Не оди тоа така, со прдежи.
Ако има некаков интерес некаде далеку, пример да сака да смени некој режим во Африка или Ј.Америка или слично, како замислуваш ќе се случи тоа, ќе полетаат авионите и ќе бомбардираат и готово? Или ќе им шибнат балистичка?
Тоа е несериозен муабет, се знае што треба за некои оружени сили успешно да проектираат сила некаде. Теоретски има можности но теоријата и праксата не се поклопуваат во случајот. Треба да се истовари аскер, да има логистика која ќе го подржи сето тоа а тоа може да трае месеци...не е тоа во доменот на Русија, надвор од копнените граници.
Дали има пример за борбена употреба на тие Ту-95 или Ту-160? Дали имаат некогаш извршено борбен лет?
Дали нивните носачи на авиони некогаш испловиле на борбена мисија? Во ред, сега е еден само, ама некогаш имале 5.
Може и Малезија или Бурма да прати фрегата некаде но тоа не ја прави светски фактор.
Ти зборуваш за окупација, а тоа е сосем друга работа.
Сменување на режим може да се изврши на многу различни начини и со многу различни средства.
Може да испратат баталјон во одредени подрачја, да бомбардираат каде што треба, но окупација од типот на земја како Ирак, далеку од Русија би им требале години за подготовки. Ниту САД би оствариле таква окупација да не поседуваа голем број бази на Блискиот исток.
Бидејќи се работи за штитење на интереси, ниту Русија ниту САД многу не ги интересира Африка или Ј. Америка како што е случајот со Азија.
САД имаат потреба да ги заштитат своите интереси со окупирање на земји, како би ја задржале водечката улога во светот. Русија, од друга страна нема никаква потреба од тоа. Се што треба да направи е да не дозволи некои битни извори на ресурси да паднат во рацете на САД, како што се тие во Нигерија и Венецуела. Засега, одлично им оди.
Ако има потреба, многу лесно може да никнат воени бази во тие земји.
Борбена употреба на тешките бомбардери засега немале Русите, но истите тешки бомбардери си имаат летано над Хаваите, Лондон, Данска, Венецуела итн.