тематика, само ние како луѓе дали сме толку одоговорни е знак на прашање.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Ако може некој да ми одговори, дали се големи шансите жената да остане стерилна доколку направила еден по друг абортус во размак од 6 месеца?
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

Koлку што знам Абортус до 12 недела е по избор а после до 24 недела е само со медицинска индикација и треба согласност од комисија.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.875
Поени од реакции
20.469
Ако може некој да ми одговори, дали се големи шансите жената да остане стерилна доколку направила еден по друг абортус во размак од 6 месеца?
Ризиците по стерилитет ги има и по првиот абортус се зависи како е изведен истиот и колку убаво ја сработиле при самата интервенција, тука нема правила, како и тоа што познавам жена која имала минимум 10 абортуси и сеуште е плодна без проблем, значи нема некое правило се е до докторот кој го врши абортусот и кога е истиот извршен, ако аботусот се направи до 7 недела, плодот се вади и со вакум, значи без потреба за гребење на материчните ѕидови, понатаму како што е поголем плодот и ризикот се зголемува.
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Кај нас за да абортираш после 12 недела од бременост, ти треба цел конзилиум на професори, специјалисти кои ќе потврдат дека тој абортус е нужен и истиот мора да се изврши, значи неможе тек така ако на некоја и текнало и се премислила па дај сеа во 20 недела односно 5ти месец ќе абортира, тука земаат улога низа испитувања, малформации на плод, или па ризик по самата трудница, секој друг основ на абортус кој е заснован од лични потреби без претходно евидентирани ризици не е одобрен, е тука имаш после тоа абортуси на црно во приватни „ко ординации“, затоа се препорачува секој абортус да се направи до 12 недела максимум, имам чист пример по мене кога останав бремена со третото, докторот одма ми кажа ако размислуваш за абортус истиот можеш да го направиш точно до тој датум кога тој ми го кажа понатаму ми рече никој нема да одобри абортус, јасни и гласни се и доктори и сите кои се поврзани со оваа тематика, само ние како луѓе дали сме толку одоговорни е знак на прашање.
Се`што имаш напишано го знам, затоа ја прашав Пума, конкретно во нејзиниот пост за болката и свесноста на фетусот, а во контекст на плод со аномалии. Не прашувам за некоја што чекала до 20 недела за да се реши дали да абортира нормален плод.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ама се разгорела темава:P

А толку е едноставен одговорот по ова прашање.

А тоа е - нема конкретен одговор по ова прашање:D

Секој со својот ксмет, од свој аспект, во свој живот, во свое време.

Ниту еден абортус нема иста тежина, ниту еден абортус има иста причина, ниту една девојка не абортира од желба.

Невозможна е генерализација.

Кога ќе дојде до несакана бременост во реалноста, 100% сум сигурен дека ниту една од девојкиве или момциве кои се расфрлаа со мислења тука на форумов, без разлика дали се за или против некое хипотетичко прашање околу абортусот, ќе немаат појма што да прават во ситуацијата, и никако нема да им текне истиот став што го пласираат тука.

Вака тука на форум, далеку од реалноста, сеирџиски може да се брани ставот до 101 и назад, без ниту една реперкусија по себе си.

Јас велам троа повеќе памет у глава, малку ксмет, и секс у велико;) Рецепт за квалитетнно исполнет живот, кој сите го знаеме, ама некој ќе погреши.:P

Ако дојде ситуација да се размислува за абортус, тури му пепел, оплескана е работава. "Грешката" е сторена.
Една од грешките кои се поправаат, но не верувам дека остануваат без лузни понатака во животот, посебно кај девојката.

Јеби га, право на избор за абортус - ДА, но којзнае дали тоа судбоносно ДА е вистинскиот избор.
Никогаш нема да се дознае дали е абортиран новиот Лео Меси, или пак новата Селен Дион. :)

Ѓаолска работа ова абортусов:vozbud: .
Добар е да го имаш како избор, ама што подалеку од сечиј живот, тоа подобро.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
Најрано кога можат да се видат некои индикации за малформации е 11 недела, никако пред тоа. Но, оваа недела не дава точни резултати, дури и тест преку крв не дава точни резултати. Единствено амниоцентезата има 100% точност за одредени синдроми кои се испитуваат. Истата, најрано што може да се направи (конкретно за малформации, а не за другите работи) е 15-16 недела. Велат дека најдобро е да се прави околу 18 недела, бидејќи има најголеми шанси да успее целата постапка, односно да се собере доволно материјал кој ќе има шанса да успее на подлогите и да биде прочитан. За резултати се чека неколку недели, во најдобар случај 10-тина дена. Додека се` заврши ете ја стигнала 20 (и некоја) недела.

Можеби грешам, но земајќи го предвид твојот пост мене ми се чита неконзистентност.
Pearl, се мислеше на здрав фетус, односно, ако некоја од ,,чиста мира,, сака да абортира во 20 и некоја недела. Нормално дека тука не спаѓаат фетусите со болест.
--- надополнето: 26 март 2012 во 12:32 ---
Се`што имаш напишано го знам, затоа ја прашав Пума, конкретно во нејзиниот пост за болката и свесноста на фетусот, а во контекст на плод со аномалии. Не прашувам за некоја што чекала до 20 недела за да се реши дали да абортира нормален плод.
Ете одговор :) Малце понапред и тоа го дискутиравме, зошто баш до 12 недела.

Хејтер мислам дека пиша дека во Англија до 20 и некоја недела, абортусот е сосема легален, само не знам на која основа е донесен таков закон. Тука ако навлегувам во дискусија, ќе треба да го преземам местово на овие од карши, па да убедувам во ,,неморалноста,, на абортусот тогаш. Затоа и потенцирав што е тоа што мене ми разграничува абортус-неабортус, перцепцијата и осетите на фетусот.
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Се сретнале двајца со слободна воља. Едниот човек сака да биде убиен, другиот човек сака да убие. Кој има право на избор? И што вика тој нацистот во црвена одежда околу ова прашање?
Јас...
имам право, гледајќи ги така, да ги викнам на по една ракија и шопска, под сенка, под изговор дека и онака немаат што да изгубат, а мене можат да ми помогнат да ја побијам оваа логичка конструкција.
И тогаш овој што сака да убива има веќе повеќе можности, може да ме убие и мене, а јас, ете, не сакам да бидам убиен....
Овој што сака да биде убиен, пак, љубоморен дека неговото претходно другарче сега веќе сака да ме убие мене, а не него, налутен си заминува од сцената, оставајќи ја ракијата недопиена со заклучок дека за некои работи едноставно не вреди да се биде убиен....

Или, ако зборуваме малку посериозно - ниеден! (т.е. и двајцата имаат право на избор, но....).
Како што напиша Let3 пред неколку страници, волјата на ниеден од приказната не се однесува исклучиво само на него (т.е. било кој од двајцата), без притоа да вклучи и туѓа волја, колку и „другата“ волја да му е наклонета, како во дадениов случај.
П.С. А за интегритетот не се грижи. Тука на форумов го градам со шпил карти, а во животот со камени блокови. Повели дувај каде што ќе посакаш.
Кој рече дека сакам?! Јас изричито реков дека не сакам да нарушам ничиј интегритет, нели?!
Што се однесува до тебе, слободна си да си го живееш животот онака како што сакаш, и ова најмалку... не најмалку..... воопшто, или ми ти ич не зависи од некој рандом форумски лик како мене. И, замисли, јас немам ништо против тоа, не дека е важно....

што, пак, не значи дека не смеам да имам свое мислење за нештата, нели?!
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Па во религија не сретнав олку ад хоминем напади. Аман бе луѓе, дискутирајте цивилизирано.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Златна моја Луција, навистина ми е под ниво и не прифаќам психоанализа од личност која сеуште не си ја знае сексуалната ориентација. Со извинување.
Јас душо, убаво реков, ти не прочита убаво.

Ако мојата ќерка има 15 години, таа, според сите закони, не одговара за своите постапки, јас одговарам за неа. Ако мојата ќерка, забремени на 15, и роди на 16, нема да има старателство над тоа дете, освен ако јас не се согласам да има. Дали ти е тоа јасно?
Законот 15 годишниот човек не го третира како возрасен и способен сам да донесува одлуки. Со тоа што сум ја родила неа и нејзините браќа/сестри јас сум завршила со процесот на прокреативност, не ми требаат и не сакам уште деца.

Мој совет ќе биде да абортира, но не можам да ја присилам. Т.Е. можам, но нема.
Да се биде мајка, не значи само да се роди, расчисти си го тоа. Едно знам дека нема да и дозволам, а тоа е да роди и да го даде детето во дом.
Ако смета дека е способна да биде мајка, нека и е со среќа. Јас нема да бидам мајка на нејзиното дете. Ако смета дека не е способна да биде мајка и дека јас треба да бидам и на неа, и на нејзиното дете старател, од мене нема да најде одобрување.

Добрата мајка, душо, не им ги исполнува сите желби на своите деца. Добрата мајка ги воспитува своите деца. Ако јас сум ја воспитала така да биде морален трол, заслужувам камшик. Ама нема да ја воспитам така, со што, автоматски, твојата претпоставка паѓа во вода. И никогаш во пракса, не сум сретнала бремена 15 годишна девојка која сака да роди. Сите до една, ги присилеле да родат.
А јас моето дете нема на ништо да си го присилувам, само ќе му поставам услови.

Како на пример - сакаш да добиеш кола за матура? Прекрасно, положи ја матурата и запиши факултет, ќе ја добиеш. Не сакаш да студираш? Оди најди си работа и плаќај пола сметки, заработи си за кола. Сакаш дете? Оди најди си работа и издржувај го. As simple as it is.

Мојот ограничен мозок, драга, добро ги перцепира работите околу него, и добро знае што сака.
Во најмала рака, и да имам помалку секс, барем знам со кој пол го имам и сакам да го имам.
И тоа е повеќе, од тебе ;)
--- надополнето: 26 март 2012 во 02:00 ---
Дали мислиш дека поголема траума за една 15 годишна девојка е да го роди детето, или да го абортира?
Не е ретардирано прашањето, знам дека „може животот да си го уништи јфхјдхсбј“....

Дали ако една 15 годишна роди мало бебе, тоа ќе влијае позитивно на нејзината психичка состојба или негативно?
Или, ако го абортира, дали и тоа ќе влијае негативно или позитивно на нејзината психичка состојба?

Што ќе се случи кога таа можеби нема да биде доволно силна да го направи тоа. Има сочуство и останато.
Дали можеби ти ќе (нема да ја присилиш, но посекако дека ќе изманипулираш со нејзините ставови) ја убедиш дека тоа е правилниот избор?

Можеш ли да бидеш сигурна, како после тоа ќе се развива нејзиниот мозок и каква ќе биде нејзината реакција на целата работа?
Дека после тоа нема да те отфрли како родител, да изгуби почит за тебе и останато...?

Ако немаш нерви, можеш и во private да ми одговориш, пошто осеќам дека ќе забегаме oftopic, а и поопуштени дискусии се одвиваат во private.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom