Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Wot, себе ќе се ставам пред оплодувачот, само ако тој сака бебе, а јас не сакам. Ич цеф нема да ми чуе за неговите желби.
Но дури и да сакам да родам, а тој да не сака, нема да родам. Не е целта само да направиш дете.
Како што кажав - за кој таков ми е дете, прво, беспотребно сама да го одгледувам, второ, да биде несакано од едниот родител, и трето, да се чудам како да разрешувам Едип?
Не е така едноставно да, но кога би го задржала, прво, би направила нешто што не сакам мене да ми го прават (присилување), и второ, би си создала огромен проблем (каков што е секое дете со 1 родител, без навреда до таквите).
Едноставни се дефинициите и изборите, за оние кои се оперирани од ефтини морализирања.
За другите, не ни заслужуваат подобро.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.677
Поени од реакции
34.161
Ама врати се во реалноста :) две реченици: ако во тоа време е против а ти сакаш да го задржиш, не значи дека ако го присилиш, нема да го сака и нема да имате убаво среќно семејство некогаш. Друго, ова по судовите, само во филмовите, реалноста е што се одбегнува плаќање адвокати и судови, и социјалното одредува некои си смешни 1.000 минимум, обично 2.000 денари месечни давања. А интернет плаќа способниов повеќе. Не зборам на памет.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ми се згади од секс! Муабетов.. :pos: Секако се согласувам овде, ама незначи дека не сум во право уште од порано. Едноставно, по аналогијата од Пума... кој те натерал ваква да ебеш? (Хипотетички де :icon_lol:) Последици луѓе, последици. А тоа се плаќа. Во буквална смисла на зборот, и не. Само не е убаво да имате заќоравени ставови, како оние од религија. Човекот е контрадикторен, се менува.. имаше еден муабет на фејсбук :P пред некој ден: "Frankly, I’m suspicious of anyone who has a strong opinion on a complicated issue".
Hehe, извини што те згадив :D

Едноставно сакав да се дообјаснам. А дека си во право, во право си, човек треба добро да знае кого носи во постела :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.857
Ама врати се во реалноста :) две реченици: ако во тоа време е против а ти сакаш да го задржиш, не значи дека ако го присилиш, нема да го сака и нема да имате убаво среќно семејство некогаш. Друго, ова по судовите, само во филмовите, реалноста е што се одбегнува плаќање адвокати и судови, и социјалното одредува некои си смешни 1.000 минимум, обично 2.000 денари месечни давања. А интернет плаќа способниов повеќе. Не зборам на памет.
Абе кој зборува за пари сега? Јас сум психолог Вот, не адвокат. Мене ме интересира мојата личност и моите душевни доживувања после тоа, и секако, личноста на моето дете. Не оставам простор за изигравање мајмун што ако станеме хепи фемили. Нема потреба.
Реалноста е таква ради ефтините морализирање, а не ради рационализирањето на нештата.
Мене сожалувањето кон ембриони не ми е јака страна, јбг, ти гарантирам нема многу да му ја мислам.
Имав блиска ситуација, речиси бев сигурна дека сум бремена. Не ни размислував што ќе биде ако се потврди дека сум, знаев што ќе биде. Излезе дека сум имала друг проблем на крајот, но, сепак, не се потресов нешто страшно, ниту пак се сожалив на потенцијалниот ембрион. Уште помалку го прашав за мислење партнерот, само го известив што е можно да се случува. Ќе го прашав што мисли, доколку сакав да биде позитивен тестот. Но бидејќи не сакав, одлуката беше однапред донесена.

Да, баш толку е едноставно.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

What if...
Оние кои се против абортус не учестуваа во глобалната економија која убива десетици милиони луѓе годишно, на пример секој купен мобилен (а грев е да не се купи барем еден годишно,нели) ја финансира војната за ресурси во Конго (Колтан и остали метали и неметали) каде што на деца им се сечат нозе доколку се обидат да избегаат од рудниците во кои црнчат по цели денови, 6 милиони мртви and counting (и тоа не фетуси), секој пат кога се јаде чоколадо би било непријатно да се мисли на робовите од Брегот на слонова коска или Мали кои се држени по плантажите на производителите на пола какао во светски рамки или сите оние ситници кои доаѓаат од НР Кина и прекрасниот систем на корпоративни затвори (државата продава затвори на фирми и раја работи за шака ориз и е мотивирана со ќотек и гладување)......

Зарем е фетусот повеќе живот од 9 годишен црнец или кинез?!
Не дека фетусот нема да стане човек given all goes as nature intended, некако завземањето морален став од страна на accessories to murder and enslavement ми е чудна...
 
Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Не постои грев. Тоа е религиозна категорија и нема простор за истата во науката, а тука спаѓа медицината.
Ако толку те интересира, имаш 200 страни наназад, прочитај барем 50, и не почнувај со морализирање и морални дилеми кои веќе ги расчистивме. Свест, болка, чедо божјо... се ти објаснето понапред, нема смисла на 1 тема 2 000 пати исто да се пишува.
Паметната Лила расчисти со сите морални дилеми и сега ќе ни раскаже како треба да се живее во неморален свет. Не ти читав останатото (нешто сум нежна на желудник деновиве) само ќе ти препорачам не само кондоми, антибеби, спирали, туку и после секој секс зимај по една таблета „ден потоа„, дека ти едноставно не заслужуваш да ја носиш титулата „мајка„ не сега и не по 10 нит 15 години. Остави ја таа титула на луѓе со совест и морал. Се се мислам како на таква идеа не дошла и мајка ти. Побезобразно и некултурно створење без грам мозок и чувства немам сретнато...
 
B

Black Guard

Гостин

А нели е срамота да користиш таков речник?
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Не постои грев. Тоа е религиозна категорија и нема простор за истата во науката, а тука спаѓа медицината.
Ако толку те интересира, имаш 200 страни наназад, прочитај барем 50, и не почнувај со морализирање и морални дилеми кои веќе ги расчистивме. Свест, болка, чедо божјо... се ти објаснето понапред, нема смисла на 1 тема 2 000 пати исто да се пишува.
не морам да прочитам 500 страници за да знам што е исправно,а што не.....послушај го срцето што вели и здравиот разум(ако го поседуваш и едното и другото) - најдобро ќе ти каже како да постапиш по одредени прашања од животот,а не некојси манипулатори и нелуѓе

ако за некој плодот е потрошен материјал,за друг е светост заради која вреди да се живее и ај да ве видам убедете го во спротивното
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ___

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Имав блиска ситуација, речиси бев сигурна дека сум бремена. Не ни размислував што ќе биде ако се потврди дека сум, знаев што ќе биде. Излезе дека сум имала друг проблем на крајот, но, сепак, не се потресов нешто страшно, ниту пак се сожалив на потенцијалниот ембрион.

Да, баш толку е едноставно.
тука е “проблемот“
не си осетила мајчинство!
И јас така кога бев млад и секси (сега сум само секси) лефтерно си замислував брак, деца... без емоции без некои чуства “Деца.. а бе гз им мајчин дај им јадење и облека и толку ...“, но се е тоа поинаку кога ќе станеш родител. Жена ако абортирала кога и било скапо да има дете па после кога се ситуирала и родила и осетила што е да носиш живот во себе, да и лежи на гради, да расте пред очите... сигурно често ќе помисли на тоа абортираното и сигурно не со радост. Не е дете мобилен па да речиш “овој ми е скап не го земам сега ќе почекам да поефтини“
Ќе возам точак место кола, ќе пијам вода место пиво, ќе лепам ѓонови место да купам чевли, ќе откажам кабловска и интернет, ќе најдам дополнителна работа... ако тоа значи да имам за детето јадење и облека. Ич не се мислам ни секунда!
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
не морам да прочитам 500 страници за да знам што е исправно,а што не.....послушај го срцето што вели и здравиот разум(ако го поседуваш и едното и другото) - најдобро ќе ти каже како да постапиш по одредени прашања од животот,а не некојси манипулатори и нелуѓе

ако за некој плодот е потрошен материјал,за друг е светост заради која вреди да се живее и ај да ве видам убедете го во спротивното

Значи по тебе, мастурбирање е што? Геноцид??? Моево срце како да вика дека - не е!

Паметната Лила расчисти со сите морални дилеми и сега ќе ни раскаже како треба да се живее во неморален свет. Не ти читав останатото (нешто сум нежна на желудник деновиве) само ќе ти препорачам не само кондоми, антибеби, спирали, туку и после секој секс зимај по една таблета „ден потоа„, дека ти едноставно не заслужуваш да ја носиш титулата „мајка„ не сега и не по 10 нит 15 години. Остави ја таа титула на луѓе со совест и морал. Се се мислам како на таква идеа не дошла и мајка ти. Побезобразно и некултурно створење без грам мозок и чувства немам сретнато...

Ти не би абортирала и на твоето дете би му овозможила никаков живот, без функционално семејство, без финасиска сигурност, или малку поконкретно да се изразам - без пари за леб. Родители (под услов и двајцата да се присутни, нели) кои не сакале ни да го имаат, кои не сакале да се најдат во ситуацијата in the first place, тензична атмосфера на местото каде би требало да има среќно детство. Значи, ти ќе го родиш за да се мучи цел живот и ТИ заслужуваш да ја носиш титулата „мајка“ ? :facepalm:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ти не би абортирала и на твоето дете би му овозможила никаков живот, без функционално семејство, без финасиска сигурност, или малку поконкретно да се изразам - без пари за леб. Родители (под услов и двајцата да се присутни, нели) кои не сакале ни да го имаат, кои не сакале да се најдат во ситуацијата in the first place, тензична атмосфера на местото каде би требало да има среќно детство. Значи, ти ќе го родиш за да се мучи цел живот и ТИ заслужуваш да ја носиш титулата „мајка“ ? :facepalm:
Toa е правило?
дека деца на ситуирани родители имаат убав живот а на оние сиромашни или само со еден родител се несреќни?

Има мноооогу примери на спротивното, деца од сиромашни семејства кои успеале во живот и деца од ситуирани кои паднале, има и деца пораснати по домови има и посвоени деца кои сега водат убав живот, има и оние кои имале добро детство без ништо да им фали па се сега предвреме под земја или по затвори или сега немаат за леб.
Така да тоа не е правило .
 
Нема конкретни правила во вакви деликатни ситуации.
не можам да гледам на работите така - можда некад ќе успее да има пристоен живот, посебно не кога се работи за мое дете. Јас би требало да му го овозможам убавиот живот, да му бидам максимално посветена, да му пружам се.
И не е само финасискиот аспект во прашање. Психичката спремност на родителите е и те како битна. Исфрустрирани и неизживеани родители обично не се баш за пример. Само затоа што двајца имаат дете не значи дека ке си направат turn off самите на себеси. И понатака ќе имаат потреби кои не ги задоволиле, желби што не ги исполниле и на крај кој страда? Децата - ни криви , ни должни.
 
Mama.

уметник
Член од
23 јули 2011
Мислења
524
Поени од реакции
326
mislam deka malku e ne fer da se sudi od strana, nemozeme da kazeme deka vo nekoi slucai abortusot moze da bide opravdan i obratno ,se zavisi od zelbata na potencijalnite roditeli
ima mnogu devojki koi bile siluvani, zabremenile, pa odlucile da rodat, rodile zdravi deca i pravilno gi nasocuvaat vo zivotot, od druga strana ima mnogu bracni parovi, finansiski obezbedeni, pa se odlucuvaat na abortus od prosta pricina shto ednostavno ne sakaat da imaat poveke deca.
dali na site bremeni zeni, koga ke otkrijat deka vo utrobata nosat dete so daunov sindrom na primer, abortusot im izgleda kako najdobro reshenie?
mislam deka sekoj ima pravo da abortira, dokolku misli deka toa e najdobrto reshenie, bez razlika na pricinite, moralot treba da izostaven vo situacijata, zatoa shto mislam deka e glupavo edna zena koja ne saka da rodi, raga za da ne bide osuduvana od okolinata isto kako shto e glupavo i devojka shto saka da rodi, abortira zatoa shto nemala pari,partner ili bila siluvana
 
B

Black Guard

Гостин
Неможев да најдам речник на кинески па морав таков да употребам...Проблем?
ДА!

дека ти едноставно не заслужуваш да ја носиш титулата „мајка„ не сега и не по 10 нит 15 години.
Да те прашам нешто-ти мајка си????

Патем мајка не е титула.

Побезобразно и некултурно створење без грам мозок и чувства немам сретнато...
Посебно овде златна па како се ОСМЕЛУВАШ да судиш за личност(да зад пума има личност-не Лик или "створење") која не ја познаваш па да дојдеш до заклучок дека е "без грам мозок" и без чувства???

Да те прашам уште нешто-Дали би оправдала абортус доколку медицински се утврди дека плодот е со вродени маани односно дефекти кои само ќе го отежнат животот на семејството и на општеството во целина, исто така ме интересира дали е оправдан абортусот(според тебе) кај жртви на силување од болни психопати???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom