(Стара) Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Се ожени Вејн Руни


Голгетерот на европскиот шампион Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација, Вејн Руни се венча со долгогодишната девојка Колин Меклафин, објавија денеска медиумите од Островот.
Младиот брачен пар церемонијата на венчавање ја изврши во малото италијанско рибарско гратче Портофино, кое се наоѓа во близина на Џенова.


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед искористи што неговата репрезентација, Англија не учествува на шампионатот на Европа во Австриј и Швајцарија и го стори тоа што го најави по неуспехот на својот тим во квалификациите за континенталното првенство.
Свадбената прослава е организирана во вилата "Дурако", од 17-ти век, која им ја препорачал легендарниот поп пејач Род Стјуард, пренесуваат англиските медиуми.
За приватноста на венчавката на англискиот репрезентативец се погрижиле голем број телохранители, кои папараците ги држеле на голема дистанца од вилата.
СО СРЕЌА НЕКА МУ БИДЕ НА ЅВЕРОТ !!! mn:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Ајде, сега да се надеваме ќе игра во уште подобра форма.
Нека му е честито!
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
4.773
Поени од реакции
2.082
Ајде нека му е со среќа и во скоро време на лангиди ( мекици ) да не вика :)
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Ај со среќа да му е на Вејн Руни. Опаааааа, бај д' веј, изгледа ќе земеме некој од Рамос или Робињо. Според мене, подобро да го земеме Рамос, и така немаме уште еден саглам бек Повеќе.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.675
Поени од реакции
9.291
Ај со среќа да му е на Вејн Руни. Опаааааа, бај д' веј, изгледа ќе земеме некој од Рамос или Робињо. Според мене, подобро да го земеме Рамос, и така немаме уште еден саглам бек Повеќе.

а бе ЗИКС не разбираш дека ако си отиде само Роналдо од Мен Ју,Рамос и Робињо би прешле во Мен Ју,а со оглед дека Роналдо нема да го напушти Мен Ју тоа никогаш нема да се случи.а и да се се случи некогаш пак би зеле 2-ца квалитетни играчи


btw ај со среќа нека му е на Руни и да не чека многу нека се фати за работа.


P.S странана ти е супер направена:)
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Со среќа нека му е на мојот омилен играч!Да направи уште некое ѕверче како што е тој па да има и наследник на Олд Трафорд.Само оваа неговава, да не го разгали па да стане и Руни како Бекам.Арно рекле, чувај се од женска беља:helou:
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.630
Поени од реакции
11.230
Petrucci signing angers Roma

Првото засилување оваа сезона, детето има 16 години и го споредуваат со Тоти! Пишува дека може да заигра за првиот тим уште наредната сезона!!
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.675
Поени од реакции
9.291
Petrucci signing angers Roma

Првото засилување оваа сезона, детето има 16 години и го споредуваат со Тоти! Пишува дека може да заигра за првиот тим уште наредната сезона!!
а бе ако е толку талентиран ќе го видиме вгодина,него да не испадне како Роси.зверка невидена ќе беше сезонава во Мен Ју ама ете една глупава трансфер грешка направи Ферги и се надевам дека ќе му е и последна.
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.458
Поени од реакции
423
Еве и подетално за Petrucci

LINK

Прво засилување ова лето. Какво, такво, да се надеваме на добри моменти со него!
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Ај важно земавме нешто. 16 години е само, верувам дека ќе го биде, Ферги знае што прави.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Ајде почнавме со купување.Очекуваме и некои првотимци, не само младинци.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Добро, ама секако дека и младинци ни требаат...

Ќе победуваме и да не земеме ништо, не ни е слаб составот.
Ама сигурен сум дека ќе земеме некого, само не знам кого.
 

INVINCIBLE

MUFC
Член од
9 декември 2007
Мислења
3.458
Поени од реакции
423
Треба десен бек. И нешто друго за клупата.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
12.406
Поени од реакции
544
Е да, ни треба десен бек, тука сме најслаби.
За првиот тим доста е само тоа засилување.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom