Просечната плата во РМ мислам дека изнесуваше некаде околу 23.000 денари што значи дека тоа е една средина. Но статистика си е статистика, некој ке јаде само зелка, некој само ориз а некој само месо и на крај статистички сите тројца јаделе сарма.... Проблемот кај нас е тоа што дури и да нема никој плата под 23.000 денари пак ке биде сиромашен затоа што со 400 евра (еве нека бидат и 800 евра за брачен пар) кај нас на овие цени човек неможе да врзе крај со крај а не пак ли да живее релативно комотно, без да се грижи за тоа дали ке може да ги подмири сите сметки, да купи пристојна разновидна храна, да си купи пристојна облека и обувки, да си обезбеди греење, да си тури гориво во колата, да тркне на одморче барем до охрид, понекогаш да излезе до некој ресторант, без проблем да си плати рата од кредитот кој го подигнал за да си изгради куќичка, да прослави нешто по некој повод, да плати школарини, да отиде на доктор без проблем .... работи што се елементарни и треба да си ги дозволи и човек кој се смета за сиромашен. Доколку човек има примања да си ги подмири овие давачки пак е сиромашен но не е на работ на голата егзистенција. Според оваа најголемиот дел од луѓето во македонија спаѓаат во групата на сиромашни а од нив пак најголем процент се на работ на егзистенцијата- луѓе кои живбеат во мизерија. Е за да бидеш во средна класа треба да немаш никаков проблем во однос на горенаведените потреби и да можеш да си дозволишп и нешто повеке што би се рекло да си купиш нов автомобил и на бензинска да го полниш секогаш до горе и да возиш без да мислиш на горивото, да отидеш на одмор во некој хотел на море, да отидеш на зимување, да отидеш на козметичар, да си купиш куќа без да заглавиш во кредити, да си купиш- направиш викендичка без проблем, да не се бавташ по државни билници, да можеш нешто и да заштедиш... кај нас овие луѓе се многу ретки и сметаат за богати а не се богати... А елита е нешто сосема друго.. за тоа требаат многу пари и такви ги има многу малку... да речеме по едно десетина дваесет во секој помал град и стотина двеста во скопје....