Македонците тепани, Македонците судени!
Советот за радиодифузија, во исто време и координирано со Здружението на новинари - ЗНМ, бара расправа и осуда за пишување на македонски медиуми за последните насилнички инциденти по улиците на Скопје, Гостивар, Струга.... инциденти кои, според службените податоци, доминантно ги предизвикале Албанци врз Македонци. Ем тепани ем судени се Македонците
Како што и познато на јавноста, последниве недели се изредија низа инциденти: од Струга, Лабуништа, Гостивар, Чаир, Дебар Маало, Ченто, Аеродром, Драчево, Ѓорче Петров, Автокоманда... во кои без видни причини насилници претепуваа жртви кои случајно им се нашле во околината. Според службените податоци од МВР доминантно етничко потекло на извршителите на насилствата беше албанско. Ако кон ова се додадат најмалку четири оштетувања на цркви, повеќе случаи на јавно палење на македонско знаме во Македонија, Албанија и Косово, потоа и испишувања погрдни и навредливи пароли за Македонците, со едноставен увид во материјата е јасно дека се работи за етнички мотивирани инциденти. Тоа што најмалку осум од десет инциденти се предизвикани од сторители Албанци, наместо да ги загрижи албанските политички лидери, ги осили нивните партии, интелектуалци и новинари кои не најдоа ниту еден збор да го лоцираат изворот, да ги пребројат настаните и предизвикувачите и да почнат промени на политиката која придонела да се создаде атмосфера во која Македонци, и македонски цркви се цел на насилнички напади.
Оние кои се прозвани во текстот во Вечер се токму конкретни лидери на албански партии како и некои од нивните невладини организации и, за жал, сосема е очекувано дека нема тие да излезат и да речат дека имаат вина во создавање атмосфера против Македонците, туку ќе покажат со прст дека е виновен друг, кој никаков инцидент не направил, туку само напишал текст за инцидентите. Тоа што некои од прозваните партиски лидери како и Артан Груби од невладиниот сектор се кријат зад конкретното посочување на нивните имиња и сакаат да покажат дека тоа е прозивка на целата албанска нација, создаваат смут и си даваат значење кое го немаат. Тие не се претставници на ниту една нација, туку се претставници на ДПА и "Разбуди се", а забелешките одат кон нив, а не кон албанската нација зад која се кријат.
Уредникот на Вечер, Драган Павловиќ Латас, напиша коментар во Понеделнички (Малколм Икс), во кој ја обвини политиката на ДПА, Мендух Тачи, Артан Груби и Косово дека создаваат клима за вакви насилства, и тоа подолг период.
Веќе наредниот ден до Вечер и до авторот Латас стасаа, јавно изречени или напишани, закани, навреди и притисоци во одбрана на насилниците, како и политичарите кои создаваат клима на насилство, а се усмерени против авторот на текстот. Ваквите напади врз новинарски текст, секаде и без исклучок, се напади врз слободата на говор, на мислење и право на новинарот да работи она што му е основна работа: да пишува.
Здружението на новинари ЗНМ и Советот за радиодифузија не застанаа во одбрана на новинарот. Заборавија дека никој не смее да се заканува на автор на новинарски текст, да организира хајка за колективен прогон, како што тоа го правеа соросоидите и ГЕМ, да се закануваат со насилие, како што го правеа десетици албански новинари, политичари... накусо, ЗНМ и Советот за радиодифузија не ја завршија својата работа заради која постојат.
Напротив, дури откако соросоидите од ГЕМ колективно го нападнаа Латас, дури 10 дена по објавениот текст, од Советот за радиодифузија и од ЗНМ се јавија дека организираа јавни расправи на оваа тема, и за ова пишување со образложение кое однапред претставува осуда на пишувањето на новинарот.
Сосема е јасно дека ЗНМ И СРД кои се јавија 10 дена по напишаниот текст чекале да видат што ќе кажат соросоидите, а тие потоа да ја доработат работата. Соросоидите дури бараат и судење, но немаат време да чекаат да суди судот, туку, како и многу пати досега, пресудуваат тие.
Патем, и претседателот на ЗНМ е Албанец, кој застанува во одбрана на правата на оние кои тепале, наспроти правото да се пишува и коментира за тоа.
Прашање до Насер Селмани: дали ќе му суди на Латас како Албанец или пак како колега кој пресудува на друг новинар за напишан текст?
Потсетување за Насер Селмани: прво имаше тепање на Македонци, а потоа пишување од Латас, а не обратно, што е важно да се утврди причинско-последичен однос. Патем, со години наназад албански медиуми, што од нивни новинари, а што од нивни експерти изнесоа тони навреди, провокации и омаловажување на Македонците. Но ниту еднаш, ама ниту еден единствен пат, ЗНМ И СРД не се произнесоа за тоа.
Во согласност со ова, ќе видиме уште една претстава за загрозување на албанските права во Македонија кои, како документ и историја, утре ќе се употребат за моменти кога политиката на некои албански радикали ќе се повикаат на докази дека и Македонците сами признаваат дека Албанците овде живеат под притисок.
Да не зборуваме за тоа што никој, ама баш ниту една институција во државава, не побара јавно објавување имиња на насилниците, како што не се побара ни одговорност за лидер на партија, Мендух Тачи, кој во Албанија јавно најави уривање на уставниот систем на Македонија.
Дали е нормално едно општество да проголта без задршка и приредба дека Артан Груби и десетици други претепале деца на Кале кои истакнале македонско знаме, а судот дел од нив осудил само со условна казна. Дали сега судот, кој условно осудил Албанци што организирано претепале Македонци, ќе му суди на уредникот Латас за напишан текст кој е право и обврска на новинарот.
Ако Македонците не можат ни со новинарски текстови да се бранат од насилниците, како да се бранат тогаш. Или, токму тоа е и намерата на авторите на овие хајки против слободно пишан новинарски текст?!