Ослободени двајцата „балисти“ што расекоа полицаец во Тетово!
21 мар 2012 16:20
Водачите на навивачката група „Балисти“,
Мета Шкљзен и
Мета Арлинд, кои беа уапсени пред десетина дена поради насилство врз Македонци и напад врз полицаец во Тетово, вчера под нејасни околности биле ослободени од затворот во Тетово, дознава МКД.МК.
Кој даде наредба да се ослободат насилниците што со нож нападнаа полицаец?
Информациите ги потврди директорот на затворот
Мурат Рамадани, но одби да каже по чија наредба биле ослободени двајцата насилници откако им беше изречена мерка притвор од 30 дена.
„Точно е, тие се ослободени вчера. Одлуката за нивното ослободување не ја носам јас, а вие многу добро би требало да знаете кој ги носи таквите одлуки“, нервозно изјави
Рамадани во краткиот телефонски разговор.
МКД.МК го доби и судијата
Јордан Велковски, кој на десетти месецов им ја одреди мерката притвор на двајцата насилници од навивачката група „Балисти“.
„Не знам. Јас бев дежурен дента кога се случи инцидентот и тогаш им одредив мерка притвор од 30 дена, но потоа случајот е предаден во Истражното одделение на судот“, изјави
Велковски.
Во истражното одделение се јавија референти, кои нè информираа дека единствен истражен судија во судот бил
Ајрула Идризи, но тој не бил на работа денеска.
Мета Шкљзен и
Мета Арлинд беа уапсени на десетти овој месец откако брутално и без причина во група со уште седум други лица прво нападнаа и повредија двајца Македонци, а потоа ги нападнаа и двајцата полицајци што се обидоа да им помогнат на нападнатите. Еден од полицајците доби расеченица од нож на лицето.
По нивното апсење и мерката притвор, на социјалната мрежа Фејсбук беа упатувани закани од навивачката група „Балисти“ со пораки нивните водачи итно да се ослободат.
„Полицијата уапси двајца наши члена, Мета Шкљзен и Мета Арлинд. Еден од нив е нашиот водач. Бараме итно да ги ослободите и двајцата. Цело Тетово им дава поддршка на нашите членови. Не сакате да знаете што сè можеме да направиме, затоа пуштете ги!“, пишуваше во заканите.
Минатата недела по серијата меѓунационални инциденти и тепачки беше одложено и дербито од првата фудбалска лига што требаше да се одигра во Тетово помеѓу шампионот Шкендија и лидерот Вардар. Овој меч неколкупати беше закажуван и одложуван поради информации на МВР дека „балистите“ подготвувале вистинска војна на стадионот и по тетовските улици. Тогаш полицијата пронајде и летоци на повеќе локации во градот во кои Балистите повикуваат на војна.
„Две војни и две гигантски битки нè чекаат, а победата ќе биде само одмазда“, пишуваше на летоците.
CE GO PUKAM BE HEJ !!! [msBMQ[/media]