S
Sagan
Гостин
Не. Од 01.01.12 потврдата за бугарско потекло се дава за најмногу 45 дена (и со неа одма се оди на интервју). Целата постапка, до подигање на државјанството, трае од 8 до 12 месеци.дали некој оваа недела бил на закажување на интревју за б.пасош, стварно ли се чекало дури до 6 месеца за да ти закажат за интревју за пасош??????
Ја овде имам едно друго прашање: откажување од бугарско државјанство.
Факт е дека македонските граѓани (поточно, Македонците) „бугарски пасош“ земаат со стекнување државјанство на Бугарија на еден од начините: според потекло на еден или двајцата родители. Кога еден Македонец оди да аплицира, дава изјава дека има бугарско потекло по татко и(ли) мајка (работа која не се проверува, заради мегаломанската политика на Бугарија: не постои македонски јазик ни нација).
Е сега, нивниот Закон за државјанство, во член 20 вели: Бугарски граѓанин кој постојано живее во странство (Македонец со двојно државјанство се смета исклучиво за бугарски граѓанин), може да побара ослободување од бугарско државјанство, ако се стекнал со државјанство на друга земја или ако има документи за отпочната процедура за стекнување на туѓо државјанство.
Дали ова важи за Македонец кој стекнал бг-државјанство како двојно државјанство, и ако не, која е процедурата за поништување на бугарското државјанство?
Со оглед дека општо земено, државјанството е правен поим и нема врска со националноста, но во случајот со Македонците кои по брза постапка зеле бг-државјанство (изјава дека се Бугари по потекло), исказот за народноста е пресуден, дали бугарската држава (која на ваков начин, заедно со Грција и ЕУ врши тивок геноцид врз македонската нација) и по поништувањето на државјанството, ќе продолжи да те смета за Бугар во правна смисла?