Правото на абортус, не е загарантирано за оние кои веќе имаат деца. Има луѓе кои никогаш не сакаат да имаат деца, и абортирале.
Не е темата ,,родителство,,. Темата е абортус. Држи се до темата.
Јас убаво кажав, дека ве разбирам на некој начин, кога веќе имате деца пред себе.
Но да си го изедначиш детето со ембрион, е језиво дури.
Инаку, медицински, докажано е дека:
1. Ембрионалната фаза, е фазата кога се создаваат сите органи и системи, но ниту еден не функционира.
2. Истата таа фаза, се поврзува со непостоење на механизми за одбрана кај плодот, затоа што фетусот се брани. Докажано е дека нервниот систем не функционира, со тоа и самиот плод не чувствува болка.
3. Ембрионот не реагира на дразби. Со тоа е докажано дека нема никаква свест.
Дали деј афтер пилула е убиство? Бидејќи убива зиготи.
Дали вештачкото оплодување е убиство? Убива зиготи кои се во епрувета.
Дали абортусот резултат на силување, инцест, се убиство?
Можеш да ми одговориш?