Criminal Minds

CRIMINAL MINDS

Многу јака серија кајганери, јас сум 4та сезона, има моментално 7 сезони и работат уште на оваа серија и прават уште епизоди, значи целокупно може да се каже како серија дека е една од најдобрите направени серии за криминилисиката и мислите и делата на криминалците, во оваа серија се работи за профајлери од FBI кои успешно си ја вршат својата работа т.е цел им е да го фатат сторителот, серискиот убиец, криминалецот и тако даље. Значи во секоја епизода е различен криминалистичкиот сторител и различна е приказната, одприлика една епизода трае 40-45мин, вистинска зараза е кога ќе почнам да го гледам не прекинувам по 6-7 епизоди гледам, се заборавам... Еве ви оцена од IMDB http://www.imdb.com/title/tt0452046/ имаат 8.2/10 оцена. Па батки кој сака да гледа какви мисли имаат криминалните сторители, да гледа како работат детективите(профајлерите) итн слободно ви ја препорачувам оваа серија.

Еве ги и главните детективи(профајлери) во серијата:

На мене омилен ми е Shemar Moore дефинитивно црнецот е еден од најјаките типчиња во филмот.

Ептен јака серија, јас сум 5та сезона, многу јако е направено, иначе мој омилен лик досега е Доктор Рид :icon_lol:
 
Celtics babe imas linkovi od sezonive :D inace rid e najbolje kako cita :D hahahah xD
 
^ Абе ги имаш на замундата, на thepiratebay.org, провери, погуглај малце одма ќе најдеш.
 
Celtics babe imas linkovi od sezonive :D inace rid e najbolje kako cita :D hahahah xD

Од замунда ги симнував ја, провери ко што рече Довичински погуглај малце дааа еб. : ))
 
me mrzii :) gleam sea CSI New YOrk :D ne e loso ni Csi ama nemoze so criminal :D
 
Не е лоша, ама искрено не паднав на гз која гледав неколку епизоди. За мене е просечна серија, која некогаш е во ред да ја гледаш за да утепаш слободно време, ако немаш како попаметно да го искористиш.

Си го повлекувам зборот. Изгледа тогаш нешто измешано ги даваа, нешто од првите, нешто од поновите, па ми се измешаа доста ликови, ама кога ја почнав здраво од почеток да ја гледам ептен ми се допадна. Одлична серија, одлична глума, одлични информации...
Супер е!(y)
 
Моментало се пренесува на Фокс Крајм во понеделник од 20:55 и репризно во недела во истиот термин, а завршница на 6та сезона е.
Најинтересни ми се Морган и Гарсија, кога во една епизода оваа нешто интересно му зборуваше а тоа беше на спикер. :) И познатата реченица кон него, I hate you! :D
 
Мене ептен ми е интересна серијава.
Некако како што поминуваа сезоните така раснат и ликовите.
На почетокот од серијата ми беа ептен укочени, особено Хоч, али понатаму по сите дешавки некако почнаа да се развиваат ликовите.
Исто и за Џенифер мислам беше (плавата), ми беше обична барбика, али испадна дека сепак не е.
Сигурно тоа и била целта на продуцентите. Сега сум до 7 сезона на почетокот, и ме остави буквално со отворена уста. Секако најизвонреден ми е Др.Рид.:X3:
 
Зашто мораше последнава епизода така да заврши
 
Недела и пол не сум спиена поради серијава. Незнам за другите ама мене лично ми е многу добра, одлични приказни, одлични ликови и финалето на секоја сезона е нешто ептен добро осмислено. За разлика од другите криминални серии ми се допаѓа пристапот кон убиствата од психолошка гледна точка и шала на страна али веќе и психозиве почнав да им ги препознавам. Гидион ми беше мн ок, али ни Роси не е лош. Во 99% од случаите на киднапирани деца, децата се убиени во првите 24 часа. Се држат до истите факти и мн ми е добар тој момент. Омилен лик ми е Рид нормално, али и Гарсија е одлична. Сега сум до средина на 5та сезона имам уште три така да уште пола недела нема спиење.....:pipi:
 
Имам гледано епизоди со скокање на ТВ, сега решив да ги симнам и да ги гледам по ред, како што треба.
Мој тип на серија, светлосни години пред CSI. Многу повеќе разработување на карактерот на престапникот, влегување во негова кожа, гледање на светот низ негови очи.
Реид е мојот фаворит, цел живот паѓам на интелигентни мажи :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom