Марш на Мирот @14:00 17 Март Школка - Градски Парк

Статус
Затворена за нови мислења.

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.994
Поени од реакции
24.434
Знам дека не ги интересира и сум налетала на такви што не ги интересира како размислувам... и сум наебала! Ама тоа не значи дека треба да се исфрустрирам до степен што ќе станам сериски убиец. Конкретно, непријатели ќе ми станат луѓето што размислуваат како нив, не и оние што се ок, ама поради некакви влијанија, ги сметате како дел од нив, а не се. Знаеш ти добро што зборувам, мубаетот со „Сите жени се курви“.
Грешно е тоа што секој кој е добар, го третирам како еднаков? Значи денес е криминал да бидеш алтруист, тогаш ти си глуп, наивен и затупен.
Е браво бе! Каде ви отиде човештилакот?

До каде сме со егото?

Супер, арно ама полицијата не си ја врши работата, не му служи на народот и не го заштитува. Политиката гадно е вмешана и ги има така добро измрсено конците, излез нема. Чаре?
Апсурд е да бараш да те заштити некој кој не те вреднува како живо суштество.
Чекај сега, прво не ми продавај финти со алтруизам кога веќе изјавуваш дека убаво би било жешките глави да се убијат меѓусебе. Така ли алтруизам ќе правиме? Нели треба цивилизирано да ги оладиме? Второ нити треба да станеш сериски убиец нити треба сите да ги третираш лошо. Ко да ние сме прости и не сме комуницирале со други народи или други религии. Да јас сум склон кон генерализции. Секогаш сум бил, многупати се имам објаснето зошто. Ако 5 на 100 луѓе од одредена група се добри не можеш да ми кажеш ти на мене-не треба да се генерализира. Не си глуп ако си алтруист кога треба. Глуп си ако си алтруист кон човек кој знаеш дека ќе ти го крцне ножот а ти подава рака демек еве другарчиња сме. А ти место во најмала да се тргнеш му идеш во пресрет. Е тоа е глупост.
 
A

AnFem

Гостин

Е ај сега... Јас давам предлог да си живееме сложно и мирно, да си бидеме солидарни, ти ми кажуваш дека сум утопист. Ок.
Убаво си кажа, алтруизмот не значи и глупост. Не сум јас како игнорантните (ако воопшто постојат тие од оваков тип), кои ако ги удриш на едниот образ, ќе ти го свртат другиот. Некој кој одамна го убил човечното во себе, повеќе не е човек, иако изгледа така. Според тоа, не можеш да бидеш алтруист према нешто што изгледа како човек, а не е.
Кога веќе постои идеја, а некој упорно оди со глава во ѕид во име на идеалите, имагинарните другарчиња и љубовта кон територијата, а при тоа е себичен и не го зема во обзир својот род, гледа само да си го оствари себичниот сон, згрозувајќи ја туѓата слобода и живот, што можам јас освен да му посакам да си го следи сонот (кој, со оглед на фактот на кој не’ научило минатото, нема убав крај)?
Ни вака ни така не ти одговара. Викаш да ги оладиме цивилизирано, а истовремено го плукаш маршов кој е еден од таквите обиди, успешен или неуспешен. Знам дека ќе врие од лицемери, не можеш да запреш некој да присуствува на јавен настан, битна е поентата и битно е што некој се труди да ги промени нештата. Знам дека едно шеткање по улица и повик за мир нема да донесе успех, напротив, треба многу повеќе труд, прашање е колку луѓето се спремни за оваков чин и колку би можеле и би сакале да одвојат време.
Ти златен да не имаш некоја идеа за цивилизирано оладување?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Значи сè на сè ова ќе биде збир на разбрани луѓе. Корист од ова освен трошење калории и музиче нема. Може да им се инатите на Сусаро и Мачорка колку сакате и пак ќе бидат во право.
 
Да утпоист си, нема аир од тоа.
Одлично, само со мала корекција. Не го убил човечното во себе, не ни стигнал до човечно во себе па да го убие. Не можеш да убиеш нешто што не постои.
Како на пример ти со твоите атеобудистичкио-анархофеминистички мисли? Твоите идеологи и твоите другарчиња кои немаат основен допир со тоа каков е човекот во суштина нити пак со реалноста. Твоето ли убав крај? Немој ни да почнувам со прашања од типот на како ти замислуваш дека функцинира човештвото и за што се залагаш ти? Тек тогаш ќе почнат смешките.
Трето во сарказам не се разбираш. Јас викам цивилизирано со цивилизирани луѓе. Со копуци-копучки. Маршов е смешка и ништо нема да постигне. Пред да направиш нешто треба да помислиш како со тоа што го правиш ја постигнуваш целта? Ако не ја постигнуваш целта или си многу глуп или има друг интерес во игра. Прочитај го на Кити постот кој се присуствува и какви педигреа имаат тие. И по втор пат, така не се менуваат нештата.
Да имам идеја. Затегнување и применување на законите поврзани со насилство. Апсење на сите орангутани што тепаат без причина, убрзување колку што може на судските постапки и казни од над 5 години со тоа што првите 6 месеци во самица да се пројдат без социјализација. За малолетните престапници бутање во малолетничките установи и војнички режим. Станување во 5 сабајле и 20 склека, местење на кревети под конец, и маршови за мир од по 20 километра убрзано темпо секој ден, и учење на почит према авторитет. Дозволена употреба на електрошокови од страна на стражрите во случај на непослушност а во екстремни ситуации самица и забрана за било каква посета од родители. Кога ќе излезат на улица после тоа да се плашат на пешачки да стапнат а не па стари лица да тепаат. За учениот книга, за Ране фраерите-ќорка.
--- надополнето: 16 март 2012 во 18:55 ---
 
Да, моето би завршило со далеку поубав крај, отколку твоево. Немој ни да почнуваш со прашања, немам ниту време, ни нерви да му објаснувам на некој кој, како што сам кажа, дошол на форум да билда его и да лечи фрустрации, затоа што освен на интернет, преку трговија со жени или певаљки во кафана, на друг начин не може да дојде до жена. Тоа ми е исто како да земам да си пукам во нога, а не сакам да си пукам бе златен. Не ми е поентата да те навредам, знаеш дека те сакам и дека сум алтруистка, само сакам отворено да ти кажам зошто не би се нафатила да ти објаснувам за моите залагања. Искрена сум према тебе, полна со љубов и разбирање и покрај генерализирањето и нечовечноста во тебе. Биди благодарен!

Целта не можеш да ја постигнеш ако не пробаш и никогаш нема да знаеш однапред дали е тој вистинскиот начин или не. Твојов метод можеби би се покажал како успешен, само ти ја правиш истата грешка(за кого-како) како што е направена преку религиите. Пробуваш да дојдеш до послушност, можеби и добрина и морал, преку влевање страв од некаков имагинарен авторитет. Ни така не сме дошле до целта. Еден ден тие луѓе ќе сфатат дека „господ“ не постои и пак ќе биде по старо. Стравот не го прави човекот свесен.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.782
Поени од реакции
11.336
Секако, утре во 15 часот тензиите ќе бидат веќе минато и гушнати под едно сонце сите ќе го чекаме дождот да не измие.
Не можеш ти на зелкар (како ментален склоп, не како професија) да му продаваш Џон Ленон филозофија и неохипицизам, пошто е зелкар. Не е ова начинот за даденава ситуација.
 
Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Не може бе еден народ заради некои нивни постапки да ги сметаме за нецивилизирано племе, а после да ги правиме потполно истите постапки. Нели тоа и нас не‘ прави племе? Или па реформулирано, нели е тоа прелицемерно?

Да расчистиме, конкретнава идеја за марш не ми се свиѓа мене, како што и се изјаснив во мојот прв пост во темава, ама да обвинувам неосновано се‘ живо и диво дека се виновници, продадени души, соросоиди, „освестени“ и да се сметам себеси за најдобар е ван секој разум.

Еве видевце од иницијативата заедно за мир:
Brace yourselves, enemies are coming! :icon_lol:
Јас мислам од денес Пеце и Енко да ги прогласиме за државни непријатели, на мир ќе повикуваат, ц ц ц ц!

Кое е цуцево од 4:57 до 5:01? Пребрзо збори неможам да го разберам.
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Not attending.
Затоа што неможем да се замислим да марширам со космополити како Артан Груби и остала тта чифча нона багра кој тепаа деца.
Затоа што ќе имам грижа на совест од тоа што ќе испаднем лицемер и да шетам покрај некој кој му посакуем да го удри метеор или да го киднапират вонземјани и да го силуат.
Ниту со некој како AnnFem .
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.994
Поени од реакции
24.434
Да, моето би завршило со далеку поубав крај, отколку твоево. Немој ни да почнуваш со прашања, немам ниту време, ни нерви да му објаснувам на некој кој, како што сам кажа, дошол на форум да билда его и да лечи фрустрации, затоа што освен на интернет, преку трговија со жени или певаљки во кафана, на друг начин не може да дојде до жена. Тоа ми е исто како да земам да си пукам во нога, а не сакам да си пукам бе златен. Не ми е поентата да те навредам, знаеш дека те сакам и дека сум алтруистка, само сакам отворено да ти кажам зошто не би се нафатила да ти објаснувам за моите залагања. Искрена сум према тебе, полна со љубов и разбирање и покрај генерализирањето и нечовечноста во тебе. Биди благодарен!

Целта не можеш да ја постигнеш ако не пробаш и никогаш нема да знаеш однапред дали е тој вистинскиот начин или не. Твојов метод можеби би се покажал како успешен, само ти ја правиш истата грешка(за кого-како) како што е направена преку религиите. Пробуваш да дојдеш до послушност, можеби и добрина и морал, преку влевање страв од некаков имагинарен авторитет. Ни така не сме дошле до целта. Еден ден тие луѓе ќе сфатат дека „господ“ не постои и пак ќе биде по старо. Стравот не го прави човекот свесен.
Да би завршило со поубав крај твоето, ама во цртаните филмови на Дизни. Во вистинскиот живот завршува како што завршува. Ти си го одбрала Дизни, сосем ок е тоа. Понатаму настапуваме со ниски ударци ама не се љутам јас :) твоите аргументи од никакви стануваат смешни не еднаш те имаат поткачено за хуморот што го застапуваш. А баш би сакал да ми објасниш за да се орасположам. И секако дека ценам што си искрена, повеќе ги сакам луѓето што ме пцујат во лице, отколку тие што ме фалат во лице а ме плукаат позади грб. А благодарен ќе бидам кога некое конкретно добро дело ќе ми направиш.

Што се тиче вториот дел од цитатот маршот е утре и ќе му ги видиме ефектите. И јас би сакал да е бајковидно како тебе и луѓето сами да станат свесни што е дебилизам а што не, и да те пречекуваат тебе со раширени раце кога ти во твојата хуманитарна мисија во Шипковица, Боговиње и Танушевци ќе го делиш Кропоткин и Рејџ Агенст д Машин. И јас сакам да биде како во Дизниленд. Ама се дур не е, луѓе ќе бидат тепани во автобус. А до тогаш само ''ќотек'' и страв му е мајката. Остави ти Господ. Пендракот, ќелиите и самиците се реални и постојат, не постојат за џабе постојат баш поради тоа што не сите луѓе се цивилизирани. И да, стравот не го прави човекот свесен. Но во отсуство на било каков покорисен метод, it gets shit done.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.947
Значи сè на сè ова ќе биде збир на разбрани луѓе. Корист од ова освен трошење калории и музиче нема. Може да им се инатите на Сусаро и Мачорка колку сакате и пак ќе бидат во право.
Ова исто ко Парадата на мирот која се одржа на 01.10.2001. Група клабери качени на камион заедно со агрегат, грамофони и звучници, и така од Веро Аеродром па до општина Центар. Ја искрено, тогаш си поминав ТоБ. Митко Пикисипи пушташе рап. Имаше еден момак што пушташе транс и еден што пушташе хаус.

Утре идам со апаратот на рамо, онака да се зезам. Можеби и ќе се запознаам со Ан Фем (длабоко во себе чувствувам дека има убаво носе и стегнато газе).

п.с. и во пост да пишам дека стојат зад се што напишаа Сусаро, Мачорка и Хелоу Кити. Лично се знам со двајцата момци од Ѓорче кои беа меѓу првите жртви. Пред некој ден и вториот од нив се разбудил од кома.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Ова исто ко Парадата на мирот која се одржа на 01.10.2001. Група клабери качени на камион заедно со агрегат, грамофони и звучници, и така од Веро Аеродром па до општина Центар. Ја искрено, тогаш си поминав ТоБ. Митко Пикисипи пушташе рап. Имаше еден момак што пушташе транс и еден што пушташе хаус.
И во Босна пред да пукне се правеа слични вакви работи.

Само што до тоа нема да дојде.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.395
Поени од реакции
16.622
Утрешниов т.н. марш нема да има ама баш никаков ефект. Ако тоа ви е причина да напраете некаква журкица у парк и да излезете од дома пеки, у спротивно празна слама млатење.
Коај ќе дојде некој албански интелектуалци, уметници и остали да организираат некаков собир за мир у Тетово, Струга, Гостивар или ајде ми ти Дебар и да видиме масовност е дури тогаш ќе може да се каже дека се мрднало од некоја мртва точка.
А не ваму, ем тепаат македонците, ем македонциве повикуваат на мир. Па и дојде време Артан Љепи да збори за мир, е значи отишол веков у неповрат.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Убава замисла на која не и е ни место ни време. На никакви преземени мерки, да се заакаш директно на ваков марш, навистина е залудно губење време!
Треба поинаку да почнат да се намалуваат тензиите. Од домовите и училиштата пред се`. Сега треба да ги искористат важните 5 минути родителите и наставниците/професорите. Освен тоа, барем поразумните млади деца, наместо да се налеваат секој ден со омраза, нека се испукаат добро со муабети во лице, а не само на интернет. Секој има познаник или другар од другата, непријателската страна. Тоа треба да се искористи и да се дебатира меѓусебно за проблемите. Ако се сака се` се може и никој не може да ме убеди дека е не е така. Кога веќе државата и институциите не се трудат да го средат овој хаос, способни сме барем до толку да можеме ние самите да си ја средиме нашата иднина!
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Малку ќотек беше требаше повеќе после маршеви за мир :icon_lol:.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom