Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Преска Let3 кажа дека не треба да им биде дозволено на оние кои немаат деца да коментираат на тема абортус.
Мене ми личи дека вие што имате деца (со исклучок на некои родители овде кои истите не ги заслужуваат) многу субјективно размислувате на темава баш од причина што имате деца и помислата на абортус некако ја врзувате со вашите сопствени. Кога би можеле да ги разграничите вашите деца од целава ситуација, веројатно би можеле и да ги сфатите аргуметите кои ги изнесуваме. Нормално е - си ги сакаш децата и при помислата на нив и абортус во исто време, те спопаѓа мука, али овде не збориме за тоа.
Глупаво ми е да потенцирам работи кои би требало да бидат очигледни, али ете - не биле.
 
Несакан бременост е исто како болест ти се случува нешто на телото кое несакаш да го имаш. Крив Нос Клемпави Уши итн. АКо некој несака да има бебе нема да има бебе ако има опција да го уништи. Не гледам проблем со тоа. Бебето не составен дел од телото додека не се роди т.е. не е индивидуа и нема што тука да се зборува за права.

Што зборуеш бе :LOL:

Дај прашај ги сите што се мајки веќе и ќе ти кажат.
 
е оти срцето не си го извади бе машко.........на секој можен начин ќе оправдате абортус кој ПРИРОДНО не е во ред ако е во ред со плодот,а ако вашите современи глави не мислат така тоа е веќе проблем на човештвото,пошто современиот свет мисли само на пари,профит,капитал,а заборава на мајката природа од која е створен и потекнува и на која треба да биди благодарен за тоа
 
Несакан бременост е исто како болест ти се случува нешто на телото кое несакаш да го имаш. Крив Нос Клемпави Уши итн. АКо некој несака да има бебе нема да има бебе ако има опција да го уништи. Не гледам проблем со тоа. Бебето не составен дел од телото додека не се роди т.е. не е индивидуа и нема што тука да се зборува за права.

Клемпави уши или крив нос ќе оперираш за да имаш поубави уши или нос. Нема да ги отсечиш и фрлиш. Пак ќе си имаш и нос и уши.

По закон секако дека има право било која да си ја прекине бременоста, но тоа е државно право кое не секогаш се поклопува со морално право или чуства.

тој отстранет ембрион си има своја историја, развој и пат. Крајната цел му е да стане човек. Како мене, тебе... носот или ушите немаат таква цел. Нос ќе си остане нос а ушите уши.
 
Аман бе Стефус за тебе се има изместена логика, ако е контра твоето ПРИРОДНО размислување.

Кај ги најде операциите бе за пример.

Тие спречуваат да загубиш постоечки живот, а абортусот спречува нов живот.:love:


За да се оправда абортусот треба дебела причина за тоа.

За да не дојдеш до таква морбидна одлука, си постои превенција и планирање.

Секоја грешка се плаќа, некоја скапо, некоја ефтино.
Имаш естетска хирургија што лечи таа?
За одлука секој си знеа за себе.
--- надополнето: 23 март 2012 во 13:25 ---
Клемпави уши или крив нос ќе оперираш за да имаш поубави уши или нос. Нема да ги отсечиш и фрлиш. Пак ќе си имаш и нос и уши.

По закон секако дека има право било која да си ја прекине бременоста, но тоа е државно право кое не секогаш се поклопува со морално право или чуства.

тој отстранет ембрион си има своја историја, развој и пат. Крајната цел му е да стане човек. Како мене, тебе... носот или ушите немаат таква цел. Нос ќе си остане нос а ушите уши.
Ако гледаш така крајна цел на сексот е да се има деца ама...Секој си има свој морал. Не е мое ни твое да судиме за друг.
Јас нема апсолутно никаков морален проблем со абортус кој сака нека си го има. Нивното тело нивна одлука. Ако сакаат можат и да се самоубијат (и тоа е абортус ако е трудна).
 
Преска Let3 кажа дека не треба да им биде дозволено на оние кои немаат деца да коментираат на тема абортус.
Мене ми личи дека вие што имате деца (со исклучок на некои родители овде кои истите не ги заслужуваат) многу субјективно размислувате на темава баш од причина што имате деца и помислата на абортус некако ја врзувате со вашите сопствени. Кога би можеле да ги разграничите вашите деца од целава ситуација, веројатно би можеле и да ги сфатите аргуметите кои ги изнесуваме. Нормално е - си ги сакаш децата и при помислата на нив и абортус во исто време, те спопаѓа мука, али овде не збориме за тоа.
Глупаво ми е да потенцирам работи кои би требало да бидат очигледни, али ете - не биле.

Види не станува збор тука за дозвола за дискусија или не.

Абортусот треба да е крајна мерка.

Меѓутоа причината за таква одлука не смее да биде банална.

Затоа постои превенција, едукација, планирање.

Абортусот секако треба да си постои, бидејќи е составен дел од модерниот живот.

Според мене несакана бременост е многу ретка појава, и е индивидуална сама по себе. Секој си ја знае причината за таквата одлука.

Е сега таквата одлука дали ќе наиде на одобрување или не од мнозинството тоа е друг муабет.
--- надополнето: 23 март 2012 во 13:27 ---
Имаш естетска хирургија што лечи таа?
За одлука секој си знеа за себе.

А бе види пишав и погоре.

АБОРТУСОТ ТРЕБА И МОРА ДА Е ПСОЛЕДНА МЕРКА ЗА ЕВЕНТУАЛНА НЕСАКАНА БРЕМЕНОСТ.

Секоја грешка се плаќа јеби га.
 
е оти срцето не си го извади бе машко.........на секој можен начин ќе оправдате абортус кој ПРИРОДНО не е во ред ако е во ред со плодот,а ако вашите современи глави не мислат така тоа е веќе проблем на човештвото,пошто современиот свет мисли само на пари,профит,капитал,а заборава на мајката природа од која е створен и потекнува и на која треба да биди благодарен за тоа
Абе, да, не е природно да се спречи бременост, ама од друга страна не е природно и да се стане мајка на 12 години, не е природно да се силува, не е природно мајката сама да го одгледува детето...Многу работи не се природни и затоа ние имаме општество за да ни го надополни недостатокот на природа.

Единствено ми е многу лицемерно што оние кои генерално се против абортус, го оправдуваат доколку детето би се родило со аномалии. Да се роди дете со аномалии е природно и го има во сите животински видови. Зошто тогаш да се оправдува абортус во таков случај. Тој би бил за најголема осуда според оваа логика.
 
Од темав може само сеир да се фаќа.:P

И оние што се против, и оние што се за абортус во реалноста тешко ќе дојдат во ситуација на непланирана бременост, а и ако с енајдат којзнае каква ќе биде одлуката:) .

Доколку станува збор за непланирана бременост со сопствениот дечко или сопруг, поради невнимание, јас лично не би оправдал таков абортус.

Но доколку не дај боже станува збор за некоја друга причина, тогаш секако дека абортусот е оправдан.

Мислам дека е ова вистината, и е неблагодарно да се генерализира абортусот. Секој абортус си има своја приказна зад себе.
 
Процедурално: сите операции се неприродни, ама тие имаат за цел да му помогнат на човек, а оваа од насловната тема - да пекине нечиј живот...
 
Ако гледаш така крајна цел на сексот е да се има деца ама...Секој си има свој морал. Не е мое ни твое да судиме за друг.
Јас нема апсолутно никаков морален проблем со абортус кој сака нека си го има. Нивното тело нивна одлука. Ако сакаат можат и да се самоубијат (и тоа е абортус ако е трудна).

Сексот е природен начин за размножување, и не секој секс резултира со зачнување, но кога ќе се зачни и почне животот, мислам дека е сурово да се прекине.
Напоменав вече предходно дека има многу начини за да не дојде до зачнување. И дека жената може да биде сосема сигурна дека нема да забремени се до момент кога ќе сака.
Али ако забремени, јас мислам дека иако како шо вели пума е само ембрион кој нема чуства ни сетила ни мисли, дека е тоа само прашање на неколку недели развој, Тој ембрион се развива, расте, се очоечува. Да го прекинеш некого во тој развој не знам зошто по иста логика некој не би му го прекинал на некого школувањето, лекувањето, работењето... си почнал работа и иди некој те прекинува, си запишал факултет и при крај на прва година те прекинува .. зошто ? “па ти не си дипломиран, неаш диплома зато те прекинувам“ мислам дека освена ако е во прашање издржан медицински наод за опасност од бременоста, не би требало ради други причини истата да се прекинува пошто пак ќе повторам денес се на располагање и достапни многу начини и средства за спречување на истата
 
Види не станува збор тука за дозвола за дискусија или не.

Абортусот треба да е крајна мерка.

Меѓутоа причината за таква одлука не смее да биде банална.

Затоа постои превенција, едукација, планирање.

Абортусот секако треба да си постои, бидејќи е составен дел од модерниот живот.

Според мене несакана бременост е многу ретка појава, и е индивидуална сама по себе. Секој си ја знае причината за таквата одлука.

Е сега таквата одлука дали ќе наиде на одобрување или не од мнозинството тоа е друг муабет.


Апсолутно се слагам. Никој не вика дека самиот абортус треба да биде средство за контрацепција, нормално дека се планира во правец на кој сакаме да се одвиваат работите, фала богу изборот на контарцепција е широк.
Но, во случај на несакана бременост мора да постои избор, МОРА!
А за мнозинството и за нивните муабети, искрено, мене не ми прави разлика било чие мислење ако јас се најдам во ситуација да треба да абортирам, но нефер е на глобално ниво тие жени да бидат нарекувани со секакви имиња, осудувани од кој стигнал да отвори уста и сл. Реков нефер? Мислев примитивно
--- надополнето: 23 март 2012 во 13:37 ---
Абе, да, не е природно да се спречи бременост.

Дали ова значи дека сите од денес треба да имаме незаштитен секс???
 
ќе осудат мајка за убиство на детето на 20 години робија, оти? затоа што не го уби на време.
имаше мори шанса ко беше неочоечен, тогаш гратис е убивањето.
 
Но доколку не дај боже станува збор за некоја друга причина, тогаш секако дека абортусот е оправдан.

Мислам дека е ова вистината, и е неблагодарно да се генерализира абортусот. Секој абортус си има своја приказна зад себе.

Никој не го генерализира абортусот, ама проблемот е што луѓето не знаат да читаат.

Има pro-live опција и има pro-choice опција. И втората е токму тоа како што е напишано "за право на избор", што е сосема различно од "за абортус" пер се.
 
Сексот е природен начин за размножување, и не секој секс резултира со зачнување, но кога ќе се зачни и почне животот, мислам дека е сурово да се прекине.
Напоменав вече предходно дека има многу начини за да не дојде до зачнување. И дека жената може да биде сосема сигурна дека нема да забремени се до момент кога ќе сака.
Али ако забремени, јас мислам дека иако како шо вели пума е само ембрион кој нема чуства ни сетила ни мисли, дека е тоа само прашање на неколку недели развој, Тој ембрион се развива, расте, се очоечува. Да го прекинеш некого во тој развој не знам зошто по иста логика некој не би му го прекинал на некого школувањето, лекувањето, работењето... си почнал работа и иди некој те прекинува, си запишал факултет и при крај на прва година те прекинува .. зошто ? “па ти не си дипломиран, неаш диплома зато те прекинувам“ мислам дека освена ако е во прашање издржан медицински наод за опасност од бременоста, не би требало ради други причини истата да се прекинува пошто пак ќе повторам денес се на располагање и достапни многу начини и средства за спречување на истата
Според мене е дволично да си за контрацепција а против абортус како мерка за планирање на семејството. Се разбира абортус е крајна мерка а не прва. Ама сепак како таква постои.
 
Апсолутно се слагам. Никој не вика дека самиот абортус треба да биде средство за контрацепција, нормално дека се планира во правец на кој сакаме да се одвиваат работите, фала богу изборот на контарцепција е широк.
Но, во случај на несакана бременост мора да постои избор, МОРА!
А за мнозинството и за нивните муабети, искрено, мене не ми прави разлика било чие мислење ако јас се најдам во ситуација да треба да абортирам, но нефер е на глобално ниво тие жени да бидат нарекувани со секакви имиња, осудувани од кој стигнал да отвори уста и сл. Реков нефер? Мислев примитивно
--- надополнето: 23 март 2012 во 13:37 ---


Дали ова значи дека сите од денес треба да имаме незаштитен секс???

Па постои и го има нели:)

Но претпоставени ситуации:

1. Им се згрешило и девојкава остануе трудна. Абортусот е според мене дискутабилен. Многу работи се во игра.
2. Силување, оштетен плод итн... Абортусот е секако оправдан.


Ова е мое мислење, ама имам чувство дека е најблуску до реалноста и мнозинството тука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom