ите што живеат во зграда приклучена на системот за топлинска енергија, ќе мора да плаќаат сметки за парно греење, без оглед на тоа дали се исклучени или не. Оние што не сакаат да имаат никаков трошок за парно греење, ќе треба да се иселат во зграда која не е приклучена на системот за топлинска енергија.
Според неофицијални извори, ова ќе биде изборот за граѓаните по стапувањето во сила на новиот правилник за условите за користење на топлинска енергија, кој сега се подготвува во Регулаторната комисија за енергетика.
Регулаторите, вели нашиот извор, допрва треба да одберат дали на станарите во зградите со парно ќе им забранат да се откажуваат од услугата или на оние што ќе се исклучат, ќе им наложи да плаќаат најмалку 50 отсто од сметката која корисници на топлинска енергија вообичаено би ја плаќале, како што беше и порано.
Ако се воведе забрана за исклучување, на станарите може да им се понуди и опција сметката да си ја намалат преку заштеди на топлинска енергија, но тие не смеат да бидат поголеми од 50 отсто од сметката која вообичаено би ја плаќале.
Овие варијанти се врз основа неколку различни искуства, и тоа од Словенија каде што стан во колективна зграда не смее да се исклучи од системот за греење, зашто станарот со вселувањето се согласил да живее во зграда со парно, и од Германија каде што на корисниците им е дозволено да ја намалат потрошувачката на топлинска енергија за половина, но не смеат да се исклучат.
( DA AMA GERMANIJA SLOVENIJA I MAKEDONIJA NE E ISTO OVDE NARODOT KRPI SO EDVAJ 100 EVRA AKO GI ZARABOTI I TOA 4 CLENO SEMEJSTVO, -TOA E ZA CUDENJE KAKO TIE OPSTOJUVAAT OVE CE POSKAPUVAAT PARNO
Со новиот правилник ќе се воведат и услови за конкуренција во снабдувањето, односно корисниците ќе можат да изберат снабдувач со топлинска енергија, а ќе се зголеми и времетраењето на греење во текот на денот за 1 час.
Од Регулаторната комисија за енергетика вчера не сакаа да го коментираат новиот правилник бидејќи не е готов. Комисијата веќе одржала средби со компаниите кои работат со топлинска енергија за новите правила, а сега е во фаза пред повикување на подготвителна седница, на која треба да се информираат и граѓанските здруженија и градоначалниците за новите правила. Според Комисијата, градоначалниците и здруженијата понатаму ќе треба да ја информираат пошироката јавност за правилата.
Ниту
претседателот на Комисијата Димитар Петров беше достапен за изјава (на фотографијата).
Од Организацијата за потрошувачи на Македонија (ОПМ) велат оти сe уште немаат официјална информација дека се подготвува нов правилник.
"Разбравме, од јавувања од граѓани што се загрижени како ќе биде со новите услови за греење, дека ќе има измени. По сите овие јавувања ќе побараме од Регулаторната комисија да нe информира за содржината на правилникот", вели Ангела Јолакоска, правен советник во ОПМ.
Комисијата доцни со подготовката на овој правилник кој, според законските рокови, требаше да стапи во сила во август минатата година.
eve bi be Prerodbenicite so novi zadolzenija za dobroto na Makedonija
http://vest.com.mk/?ItemID=C19277310963894ABABEDEEAC69FE174
--- надополнето: 24 март 2012 во 08:44 ---