Квалификациони турнири за ОИ - Лондон 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Па со оглед на тоа што за да бидеме хокејска нација потребни ни се едно 30 години нонстоп вложувања и не е баш паметно. Ама добро е да има бар едно лизгалиште кое ќе работи во текот на целата година.

Нека има лизгалиште тоа е супер, ама вложување во трнери, репрезентација и друго, као што напомена и самиот 30 години ќе ни трбаат да стигнеме до негде, а ваму златни деца талентирани во кошарка и ракомет можат да добијат повеќе средства и да имаме поголеми резултати.
 
Не бе хокеј..........кога веќе сте ја зацапале оф топик,морам да прашам што се случува со нашите одбојкари ? Порано бевме одлични во тој спорт.
 
Не бе хокеј..........кога веќе сте ја зацапале оф топик,морам да прашам што се случува со нашите одбојкари ? Порано бевме одлични во тој спорт.
Уште сме одлични..т.е имаме одлична генерација која сигурно може да игра на Европско првество,али организациски е ужасно лоша федерацијата...одбојкарите едвај се собираат еднаш годишно и многу слабо се воиграни.Од тимот би ги издвоил најдобриот играч во Француското првенство Симовски,Ѓорѓиев е меѓу најдобрите во Турција,Деспотовски е избран за најкорисен играч во Романското првенство и уште неколку други кои играат низ Европа...
 
Мал поздрав до малата Билјана Секуловска




Сите сакаат да бидат Миркуловски и Мекејлеб
Двојно, па дури и тројно е зголемен бројот на деца што се запишуваат во ракометните и во кошаркарските клубови по успесите на домашните репрезентации. Спортските работници предупредуваат дека овој импулс треба мудро да се искористи
deca-kosarka-banskoliev-(75[1].jpg
Успехот на репрезентациите ги наполни спортските сали
Ако ви треба слободен термин во некоја училишна сала, воопшто не се обидувајте да најдете, оти нема! Тие се веќе зафатени од многу спортски клубови, во кои деца тренираат различни спортови. Најполни се сепак салите, кога има тренинзи по ракомет и кошарка, оти успехот на македонските репрезентативци на европско ниво натера стотици деца да сонуваат еден ден да бидат како Филип Миркуловски или Перо Антиќ. Нивните тренери веќе ги препознале оние талентираните, па со нив работат по посебна програма.
И додека децата сонуваат и тренираат, спортистите предупредуваат дека државата мора постојано да инвестира во нив, оти единствено така се стигнува до успеси на национално ниво.
- Успехот на репрезентативците го зголеми бројот на деца што тренираат ракомет. Ако лани имавме околу 200 деца, сега тој број е 350. Тренинзи имаме во шест училишта во Скопје. Имаме и мини-лига, што не е случај со другите ракометни клубови. Најголема и најдобредојдена е поддршката од Ракометната федерација, но и од општините, кои ни одобруваат термини за тренинзи во училиштата – вели Горан Стојков, тренер на младинските категории на Металург.
Во клубот се прави организирана селекција, со која се издвојуваат талентираните деца.
- Вложуваме во нив. Со талентираните имаме поактивни тренинзи, работат со стручни лица, сé со цел да не престанат да играат. Единствен клуб сме што вложува комплетно во талентираните деца – додава Стојков.
Во клубот се прави организирана селекција, со која се издвојуваат талентираните деца.
- Вложуваме во нив. Со талентираните имаме поактивни тренинзи, работат со стручни лица, сé со цел да не престанат да играат. Единствен клуб сме што вложува комплетно во талентираните деца – додава Стојков.
„Нова Македонија“ вчера присуствуваше на тренинг по кошарка на клубот Карпош-Соколи во училиштето „Војдан Чернодрински“.
- Едвај чекам да дојде денот за тренинг. Сакам да сум како Бо Мекејлеб – вели четвртоодделенецот Христијан, кој една година тренира кошарка.
И во овој клуб е значително зголемен интересот кај децата, по успехот на репрезентативците во Литванија. Горан Костовски, тренерот на младинските категории, вели дека бројот на деца не е двојно, туку речиси тројно поголем.
- Лани имавме околу 110 деца, а сега кошарка тренираат преку 250. Од сите нив, има шестмина што се многу талентирани. Со нив работиме пет пати во неделата. Тие работат по посебна програма, имаат поредовни тренинзи. Еден ден ги гледаме во репрезентација, тоа ќе е најголемата клупска сатисфакција – вели Костовски.
Овој период, кога е драстично зголемен бројот на деца-вљубеници во спортот, клубовите мора да го искористат, смета Гино Стрезовски, декан на Факултетот за физичка култура.
- Ако училишните ракометни клубови го искористат овој момент и сериозно работат со децата, тоа еден ден ќе донесе многу спортски успеси за државата. Мора да се искористи потенцијалот, па за пет години отсега машкиот ракомет со сигурност ќе биде на повисоко ниво од сегашното – изјави Стрезовски.
И Влатко Неделковски, асистент по предметот ракомет на Факултетот за физичка култура и тренер на младинците и на сениорите во Работнички, смета дека мора да се искористи ваквиот голем интерес кај децата за спорт.
- За да има бенефиција државата по неколку години, со нив интензивно треба да работат и клубовите, но и федерацијата, која е мајка на сите ракометни клубови – рече Неделковски.
Мојсоски: И петмина да стигнат до репрезентација - успех е
Зголемениот интерес несомнено ќе и донесе успех на државата. Дај боже сите тие деца да продолжат да играат и да стигнат до репрезентација, вели ракометарот Наумче Мојсоски.
- Од тие 2.000 деца, петмина да се квалитетни играчи ќе биде доволен успех. Идејата за функционирање на спортските академии во средното фискултурно училиште е одлична, оти најголем е вакуумот на таа возраст - од 14-15 години до 27 години. Тој простор мора да се исполни – изјави Мојсоски.
Дека преполните училишни сали ќе ни донесат успеси смета и Врбица Стефанов, спортски директор на кошаркарската репрезентација.
- Успехот на спортистите влијае на децата. Тоа го гледам по син ми. Кога беше актуелна кошарката, играше кошарка, сега по успехот на ракометарите сака и ракомет. Дефинитивно, преполните училишни сали за тренинзи ќе и донесат добивка на државата по неколку години. Само мора да има континуитет, да се инвестира во спортистите – вели Стефанов.Кастратовиќ: Ќе одиме на Олимпијада
По неколку години може да очекуваме да се изроди уште некоја успешна репрезентација како што беше оваа што освои петто место на Европското ракометно првенство, вели македонската ракометна легенда Индира Кастратовиќ.
- Ќе имаме ракометари што ќе се пласираат и на Олимпијада и на светски првенства. Покажавме дека спортот е најголем амбасадор. Мора да се вложува континуирано во овие деца, за да успеат – смета Кастратовиќ.
Таа има свој ракометен клуб, кој се вика Кастратовиќ. По успехот на македонската ракометна репрезентација во Србија, во клубот се јавувале сé поголем број родители што сакале да ги запишат своите деца на ракомет.
МОН изградило 21 сала низ Македонија
Дваесет и една спортска сала се веќе изградени и се користат, а други 29 се во градба, информираат во Министерството за образование и наука. Салите што се наменети за учениците се дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“. Нивната изградба државата ќе ја чини вкупно 58 милиони евра.
Се градат два типа фискултурни сали. Едните се од 650 квадратни метри и чинат по 23 милиони денари, а вториот тип се поголеми и се простираат на 1.300 квадратни метри. Една ваква поголема сала чини 39 милиони денари.
deca.jpg
Талентираните имаат поактивни тренинзи: младинска школа на ракометниот клуб Металург
Автор: Антонија Поповска Христов Фотографија: Игор Бансколиев
После ова што го прочитав уште повеке се надевам оти иднината во спортот ни е светла што значи не чекаат уште моменти на радост на спортски план а според мене најголемата радост можи да ти ја донеси спортот. Поздрав и ти благодарам што го објави ова....
 
Треба да се инвестира и во пливањето како спорт. Мислам, најдобрата светска маратонска пливачка ја имавме во нејзиното време ffs Да инвестираме таму кај што имаме талент, џабе ги форсираат цреповине од фудбалери, не е тој спорт за нас.
 
Да ви постирам една група на фб која ја направиле нашите иселеници во Шведска за овие квалификации со цел подобро да се организираат кој планира да иде може слободно да се приклучи па може ќе ви помогнат таму нашите околу смештајот инаку пишаа дека до сега има подигнато 3000 карти а не се знае уште колку има резервирано во остантите блокови од нашите навивачи и очекуваат тие од таму дека можно е и повеќе од 5000 па спомнуваат и цифра од 8000 дека ќе има наши навивачи што прилично не ми е реално швеѓаните да дозволат тоа ама таа од 5000 и те како ми е реална еве ја групата http://www.facebook.com/groups/336659576374697/342757929098195/?ref=notif&notif_t=group_activity
 
Неверојатна мобилизација се случува деновиве кај македонските иселеници во Гетеборг, на само две недели пред почетокот на ракометниот квалификациски турнир во ракомет за пласман на ЛОИ во Лондон, каде што Македонија се бори за едно од првите две места во групата во која се и Шведска, Унгарија и Бразил.

Navivacite-napravija-fantastina-atmosfera-e1326660502816.jpg

Ѓорѓи Трпинов, еден од главните организатори на мобилизацијата кај нашинците во Гетеборг, ни ја пренесува атмосферата од шведскиот град, каде што има неколку македонски друштва на иселеници.
„Максимално сме ангажирани. Владее тотална еуфорија, се купуваат билети, им се делат организирано на членовите на друштвата. Досега само ние тука имаме купено 5.000 влезници за натпреварите на Македонија, поддршката што ракометарите ќе ја имаат во Скандинавиум ќе биде невидена. Народски кажано, на секој агол, на секоја улица има нашинец што е задолжен да го рекламира настанот. Не верувам дека има Македонец во Шведска што не знае што се подготвува за периодот 6-9 април“, вели Трпинов.
Тој се надева дека уште повеќе Македонци ќе има во арената во Гетеборг (капацитетот на салата е 12 илјади), зашто во бројката не се сметани навивачите што со чартер-летови и со автобуси ќе допатуваат од Македонија, но и од другите европски земји. Трпинов исто така нè информираше и за љубомората кај Швеѓаните од невидената мобилизација на Македонците за овој настан.
„Викендов играше нивниот претставник во Лигата на шампионите (Савехоф н.з.) и во салата имаше едвај 4.000 навивачи. Тие се добро информирани каква еуфорија кај нас владее за ракометот, знаат и како се навива на дуелите на Металург. Се чувствува дека се љубоморни, не гледаат нас, како се подготвуваме, како едвај го чекаме моментот да дојдат нашите момци. Згора на тоа, ги боли што тие како домаќини може да останат со најмалку навивачи во арената Скандинавиум, зашто информациите што ги имам јас се дека и од Унгарија ќе дојдат многу навивачи на нивната репрезентација“, објаснува Трпинов.
Освен големата поддршка што Кирил Лазаров и неговите колеги од репрезентацијата ќе ја имаат во салата, се очекува вистинско лудило и на улиците во градот, кој се очекува да биде празен поради прославувањето на католичкиот Велигден. Во време кога масовно Швеѓаните ќе заминат надвор од градот, Гетеборг ќе биде обоен во црвено-жолто. Затоа, Трпинов најавува дека се очекува организирање на огромна фан-зона и тоа на стадионот каде што настапува фудбалскиот клуб Вардар од Гетеборг, екипа која ја имаат формирано нашите иселеници во далечната 1972 година.
„Очекуваме таму да биде главното дружење на сите навивачи пред и по натпреварите, ќе има храна, сокови, пиво… Местото не е многу далеку од салата, има околу 4 километри, но со јавен превоз се патува кратко. Фан зоната би требало да работи нонстоп, таму ќе биде центарот на сите случувања, секако и нашите ракометари би сакале да дојдат таму и да се дружат со нас“, вели Трпинов.
Македонија во Гетеборг ќе се чувствува како домаќин, поддршката ќе биде исто толку голема како што беше во јануари на ЕП во Србија, кога завршивме на петтото место. Сите предуслови за радост се исполнети, останува уште ракометарите да ги повторат игрите од Ниш и Белград и потоа на ред за окупација да дојде и Лондон.
Извор
 
Ќе има ли контролни натпревари пред турнирот?
 
Македонија-Унгарија решавачки меч за Олимпијада уште 16 дена :)
 
Би сакал да не се крева пак фама околу овој турнир, кој ќе ги трпи ,, стручњаците ,, пак. Малце здивнав овие денови после Европското и раат си следам самиот.
 
Би сакал да не се крева пак фама околу овој турнир, кој ќе ги трпи ,, стручњаците ,, пак. Малце здивнав овие денови после Европското и раат си следам самиот.
Ќе дишеме слободно дур не почнат да замараат стручњаците од Бекстејџ :facepalm:
Е тек тогаш сите повторно ќе се вратат на стручните патеки :icon_mrgr:
 
Ќе дишеме слободно дур не почнат да замараат стручњаците од Бекстејџ :facepalm:
Е тек тогаш сите повторно ќе се вратат на стручните патеки :icon_mrgr:
Кога ми го гушат спортот, мојата најголема љубов, некои неписмени типки од Бекстејџ ми иде да си каснам од гзов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom