Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
ме интересира кое е најмрзливо куче со мал до среден раст што може да се чува дома во стан поточно???

Дефинитивно најмрзливо куче е Англискиот Булдог.

иста сеее?????? :ОООООООООО ????? леле мајко јас се извинувам незнаев искрено некои користат пит бул некои страфорд....е се збунив сеа.Исто се збунив и кога шпицот ми го донесоа, помислив дека е сибирски самојад исти се скоро но овој во минијатурна фигура само хаха :D

Американскиот Стафордски Териер (накусо Стафорд или АСТ) е изложбена крвна линија, призната од FCI.
АСТ има педигре признато од FCI.

Американскиот Пит Бул Териер (накусо Пит Бул) не е признат од FCI и нема педигре признато од FCI.
Бидејќи има многу крвни линии на Американскиот Пит Бул Териер затоа и не е признат од FCI.
И за жал Пит Булот повеќето луѓе го сметаат дека е наменет за Bad Boys и затоа оваа раса е многу злоупотребувана за борби со кучиња.
 
spitz.jpg
Луѓе тоа е моето германско шпитче.Сликано е директно во кичево пред одгледувачницата.Некако ми се бркаат расите како на сибирски самојад повеќе ме тера а понекогаш и на померианец.Инаку од среден раст шпиц е имаше и минијатурни и големки.Зедовме средно оти минијатурните се баш како померианци и многу се мали и ептен куси и бушави а средните се некако најдобри.Инаку со педигре е и на попуст го купивме.Супер примерок и ете одошто е супер,ниту еден чорап не ми е целосен.поздрав :D
 
Ако може некој што има искуство со електрично ланче нека ми пише...
 
Дали некој има искуство со вметнување на олиговитамини во исхраната на куче ?
Се работи за 10 витамини и 10 минерали, прилично ефтино пакување околу 100тина денари.
 
Ако може некој што има искуство со електрично ланче нека ми пише...

Сеуште не го набавив, бидејќи го средив мојот проблем и без него, али затоа моја другарка го користи на нејзиниот Самојед. Има перфектен ефект.
Го испробав на мојата рака на минимална волтажа, не е ништо опасно. Они, додека беше мала Леа (тоа е Самоједот), го користеа на 1-2, но денес го користат на 7-мица (како расте крзното мора да се зголемува волтажата), и тоа не е ништо страшно, го испробав и на рака, го испробав после и на кучево.
Ефектот е секундарен, тоа е очигледно, одличен продолжеток на твојата рака. Сигурна сум дека ако го земеш ќе бидеш презадоволен уште од првото ставање на вратот на кучето.
Ако нешто друго те интересира, има тема за тоа.

Прегледај го приврзокот 40940
Луѓе тоа е моето германско шпитче.Сликано е директно во кичево пред одгледувачницата.Некако ми се бркаат расите како на сибирски самојад повеќе ме тера а понекогаш и на померианец.Инаку од среден раст шпиц е имаше и минијатурни и големки.Зедовме средно оти минијатурните се баш како померианци и многу се мали и ептен куси и бушави а средните се некако најдобри.Инаку со педигре е и на попуст го купивме.Супер примерок и ете одошто е супер,ниту еден чорап не ми е целосен.поздрав :D

Ќе си ги криеш подобро чорапите :), ќе и набавиш играчки специјални за нејзе со мириси (имаш и коски за одредени возрасти за мењање на заби) кои ќе ја тераат само нив да ги гризе и мирна глава, уживај додека порасне, тоа е најубавиот период додека го гледаш кутрето како расте. И дисциплина обавезно, немој на тој факт да забораваш без разлика колку е мило и слатко, земи во предвид дека и мајка и би го правела истото... прекрасна е :love:
 
Загубен е Лабрадор, златно-бела боја во Аеродром, околу вратот црн околувратник. Ако случајно некој нешто примети нека информира...фала ви.
 
Нешто од искуство што го научив зошто моето куче нејќеше да ја каса играчката онака карактеристично за Питбул да каса и не пушта. Причината била затнат нос поради настинка, и секогаш кога ќе ја каснеше ја пушташе за бргу време затоа што не можеше да дише на нос а устата зафатена :icon_lol:. Откако ја избркавме настинката и шлајмот од нос со по триесеттина кругови трчање со точак на паркинг секој ден сега не можам да му ја земам играчката, не пушта само со хебла и лост :icon_lol:, се зезам :icon_lol:.
 
Да не знае некој каде можам да најдам некои од овие коски ?
Линк1
Линк2
Линк3
Линк4
Или нешто слично ?
 
Ако може некој што има искуство со електрично ланче нека ми пише...

Електричен околувратник има еден мој вујко, го порача дури од Англија, за неговиот Доберман. Има повеќе функции, звук, вибрација ... за опасно не е воопшто опасно, ама кај моето куче не помага ништо :) и тоа со најголема волтажа :)
 
Колку време после третата вакцина може да се изнесува кучето надвор ?
 
Дали е можно кучето само во еден човек да гледа доминантност. Лошката ја пратив на чување во Струмица (дечко ми ја зема), но премногу ми ја разлигавија таму, луѓето многу сакаат кучиња, а мојата лигла сака да се гали и да се гушка па веднаш им ги освои срцата :).
Тоа со доминантноста го приметив на прошетката. Секој викенд кога си одам јас си ја шетам и ме слуша и оди до нога, но кога некој друг ќе го земе поводникот, лета напред и ништо не слуша.
 
Да, она тебе те гледа како Алфа и затоа те слуша, додека пак другите луѓе ги гледа на пониско ниво и затоа не ги слуша.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom