Марш на Мирот @14:00 17 Март Школка - Градски Парк

Статус
Затворена за нови мислења.

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
17 март со почеток во 14 часот на Школка во градскиот парк е закажан „Марш на Мирот“. На маршот се добредојдени сите луѓе кои се залагаат за смирување на тензиите и подигнување на јавната свест за заеднички живот. Всушност станува збор за граѓанска иницијатива со цел да се разбуди граѓанската и човечката освестеност.
Jавноста преку маршот ќе го изнесе своето инсистирање на смирување на тензиите, живеење во општество без насилство, предрасуди и манипулации, и за живеење едни со други наместо едни покрај други.
БезПардон се придружува и ја поддржува оваа иницијатива, како и Маршот на Мирот. За тоа што ќе се случува во сабота на Школка погледнете од програмата во продолжение.
Стоп за насилството
„За сите добронамерни и освестени луѓе кои сакаат да живееме заедно во мир, да живееме едни со други а не едни покрај други, без етнички, верски, политички и идеолошки предрасуди- да маршираме заедно за мир и љубов“, ова е пораката на Граѓанското движење „Заедно за мир“.
● Манифестацијата ќе започне пред „Школка“- Градски парк, во 14:00 часот, со настап на повеќе познати музичари од Македонија, кои преку масовен настап во живо ќе изведуваат светски познати мировни химни;
● Манифестот на мирот, ќе биде прочитан од актерите: Сабина Ајрула, Висар Вишка и Билјана Беличанец;
● Во 14:30 часот, присутните граѓани ќе го започнат Маршот за мир, чиј правец на движење ќе се одвива од Градскиот парк, преку бул. Илинденска, мостот Гоце Делчев, потоа движење кон Музејот на Холокаустот до Камениот мост – симболот на заедништвото, за потоа преку Градскиот кеј, зад зградата на Владата на РМ, повторно заврши на „Школка“ во Градскиот парк.
● Настап на повеќе музичари и бендови и други форми на мировен активизам ќе се одвиваат се до 17:00 часот. Сите тие, сите ние недвосмислено ја упатуваме пораката:
Ние сме:
ЗА Мир!
ЗА живеење едни со други наместо едни покрај други!
ЗА Смирување на тензиите!
ЗА Доброто на сите луѓе!
ЗА Пријателство!
ЗА Општество без насилство!
Без предрасуди и манипулации!
Добредојдени се сите луѓе кои се залагаат за смирување на тензиите и подогнување на јавната свест за заеднички живот!
Ова е прашање на граѓанска и човечка освестеност!
Да го посадиме семето на љубовта.
Сакаме и можеме!
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
нека измаршираат малце низ автобусиве,лесно е пред школка паметен да се праиш и после со кола да се возиш ;)
Што да му прам скопјанчишта. :D

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
фала богу некој да отвори тема за ова, зашто 3 дена гледам по фејсбук реклами и си викам “зарем јас да отворам тема?... нееее...“
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.690
Поени од реакции
21.182
А што не одржат некој ваков митинг накај Бит Пазар, Чаир ... ама им прпа пошто сите ја знаат границат која не смее да се премине ... зашто таму тепаат за ништо !!! Па уште и да ги видат во група ќе помислат дека ги нападнале одма калаши ќе им извадат.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
уффффф Беличанец I don't like her -.-
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.994
Поени од реакции
24.434
Фејк енд геј. И Атран Убави ќе бил таму, така да поубаво не може да биде. Веќе го замислувам ефектот од оваа собиранка. Ќе отидат млади, ќе љокаат Горско од литро и пол и ќе дуваат трава и ќе расфрлат се наоколу и ќе си отидат дома, меѓутоа енергијата од алкохолот и дрогата аеробно ќе се пренесат низ цела држава. Што значи ако не дај Боже на космополитени како АнФем утре ако и се з'гнат едно 12-13 орки, она фино љепо ќе им го објасни концептот на Космополитен и како ние се сакаме и се гушкаме сите вери, народи и народности, тоа објаснување не само што ќе го сфатат него и ќе ги трогне и ќе гргнат во солзи и заедно ќе ја кренат на раце и во тон ќе ја запејат онаа од Шачири Бшкум мај брат, бшкум мај френд, љамини група, љамини бенд, за отпосле сложно и заедно грижејќи се за мајката природа ќе ги однесат боксирачите, шипките, синџирите и ножевите на рециклажа на метали, за да се употребат истите продуктивно во изработка на нова барокна статуа каде што двоглав орев се ракува со двоопашест лав на раскрсницата на улиците Факи Тити, Сулејман Величанствени, Дедо Иљо Малешевски и Лека Зогу. Настанот на школка телепатски ќе влезе во мозоците и ќе ги описмени и изкултивира сите, и никогаш повеќе нема да биде исто, во 57-ца, 2-ка и 12-ка кога ќе ги поминат мостовите на вардар, патниците ќе бидат дочекани со чај и слатки, а во обратната насока патниците ќе бидат дочекувани со тегла ајвар и туршија а за викенди и сарма од кисел купус.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093

Точно, во право си. Е сега кажи ти што е помизерно, цело време да се обидуваш нешто да правиш или цело време само да мрчиш без ништо да правиш?
Ни мене не ми се свиѓа нешто особено идејава, али барем е позитивна и проактивна. Проблемот во Македонија е што и после 20+ години самостојност, не се разви граѓанскиот активизам, особено како противтежа на власта, бидејќи граѓаните се тие што ја сочинуваат државата.
Али ајде македонче*, фрли се на плукање, очигледно само за тоа сме добри..

*не се однесува директно на тебе ;)
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.690
Поени од реакции
48.910
Точно, во право си. Е сега кажи ти што е помизерно, цело време да се обидуваш нешто да правиш или цело време само да мрчиш без ништо да правиш?
За мене ““правење нешто’’, се конретни предлози за подобрување на некоја ситуација.
Собирање по паркови за да ми повторува некој ““мир, соживот, мир, соживот’’ е губење време. Ја тоа го слушам 24/7 од Грујо, Али, Рикер и компанија, не ми треба да ми каже друг.

Ги ценам ликовите што стојат позади ова (Трендо, Јовковска, Русјаков) али изглеа и они влегоа во шаблонот на кобајаги-активизам што го гледаме одамна.

Единствено добро овде е ко што рече ти е добрата мисла.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.994
Поени од реакции
24.434
Точно, во право си. Е сега кажи ти што е помизерно, цело време да се обидуваш нешто да правиш или цело време само да мрчиш без ништо да правиш?
Ни мене не ми се свиѓа нешто особено идејава, али барем е позитивна и проактивна. Проблемот во Македонија е што и после 20+ години самостојност, не се разви граѓанскиот активизам, особено како противтежа на власта, бидејќи граѓаните се тие што ја сочинуваат државата.
Али ајде македонче*, фрли се на плукање, очигледно само за тоа сме добри..

*не се однесува директно на тебе ;)
Не можеш ти на зелкар (како ментален склоп, не како професија) да му продаваш Џон Ленон филозофија и неохипицизам, пошто е зелкар. Не е ова начинот за даденава ситуација. За даденава ситуација треба оној стар полициски ќотек кој сега е забранет. Алтернативно треба реорганизација на установите на малолетниците престапници и овие автобусџииве да се стрпаат внатре и да им се воведе војнички режим на секојдневие како што прават во повеќе држави во САД со вакви копуци. Исто како и кај свое дете. Ако утре задутре прави бељи треба да го подбереш а не да го носиш на некои си фестивали како Златно Славејче за да се смири.
--- надополнето: 16 март 2012 во 12:22 ---
од кај ова :)?
Така вика младиќов. http://forum.kajgana.com/threads/Македонија-внатрешни-случувања-генерална-дискусија.58910/page-230

Не гледам зошто би лажел.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom