Mass Effect 3

Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Подготвени сте за уште едно „масовно“ искуство!? А кој не е?


Како што за вината важи ставот дека колку се постари, толку се подобри, така и за компјутерските игри се смета дека колку се помасовни, толку повеќе ќе ве привлечат. Mass Effect 3 на најубав можен начин се стреми да го докаже тоа, соочувајќи ве со опасноста од исчезнување на една цела галаксија. Нормално, вие треба да го спречите тоа, но притоа внимавајте! Секоја ваша in-game одлука може дополнително да донесе позитивни, но и неочекувани последици.

Она што веднаш ќе го забележите во третиот дел од овој мега-серијал е тоа дека на приказната, заплетот и глобалните настани им се посветува далеку поголемо внимание. Вашиот херој, блиските околу вас, нации, па и цели планети се загрозени oд најновата вонземјанска закана. Доколку сте се навикнале на развивање интимни односи со некој од ликовите во игрите, адут максимално искористен од BioWare во наслови како Star Wars: Knights of the Old Republic, Jade Empire... ќе се разочарате. Но оваа игра не за џабе го носи насловот Mass Effect. Овде вашите постапки влијаат на нешто далеку помасовно, на судбината на се’ она што постои; Се’ е во ваши раце... Или барем така вие си мислите.
Самата акција (гејмплеј) наголемо потсеќа на Mass Effect 2, со тоа што некои недостатоци речиси и да не се „пипнати“. Вештачката интелигенција се’ уште е далеку од совршена, па ќе се потсетите на “рамнодушното“ и „кретенско“ однесување на вашите помошници, како и на трапавото движење на непријателите. Сепак, она што е за пофалба се самите нивоа, чиј дизајн доживеал голем напредок и бара од вас постојано да сте во движење. Доколку планирате линеарно да се „прошетате“ низ играта, движејќи се само напред и пукајќи во се’ што гледате пред вас - само најискрено ќе ви посакам среќа. Против вас имате огромна палета на побезопасни, но и крајно агресивни непријатели, кои бараат какво-такво планирање, маневрирање и труд од ваша страна. Секако, на помош ви стои огромниот избор на различни оружја, кои можете да ги појачувате посебно, или со најразновидни додатоци. Тука е и рачната борба, која исто така има доживеано мала „шминка“, но новостите во неа ќе оставам да ги откриете сами.
Не мислете дека ги заборавив толку познатите биотични и технолошки зафати на кои е способен вашиот лик. Да, и понатаму ќе ги замрзнувате, кревате во воздух, распрснувате вашите непријатели, и што ли уште не.

Во BioWare добро знаат дека на секој играч му се потребни кратки паузи помеѓу интензивните борби, па затоа вклучиле уште еден елемент со кој не’ запознаа во нивните постари игри. Доколку сакате да земете здив од сета таа вжештена атмосфера и акција, слободно прошетајте и слушнете ги интересните разговори на неутралните ликови од најразлични раси. Ќе слушнете се: од најобични трачеви, шеги, па се’ до напнати дијалози и закани. Попат земете и некоја споредна мисија, чисто за да го разбиете чувството на монотоност кое може да ве зафати во сето тоа трчкање наоколу и неправење ништо.
Импресионира и веќе споменатото влијание што го има секоја ваша одлука во минатото или моменталниот тек на настани. Во зависност од она што сте го правеле/го правите, одредени мисии може да имаат целосно различен тек, а неретко се алудира и на нешто што веќе се случило (починати ликови, пријателски односи со одредени карактери...).
Секако дека во волку масовна игра е застапено и онлајн играњето, каде заедно со уште неколку ваши пријатели или нет-познаници можете да се впуштите во уништување на бранови непријатели, притоа натпреварувајќи се кој ќе употреби поспектакуларни зафати и/или биотични методи. Тука е вклучен и познатиот RPG елемент, што ви овозможува да го унапредувате вашиот „онлајн“ лик, и да купувате разни „појачувања“ со вашите тешко-заработени кредити. Но оваа игра е толку масовна и кога ја играте сами, што мислам дека интернет-играњето е ставено во спореден план. Би згрешиле доколку помислите дека и игра на која е посветено толку многу внимание нема никакви недостатоци. Талкањето и галактичкото патување не се изведени на највисоко можно ниво и не спречуваат појава на монотонија. Веќе ја споменав и недоволно развиената вештачка интелигенција, а и „фрејмрејтот“ на моменти знае да биде доведен во прашање, особено кога борбите ќе згуснат. Тука се и оние ситни багови кои знаат да иритираат, а и камерата на моменти се однесува по малку „пијано“.

А сепак, оваа игра е толку атмосферична, толку моќна, толку добра... Веројатно забележавте дека никаде не споменувам детали околу графиката и звучната поддршка. Што да кажам, освен да ви препорачам да изгледате еден од бројните клипови на Јутјуб, по кои ќе ви стане јасно дека и на двете полиња, играта не остава простор за критика. Притоа ќе ве изненади и импресионира и со најситните детали, ќе ве плени со разновидноста на една цела галаксија... Ќе ве натера да сакате да ја спасите од претстоечкото зло, и притоа да се радувате на секоја победа, да тагувате по секој пораз и цврсто да одите чекор по чекор, да не одморите се’ до нејзиното конечно ослободување!

Оцена: 9.2
Позитивно: Цела галаксија ви е ставена на располагање, одличен причинско-последичен гејмплеј, живописни локации и средини, графичка и звучна поддршка за секоја пофалба
Негативно: Ситни багови, талкањето и патувањето на моменти знае да биде досадно, просечна вештачка интелигенција, крај што предизвика бурни реакции кај играчите

 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.782
Поени од реакции
11.336

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Мене ме разочара, искрено очекував нешто подобро ! :oops:
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
^
Што конкретно те разочара, љубопитен сум? Имаше преголеми очекувања од играта, или? :)
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Е не си, го споменав тоа во негативните карактеристики, а не знам дали знаете дека и петиција се крена за тоа BioWare да го сменат крајот. :)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Рецензијата е добра, иако јас повеќе би сакал поделена во секции и подетално, вака повеќе како најава ми личи, бар на мене. :)

Него, конкретно зашто крајот SUCKS:

Како што пишува и во рецензијата, они имаа време да вметнат секакви разговори, глупости и идиотски дијалози кои немаа допирна точка со главниот заплет (него само го прошируваат универзумот), а на крајот не можеа да одвојат барем 20 минути за детално да видиме што се случува со сите ликови.
Освен тоа, сите 3 избори на крај се сведуваа на нешто слично, а баш ако ние ја креираме приказната, требаше да има различни краеви за избирање, па секој со своето. Затоа ми мириса на експанзија ова...

Конкретно, крајот ме остави празен, а верувам и сите други...
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Го гледав трејлерот на играва пред некое време и стварно изгледа многу јака, сега си ги спуштам кецот и двојката за да ги свртам па после оваа ќе ја рокам :)
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Член од
28 декември 2011
Мислења
182
Поени од реакции
332
во споредба со предходните делови , 3ката значително подобра барем тој акционен дел
за крајот со она дете ака i am the catalyst , ни на сон не очекував дека ќе има ваков крај .

п.с видеото со гемплејот е мое :D
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Krajot ja urna vo celost prikaznata vospostavena vo kecot,imeno motivite na kosacite koi go unistuvaat napredniot organski zivotot sekoi 50 000 godini+plotholes the size of the Citadel,pravejki debil od edna dobra spejs opera.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.152
Поени од реакции
5.988
После сите критики што ги прочитав и слушнав, сериозно размислувам да не ја играм тројкава, за да не си го расипам впечатокот од првите два дела.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Добро бе, до толку е лоша играва/крајот што ORIGIN и AMAZON ги враќа парите назад на секој што не е задоволен од играва?

Ги играв претходните две, да знам барем за оваа да не ја ни почнувам... да им ја вратам на Zamunda :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom