Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Jap Mak Sun

Регент
Член од
19 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
45
Фанови на Интер, сезонава мораше некогаш да се случи. Страшна е ситуацијава ама не е крај на светот, ќе дојдат подобри денови, Морати најави реконструкција и тоа со млади играчи кои ќе можат да му служат на тимот добри 5-6 години. Уверен сум дека истото и ќе го направи, пошто реконструкцијата е на некој начин почната. Оби, Фараони, Поли, Кастаигњос, Алварез, Хуан до година ќе бидат поискусни и многу подобри играчи. Ќе се врати Кутињо од позајмица, па не отфрлам ни враќање на Калдирола кој игра добро во Бреша. А од Примавера ќе се приклучат сигурно Беса, Алборно, Крисетиг, па можно е и некои други момци како Пекорини, Ливаја, Кисела,Данкан, Романо кои би имале улога како овие претходно споменатите во тековнава сезона, да се адаптираат на тимот. Ќе не засили Морати сигурно со двајца од оваа четворка Лавеци, Лукас, Хоилет и Џејмс Родригес , сите се сличен профил на играчи, а за нивна сметка ќе си заминат Форлан (Ќе загриза овде Тотенхем ) и Пацини (го бара сериозно Анчелоти во ПСЖ). Во средина како база од постарите ќе останат Гуарин, Камбијасо, Снајдер а ќе летнат Станковиќ,Мунтари и Паломбо па овде како најсерозен кандидат се споменува М'Вилја иако мислам дека треба Морати да се обиде да го земе Монтоливо (малку поголема плата и ќе игра за нас). На Кордоба, Киву, Самуел деновите им се избројани, а треба да лета и Нагатомо, иако не е лош на натпреварите со слабите екипи. Во одбрана треба еден стопер и еден лев бек, засега не сум прочитал нешто за на овие позиии, но мислам дека е најдобро тоа да бидат италијанци или играчи кои веќе имаат искуство во Сеириа А, мои фаворити се Астори од Каљари или пак Огбона од Торино за стопер , а за лев бек или враќање на Сантон или Коларов. Така да еден ваков тим на Интер би бил многу поконкретен и појак од овој во последните две години и многу перспективен во иднина со добар тренер кој игра формација 4-3-3 или 4-5-1- офанзивно. Вака би бил составот од прилика:
Голмани: Хулио Цезар, Кастелаци , Ди Џенаро
Одбрана: Лусио, Ранокиа,Хуан Калдирола, Огбона, Занети,Сантон, Мајкон, Фараони
Среден ред:Камбијасо, Гуарин, Поли, Оби, Снајдер,Алварез,Монтоливо, Крисетиг
Крила:Кутињо, Лавеци,Џејмс Родригес,Беса
Гол-играчи: Милито, Кастаигњос, Игуаин (Дестро)
Со ова ќе има шест нови играчи и тоа проверени , кои имаат од 20 до 25 години, со исклучок на Монтоливо, кој е нешто постар но далеку е од остарен, па лесно ќе може да се воиграат. Си оди само чкартот а остануваат лидерите на Интер од времето на Манчини и Мурињо за дополнување на потребното искуство .Ова е лесно изводлив тим и не би чинел многу!
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Не е можно..сабаљето помислив како сум на местото на Бранка и веднаш на Морати ќе му ги презентирав новите цели за влето а тоа да се Родриго и Нолито од бенфика..сега гледам на интер балкан шпекулација за Родриго:LOL:..дали тоа имам хиперактивни моќи:cautious:
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
1.800
Поени од реакции
1.665
huhuhu :P
--- надополнето: 16 март 2012 во 20:23 ---
Еве ви ги најважните информации.Морати размислувал за врајќање на Манчини од сити или повторно да го врати бенитез хаха овој стариов несто збудале
 

Goon

Pogback
Член од
16 март 2010
Мислења
1.848
Поени од реакции
1.480
Да поминевте повторно дуел со Баерн! :pos:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не е истиот тим од времето на Мурињо, повеќето се „потрошени“ веќе, тоа што се случи пред 2 години со истиве играчи тешко дека може уште еднаш да се случи па кој и да сака нека биде на клупа... + тогаш беа доста послаби екипите во Италијанско...
Xak ај не се мешај и биди среќен што Мурињо си отиде од Интер, да останеше со Барса и ЛШ и свемир ќе видевте годиниве... :ROFLMAO:
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
ај да манам едно бујрум после цел викенд нервози:D..против Аталанта изигравме подобро од очекувањата но немавме среќа..иначе Пацини требаше да го шутка пеналот а не Милито..но тоа е кога имаме неписмени играчи во средината сосе напад заедно не се очекува ништо повеќе од повторно нерешено..следен натпревар против Јувентус:cautious:..чуствувам 2 разлика..
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.546
Поени од реакции
4.452
Фанови на Интер, сезонава мораше некогаш да се случи. Страшна е ситуацијава ама не е крај на светот, ќе дојдат подобри денови, Морати најави реконструкција и тоа со млади играчи кои ќе можат да му служат на тимот добри 5-6 години. Уверен сум дека истото и ќе го направи, пошто реконструкцијата е на некој начин почната. Оби, Фараони, Поли, Кастаигњос, Алварез, Хуан до година ќе бидат поискусни и многу подобри играчи. Ќе се врати Кутињо од позајмица, па не отфрлам ни враќање на Калдирола кој игра добро во Бреша. А од Примавера ќе се приклучат сигурно Беса, Алборно, Крисетиг, па можно е и некои други момци како Пекорини, Ливаја, Кисела,Данкан, Романо кои би имале улога како овие претходно споменатите во тековнава сезона, да се адаптираат на тимот. Ќе не засили Морати сигурно со двајца од оваа четворка Лавеци, Лукас, Хоилет и Џејмс Родригес , сите се сличен профил на играчи, а за нивна сметка ќе си заминат Форлан (Ќе загриза овде Тотенхем ) и Пацини (го бара сериозно Анчелоти во ПСЖ). Во средина како база од постарите ќе останат Гуарин, Камбијасо, Снајдер а ќе летнат Станковиќ,Мунтари и Паломбо па овде како најсерозен кандидат се споменува М'Вилја иако мислам дека треба Морати да се обиде да го земе Монтоливо (малку поголема плата и ќе игра за нас). На Кордоба, Киву, Самуел деновите им се избројани, а треба да лета и Нагатомо, иако не е лош на натпреварите со слабите екипи. Во одбрана треба еден стопер и еден лев бек, засега не сум прочитал нешто за на овие позиии, но мислам дека е најдобро тоа да бидат италијанци или играчи кои веќе имаат искуство во Сеириа А, мои фаворити се Астори од Каљари или пак Огбона од Торино за стопер , а за лев бек или враќање на Сантон или Коларов. Така да еден ваков тим на Интер би бил многу поконкретен и појак од овој во последните две години и многу перспективен во иднина со добар тренер кој игра формација 4-3-3 или 4-5-1- офанзивно. Вака би бил составот од прилика:
Голмани: Хулио Цезар, Кастелаци , Ди Џенаро
Одбрана: Лусио, Ранокиа,Хуан Калдирола, Огбона, Занети,Сантон, Мајкон, Фараони
Среден ред:Камбијасо, Гуарин, Поли, Оби, Снајдер,Алварез,Монтоливо, Крисетиг
Крила:Кутињо, Лавеци,Џејмс Родригес,Беса
Гол-играчи: Милито, Кастаигњос, Игуаин (Дестро)
Со ова ќе има шест нови играчи и тоа проверени , кои имаат од 20 до 25 години, со исклучок на Монтоливо, кој е нешто постар но далеку е од остарен, па лесно ќе може да се воиграат. Си оди само чкартот а остануваат лидерите на Интер од времето на Манчини и Мурињо за дополнување на потребното искуство .Ова е лесно изводлив тим и не би чинел многу!
И јас сакам Астори да дојде, а овој Огбона не го знам...Чим го фалиш изгледа има нешто :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Против Јувентус Самуел нека да игра, поради 5жолти картони.
Да не има информација кога се враќа Ранокиа, или во одбрана ќе бидеме со Кордобра:facepalm:

Можно е Алварез да биде спремен за дуелот со Јувентус.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom