Три од петте жртви на тепачки овој викенд се постари лица. Жена била нападната додека чекала автобус, двајца другари излегле на неделна прошетка, а завршиле во болница. Разбеснети тинејџери тепале постари лица во раните утрински часови. Очигледно дека и овој викенд бил прилично бурен на територијата на Скопје.
Непознати лица физички ја нападнале 43 годишната П.Н. додека чекала автобус. Тие почнале да ја удираат со тупаници во пределот на тилот,а од кога паднала на земја продолжиле да ја удираат со клоци по телото и главата. Инцидентот се случил вчера околу 6 часот наутро на автобуската станица за приградски линии кај Транспортниот Центар. По нападот, таа се упатила дома, но по инсистирање на брат си, околу 22 часот побарала лекарска помош. Во Ургентниот центар и е констатирана телесна повреда и е пуштена на домашно лекување.
Другари без причина нападнати и повредени
Двајцата другари М.С. (24) и Т.Т. (16) биле нападнати од постаро лице додека се шетале покрај фонтаната спроти Веро маркетот во населбата Чаир вчера напладне. Непознато лице, на околу 25 годишна возраст со клоци и тупаници без причина ги нападнал другарите. Тие почнале да бегаат, но напаѓачот ги стигнал и повторно ги удирал. По нападот избегал. Од ударите М.С. се здобил со повреда на левото колено, а се жалел и на болки кај главата и вратот. Неговиот помал другар почувствувал болки во пределот на десното уво и левото колено.
Нападнати постари лица во Аеродром
Со дрвени предмети и метална шипка четворица тинејџери нападнале две постари лица во саботата, 40 минути после полноќ.
Инцидентот се случил на улицата Владимир Комаров кога С.Р.(20), А.А.(19), С.А.(17) и Г.К.(16) без причина ги натепале постарите В.К.(44) и Ѓ.Ш.(34). На нападнатите им била укажана лекарска помош бидејќи се здобиле со телесени повредни, а потоа се пуштени на домашно лекување.
Полицијата работи на расчистување на сите три случаи.